Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Премногу наивно би било доколку е бау-бау пропуст. А и многу нелогично би било доколку поради Питер бил променет целосниот тек на настаните или само делови кои им одговараат на продуцентите.

Ако е така, тогаш ќе го видиме и другарот на Волтер, тој од Масив Дајнамикс (како ли се викаше?)?
 
William Bell :)
 
Денес ја почнав втора сезона. Серијава иако е малку претерано сајсн-фикшн сепак ми е преинтересна за гледање.
Пример, пред 2 деа изгледав 7 епизоди едно по друго. И сфатив дека сум потрошил добар дел од денот на тоа :)
 
Ех, не се форсирај. Сигурно not your cup of tea. Прва сезона се обични сај фај случаеви и ништо тешкко за гледање. Ако ова ти претставувало проблем, неќеш да знаеш што те очекува. Си изгледал само фрагмент од многу голема слика, и се' е поврзано, уште првиот случај, првата епизода со многу, многу невозможни сај фај ствари. :)
 
Во никој случај проблем. :)
 
Стигнав до третина на трета сезона. Се повеќе и повеќе станува напорно :)

Sent from my Android using Tapatalk
 
Fringe Season 3

1dc25314bf8f46f9998a289f7b9a99c52a1a67f4fringe%20s03%20new.jpg

Сликава би требало да ве заинтригира...

На Оливија (?) од лево колку и е главата непропорционално мала во споредба со телото :(
 
Се заразив со серијава упм. Стасан сум до втора сезона, 13 епизода. Сега и седнувам барем до кај 20 да стасам до сабаље :) Иначе брат ми ми рече дека 14 та епизода била врв. Иначе да ве прашам, за тие што ја имате догледано. Го задржува квалитетот серијава? Не сакав да читам коментари погоре, оти не сакам да ми го кршат филмов.
За сега, од ова што го видов, ми влегува во топ 5 серии.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Jaс прекинав пред некоја недела на трета сезона, сега ќе чекам 4та да заврши па и неа со мерак цела да ја изгледам, сега за вкусови се работи али според мене си го задржаа нивото, за некои дополнително се искомплицирале работиве ( на мое големо задоволство ) али како што приметивте тука, за разлика од Лост, Се се објаснува а и удрија потврда дека Се однапред им е испланирано , не шараат бараат и импровизираат дополнително ко со изгубениве така да thumbs up за Се она што до сега го направија.

Него за симболите што се појавуваат низ епизодите, eве што всушност се крие во тие кодови.
 
E баш се думав за тие симболите :)
 
Денес требаше да има нова епизода, ама ја одложиле поради бејзбол ?!
 
али како што приметивте тука, за разлика од Лост, Се се објаснува а и удрија потврда дека Се однапред им е испланирано

Што ти е објаснето, мене 80 посто од серијата не ми е објаснета. Само затоа што е science-y, демек Волтер преку микроскопот ќе виде и ќе објасни некоја хемиска врска не е за мене објаснување. Уште машината не им е убаво објаснета, не пак.. Оваа ја има Lost all over her (како што велиш, на мое големо задоволство :) ) И во LOST иначе тврдеа се' им било испланирано.. :)
 
80% ?! Не зезај сеа, објаснето е кој експериментира всушност во универзумот на Питер, потврда за тоа е и случајот со автобусот ( oва беше на сам старт од серијата ) што се испостави дека всушност е материја за карантин во другиот унивезум ( а ова се потврди во третата сезона, што е доказ дека знаат што прават сега за сега ), а ова е една од оние големи работи која е објаснета, ако ти текнува и алтернативниот Волтер во една ситуација кажа дека има идеално место каде ги врши своите експерименти.

За машината, објаснето е кој ја изградил и кој ги распоредил деловите на страна и како тоа го направил, објаснето е кој ги пишувал книгите, кои биле всушност '' првите луѓе '' ( сите овие објаснувања се темелат на битни работи од серијава ), зашто Волтер е скренат, од каде всушност доаѓа Бишоп во пакет со начинот на кој тоа е направено, објаснето е која е причината што Оливија е посебна, зашто се експериментирало баш врз деца, од каде доаѓаат шејпшифтерите, објаснето е како всушност алтернативниот Бишоп сватил дека неговиот син е украден од неговата алтернатива во другиот универзум и тн и тн, да не набројувам и други работи за кои имаше објаснување ...

Незнам од каде ги ископа тие цели 80%, башка, серијава сеуште трае, али дефакто далеку од тоа дека само 20% од работите се објаснети, ко што гледаш од погоре, многу повеќе од тоа е објаснето, и тоа се однесува на доста битни и големи работи.
 
Јас ќе си го букмаркирам постов, за кога ќе собираме сметката на крај да ве заебавам. :icon_lol: Истата ситуација беше и со ЛОСТ, и the others објаснија кои се, и Дарма.. на крај еј не платив јас за 20% oдговори. :icon_lol: Мене поголеми работи не ми беа јасни, овие ги имам дискутирано, јасни ми се. Интересно што на крај пак само јас ќе сум задоволен со возењето од серијата. Како ЛОСТ. :)
 
Од Lost до Fringe има светлосни години разлика, а и различни тематики се обработуваат, овде концептот е различен и сега за сега Се што беше предмет на интерес и голема мистерија е објаснето ( освен обзерверите односно нивното потекло, бидејќи и они низ серијава беа објаснети кои се и што се, односно кога се појавувале и дека можат да патуваат низ времето, знаат што следува во иднина, но и тоа ќе се среди, нека ти текне на ќелавото дете што го најдоа под земја, голема е веројатноста тоа да е мало обзерверче :) ), а сега тоа како ќе продолжи да се развива сторијата е сосем друг муабет и дали истото ќе биде прифатено добро или не, но муабетот стриктно се водеше за мистериите кои како што гледаш, скоро сите се објаснети што значи сценаристите до овој момент се движат по онаа нивна замислена линија.

Ќе те сватев да кажеше 70 до 80% од работите се објаснети, вака јок, Лост до последна сезона беше мистерија, тука веќе по 3 сезони знаеш за што всушност се работи, скоро Се е убаво исцртано.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom