Fringe

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Од Lost до Fringe има светлосни години разлика, а и различни тематики се обработуваат, овде концептот е различен и сега за сега .

Ќе те сватев да кажеше 70 до 80% од работите се објаснети, вака јок, Лост до последна сезона беше мистерија, тука веќе по 3 сезони знаеш за што всушност се работи, скоро Се е убаво исцртано.
Концептот на ЈЈ Абрамс му е ист во серии кои ги имам гледано од него.
Изгледани ми се Алиас, Лост и Флешфорвард а Фринге ја гледам четвртата сезона.
Искрено јас тотално се разочарав од човеков.
Концептот на серија со СФ (со делумно научно пткрепивање) фантазија и мистерија ми е омилен за гледање, но што досега добивавме од ЈЈ.
Прва сезона те навлекува со интересни мистични и СФ дешавки и појави кои те навлекуваат на гледање на серијата.
Втора и трета сезона за да придобие поширок спектар на публика воведува малку драма (го сака не го сака, ќе се ќарат нема да се ќарат и слично ала романтична тинејџ комедија)
Четврта и неколку следни сезони во зависност од интересот на публиката продолжува со драмата но воведува малку повеќе акција (ала акциона крими серија)
И после на крај ти дава толку банален и одбивен крај да си речеш УПМ за ова ли изгубив толку време.
Флешфорвард му ја укинаа и ај да речеме немаше крај, ама потполно истото го видов и во Алиас и во Лост.

Секоја втора епизода е така да речам ОФФ Топик (пополнување на време за да се истераат 20-на епизоди по сезона).
Во мистериите и скриените работи кои ги прикажува а ние као демек треба да си тупиме глава „што сакал да каже и зошто е некој битен“ по некое време и самиот се губи и на крај наместо одговори и објаснувања ти дава еден банален крај. Со “објаснување“ „да тоа сакав да поентирам“.

Во ниедна од сериите не објасни се до крај, демек остава на гледачите сами да си донесат заклучоци и да си дадат одговори.:tapp:
Ниедна серија му нема асален крај.:notworthy:
Престанав да се замарам со барања на одговори и сега си ги гледам епизода по епизода онака, колку да видам до кај ќе тера.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.753
Паралелата е направена стриктно со Лост, инаку Flash Forward нема никаква врска со Џеј Џеј Абрамс, не работеше он на тој серијал ( поправете ме ако грешам ).

За Fringe реков, се што се деси до сега во голема мера е објаснето, буквално скоро Се што беше мистерија од старт сега ни е познато, објаснив поназад на што се однесува ова. Серијата сеуште трае, треба одредени работи да се дообјаснат ама сега за сега, за разлика од Лост, тука ко што реков, 80% од работите се објаснети, и тоа работи врз кои и се развиваше цела серија и кои всушност бар мене ме залепија за PC за да ја гледам.

Така да за Fringe не треба да бараш одговори зашто во голема мера истите се дадени, за Лост се согласувам, се укакаа од пуста желба да импровизираат и да не одат по онаа нивна замислена линија зашто уште по 2 сезони ги открија на нет што им е планот, и нормално, се заебаа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ај да упаднам јас малку викендашки :)

После неколку месеци интензивни обиди за Инсепшн, wot успеа да ме натера да мислам дека сакам да ја изгледам Fringe. Ова по 2-3 откажувања од моја страна, никако не можев да ги протуркам првите 10 епизоди. Најмногу од причина што не сакам серии во кои секоја епизода е приказна за себе, а Fringe така делува на почетокот. Но за среќа серијата да ти имала глава и опашка. Подоцна, откако изгледав се, прочитав некои критики и забележав дека најлошите критики за серијата се напишани во 2008, на почетокот на прва сезона. На оние кои не изгубиле надеж или се допишувале со wot, им се исплати гледањето.

Мене лично првата сезона не ме импресионира многу. Премногу мистерии, малку одговори, многу неповрзани работи, и се плашев дека пак ќе се одолговлекуваат работите, а после LOST немам толку доверба за тоа. Ама втора и трета сезона навистина се топ. Посебно ми се допадна финалето на втората сезона, а и некои конкретни епизоди, во главно оние кои ги вклучуваат Набљудувачите. Имаат посебна мистериозност тие епизоди.


Значењето на знациве.

Сепак, она што е најдобро во серијата е кастингот. Одлична актерска екипа, тоа е она што многу серии го промашуваат во старт и после нема враќање. Волтер Бишоп е еден од најјаките карактери кои сум ги забележал во последно време. Астрид, Астрал, Астро, Астерикс, Аспирин... :pos: . И останатите не се лоши но Волтер е пред сите. Хуморот кој го продуцираат во дијалозите со Питер во главно, дава една позитивно чувство и ја држи серијата да не западне во мрак поради сериозноста на темите.

Сигурно дека има лоши епизоди но кога се гледа одеднаш не е многу важно, кога се чека недела за недела е малку поинаку, очекувањата се повисоки.

Ми се допаѓа и тоа што важните работи се расчистуваат брзо, знаеме за вториот универзум, знаеме кој што сака да направи, кој какви цели има и тн...

Е сега за псеудо-науката, ако почнам со барање нелогичности во можностите на Волтер, Питер и посебно Астерикс која разбира се и сешто, ќе треба кавга да прајме, ама затоа сум пишал и друг пат: на вакви серии мора да им се прогледа низ прсти за некои работи, за да не се уништи филингот.

Енивеј, серијата ми се допадна каде-каде повеќе од The Event, FlashForward и слично. Се надевам дека нема да заврши со тоа што ќе се појави Хуго и ќе ги одведе сите во светлината.

И за крај, еве ви едно набрзина склепано банерче шо ми текна да го напраам потсвесно:

kajgana-fringe.png

Ако не ви чиниТ прајте други пошо не сум тука. Односно ми е гајле.

IOsono аут.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.753
Veni post vici

p.s. Хуго го ангажираат во серијава само кога Волтер дува, што всушност и често е случај па можно е и во иднина да го видиме дебелково. :icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Добар крај на последнава, ама во глобала нешто поконкретно мора да се случи во врска со решавање на ситуацијата на Питер. Можеби крајот е вовед во нешто.

Има и еден друг момент во врска со серијава за кој сакам да отворам дискусија, поради недостаток на време, за тоа подоцна.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Освен крајот, во последнава епизода мислам дека е најслаба сезонава... Заплеткуваат се повеќе и повеќе.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Конечно Fringe се враќа вечер. Еве рекапитулација од д-р Бишоп.

 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Не знам, некако многу го тупат со долгите паузи... А и некаде читав дека серијава функционирала со големи загуби.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Fringe конечно се врати. Ова беше една од подобрите епизоди сезонава. Јасно е дека целта на оваа сезона ќе биде Питер да се врати во неговиот timeline, кој е дел од овој универзум, ама воедно и не е. Збунувачки.
Исто така, секогаш ми се интересни епизодите кога некој ќе го сретне својот „двојник“ од другиот универзум. Интересна ми беше интеракцијата помеѓу двајцата Линколнци. Најверојатно бидејќи би сакал да знам каков е VLJ во другиот универзум :confused:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Е сеа стварно незнам како ќе го решат проблемот со Питер. Кујзнае што смислил Џ.Џ. али се надевам ќе е добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom