Кога имаш 5 години стаж и фан база која не се секира за крајот на серијата, може да си дозволиш Монти Пајтон трибјути.
И Пиксар срања во боја.
На три години си дозволија мјузикл.
Не дека само ради цртаните моменти ја оценив епизодата како јака. Ми се допадна и што мрднаа напред со комплетирањето на машината. Со љубовните перипетии на Оливија и Питер, нешто што најмногу ми пречеше последните осум епизоди, замараа најмалку од било која епизода сезонава, отприлика две минути. Потврдија дека детето е она од прва сезона/ прв тајмлајн, дека чувствува некакви емоции и дека Обсерверите го доживуваат времето на поинаков начин. Исто дознавме што го предизвикало пожарот во лабораторијата. Не е тоа некоја јака мистерија која нема да ми даде да спијам ако остане нерешена, ама пак, добро е да се знае што се случило и дека Волтер не е виновен, барем не директно. Друго, убаво ми падна што се потсетија на претходните сезони преку Сем Вајс, црвената вила т.е. паралелниот универзум, жабата и морското коњче, Џин, креирањето на новиот тајмлајн. Исто, Волтер доби централно место во епизодата, за разлика од претходните кога само дремеше во Харвард. Како што имам пишано претходно, уживам во глумата на Џон Нобл.
Единствено ќе ми смета ако преобразбата на Волтер испадне за џабе, како што испадна онаа на Питер. Претпоставувам дека нема да биде така, бидејќи full brain Волтер е способен за поголем ризик и нанесување поголема штета од reduced brain Волтер, оттука и поголема способност да се победат непријателите. Би било глупо и ако Доналд ака The Man Behind the Curtain на крај испадне некој нов лик, бидејќи откривањето го развлекоа ептен.
За мене последнава епизода до сега е најдобра од петта сезона, иако сме навикнати и на подобро. Генерално сезонава ми беше малку чудна, со непотребни елементи, па затоа ми е мило кога ќе се потсетам на стандардот кој Fringe го држеше на времето.