Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Тамам да пишам дали некој друг освен мене е возбуден ради Наци-обсевери и сте пишале на темава :P
 
Oд најавиве што се, ништо чудно Џонс да работи со набљудувачиве со цел да ги уништат двата света. Изгледа и они се поделиле на лоши и добри...
 
Oд најавиве што се, ништо чудно Џонс да работи со набљудувачиве со цел да ги уништат двата света. Изгледа и они се поделиле на лоши и добри...
Не верувам, набљудувачите се само набљудувачи, не им одговара да се уништат двата света со оглед на тоа што во тој случај не би постоеле ни тие.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Од кај знаеш дека нема трет свет?
Премногу би било да воведат трет свет, кога веќе се големи шансите наредниве четири епизоди да се последни од целиот серијал. За жал.
 
Од кај знаеш дека нема трет свет?
И четврти, и петти... :)

VLJ не е за жал. некои серии треба да завршат порано за да остане добриот впечаток за нив. Ако ја продолжат Fringe се плашам дека ќе доживее фијаско.
 
Io Sono Interista Да, се согласувам дека не треба да трае вечно, бидејќи ќе снемаат идеи и ќе започнат да се мотаат во круг. Зборот ми е, ако сега ја продолжат, тоа најверојатно ќе биде само за 13 епизоди и ќе знаат дека им е последна сезона. Така ќе можат да се фокусираат на конечен крај на приказната и убаво да си испланираат што како ќе се одвива во последната сезона. Нешто како што Lost уште во трета сезона знаеја дека завршуваат во мај 2010. Не дека го многу искористија тој луксуз, ама ај да не одам оф топик.

Малку загрижува што вака не е јасно како ќе заврши, бидејќи сите епизоди се веќе снимани, а судбината на серијата виси на конец. Не знам дали е точно, ама читав дека снимиле два краја на 23-та епизода од сезонава, во зависност од тоа дали ќе ја продолжат или не.
 
За мене Фринџот заврши во трета, иако мислам дека серијата можеше да биде спектакуларна ако направена нешто како Војна помеѓу световите... ако ги видевме двојниците од едната и другата страна како се гледаат како непријатели (така и одеше приказната едно време) и сето тоа да ескалира па да почнат и да се убиваат меѓу себе... да не е јасна границата помеѓу „лошите“ и „добрите“, нешто како The Others во LOST.

А кога решија Питер да ги „смири“ световите, тука заврши неизвесноста и сега двојниците си одат на кафе и Оливија се мачи да ни долови дека е вљубена како тинејџерка во Питер, иако тоа никого не го интересира...
 
И јас бев скептичен кога заврши трета сезона зашто мислев дека четвртата ќе биде ептен без врска. За среќа не испадна така. Исто така, не сакав да има војна помеѓу универзумите, бидејќи во тој случај, сакале или нејќеле, ќе мораше да заземеме страна. Некако не ми иде за некој од нашиот или паралелниот универзум да стекнеме мислење дека е „лош’, бидејќи во принцип тоа се истите луѓе. Разликите се само во нијанси.

А ова со идењето кафе не ми пречи ич. Најверојатно бидејќи би сакал да отидам и јас на кафе или пиво кај VLJ од другиот универзум :)
 
Е не, не испадна така :) Што испадна? :)

Туку на страна тоа, и јас сум за кафе со мајселф од другата страна, ама тоа во некоја драма така, кежуал... овие ја убија акцијата и динамиката за Оливија со периката да ја направат пофина одошто навистина е. „Лошиот“ Волтернет го снема од радарот, исто и Бел.

Најдобрата работа што ја направија во LOST е што направија група 2 „the others“ и ја развлекуваа мистеријата за тоа дали тие се навистина лоши или работите не се такви како што изгледаат. Истото можеше да се направи и овде, ние ќе имавме разбирање за Волтернет и црвената Оливија кои се обидуваат да го спасат својот свет. Иако, свет во кој Ерик Штолц е главна улога во Back to the Future и U2 не постои, нема посебна потреба да опстане... :)

Во секој случај, преминот од добра sci/fi акција во романтични компликации мене не ми се погоди. Ја гледам серијата сеуште е добра само не е тоа тоа што го очекував во 4 сезона. Башка и wot со месеци ме убедуваше да гледам па нема смисла сега да откажувам кога е при крај :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Iosono, можеби и четвртава ќе беше поинтересна од третата доколку не го тупеа многу со Питер и Оливија у стил на шпански серии. Подобро би било веднаш да преминеа на следење на Џонс преку сеќавањата на Питер и Оливија и потоа негово пратење меѓу светови. Али тоа е тоа, гледаноста ептен им падна и веројатно ќе заврши со оваа сезона, освен нешто спектакуларно ако не се случи на крајот (како крајот на првата и втората сезона).

Замисли идеш кај iosonо од другиот свет и он да ти бил iosonomilanista? :)
 
Iosono, можеби и четвртава ќе беше поинтересна од третата доколку не го тупеа многу со Питер и Оливија у стил на шпански серии. Подобро би било веднаш да преминеа на следење на Џонс преку сеќавањата на Питер и Оливија и потоа негово пратење меѓу светови. Али тоа е тоа, гледаноста ептен им падна и веројатно ќе заврши со оваа сезона, освен нешто спектакуларно ако не се случи на крајот (како крајот на првата и втората сезона).

Замисли идеш кај iosonо од другиот свет и он да ти бил iosonomilanista? :)
Па тоа е тоа, затоа и падна гледаноста, не можам да ја гледам Олив како ужалена тинејџерка, т.е. си гледав Grey's Anatomy едно време за такви работи... Јас би правел со сценариото тоа што реков, ама и друга верзија е ок само да се задржеше драматиката и мистеријата...

Иначе да најдев iosonomilanista прво ќе го мачев онака полека и ќе уживав во истото... после ќе му помогнев на некој како Џонс да ги уништи џубрињата :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Нека памти Syn, дека ја памтам.. кога реков поназад кога сите бевте запрепастени од колку е добра серијава а јас ја плукав, дека на крај сите ќе ја хејтате а јас ќе ја бранам. У букмаркс ми е постот, како што реков, Syn. :) LOST all over again.

Мене 4та сезона ми е одлична, ми се допадна секоја епизода освен ежовите. Еве, последната најочигледен заплет мене не ми текна, нешто ако се деси на woltarnate и на wot да има ефект. Мислам да добијат зелено светло можат да си играт курот уште 2 сезони. Значи, овде да не читаат ќе имат идеи за филер сезона.
 
Точно е да дека замараат малку со Оливија и Питер и некои моменти изгледаат лигаво, ама не дека тоа ми пречи ептен и ми ја пореметува целата серија. Едноставно изгледа се исклучувам од таквите патетики на кои не им е местото овде.

Io Sono Interista Реков дека не испадна бидејќи мислев дека цела сезона ќе се бафтаат со Питер. Вака добро е што воведоа нови заплети - д-р Џонс, Обсерверите, можната смрт на Оливија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom