Ford доктор за Ford прашања

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Vo pintija ima dijagnostika i brisenje na greski za 300-500 denari vo zavisnost od voziloto. Vo cenata e vkluceno i butanje na km za onie sto sakaat da go *podmladat* voziloto.
:icon_mrgr:
Ne mi e namerata da pravam nekoja antikampanja, ama 1800 denara za edna minuta rabota e pa stvarno preterizam.
Абе ако се прави стручњаци,сигурно работат со лиценцирани германски програми за Форд..Така да е и не е баш мутава идејата да се отиде во овластен сервис..Сигурно програмите се оригинални,првокласни што се вика,и поточни и попрецизни од било кој маалски механичарски сервис..Ќе купат пиратски програми од Пазар3 за 5000-6000 денари,еден обичен Пентиум 2 компјутер со Видовс од 1995 година и шибај..А во овластен сервис не е така..
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

А не е така дека ти ги зимат клучевите и возач ја носи во сервис а додека чекаш пиеш кафе во кафиќ па не можеш да видиш
 
Мида Гранд Моторс

Форд Доктор
Член од
27 јануари 2011
Мислења
59
Поени од реакции
24
Vo pintija ima dijagnostika i brisenje na greski za 300-500 denari vo zavisnost od voziloto. Vo cenata e vkluceno i butanje na km za onie sto sakaat da go *podmladat* voziloto.
:icon_mrgr:
Ne mi e namerata da pravam nekoja antikampanja, ama 1800 denara za edna minuta rabota e pa stvarno preterizam.
Постојат многу видови на дијагностички уреди кои “не“ се официјални од Ford. Тоа го тврдиме бидејќи само ние располагаме со нив. Сигурно и во овој случај се работи за некој таков апарат кој сигурно “не“ може во целост да ги открие и реагира на грешките во компјутерот на возилото.
Поздрав
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
јас знам за возила кои овластените сервисери не успеале да ги средат, а некои момци кои имаат опрема и инвестирале во тоа, го средиле за 4-5 минути... тарифата им е од 300 до 1000 денари...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Кога веќе почна

На пежо 407 во авто нова да му сменат јазик на борд компјутерот,да му отворат задни излези за дечкото да си стави вуфер и да му го ресетираат борд компјутерот да не му покажува издишана гума бидејќи ставил обичен вентил му побарале 6к

Ме најде преку на пријател пријател па другар на пријател ми се јави да договориме термин,дојде кај мене за 15-20 минути му ги средив сите грешки.
Кога ме праша колку пари му реков сврти еден круг пробај ја и дојди а пари колку ќе дадеш толку.

Овластени сервиси наплаќаат 10 пати поскапо од реалното а ако те приметат дека имаш пари а не се разбираш и на суво ќе те бричат.
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Vo pintija ima dijagnostika i brisenje na greski za 300-500 denari vo zavisnost od voziloto. Vo cenata e vkluceno i butanje na km za onie sto sakaat da go *podmladat* voziloto.
:icon_mrgr:
Ne mi e namerata da pravam nekoja antikampanja, ama 1800 denara za edna minuta rabota e pa stvarno preterizam.
Одлично !! Пушти ми контакт во Порака за еден братучед кој има Голф 4 и Форд Ц макс сака да си напраи дијагностика.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Овластени сервиси наплаќаат 10 пати поскапо од реалното а ако те приметат дека имаш пари а не се разбираш и на суво ќе те бричат.
Нема врска, секако те бричат на суво без разлика дали имаш или немаш пари.
Муабетот е дека имаат ценовник кој е еднакво скап за сите.
Официјалните сервиси дерат од причина што знаат дека луѓето со нови возила за да им биде валидна гаранцијата мораат да одат кај нив.
Треба да си мутав кога ќе ти помине гаранцијата на возилото да ги користиш услугите на сервисот со цените на услугите кои ги имаат.
Овде не зборувам конкретно за сервисот од Форд бидејќи не зна како се цените на нивните услуги, туку генерализирам
Еве ако е добар нека кажи колку чини кај нив за работна рака промена на масло и филтер, воздушен филтер и поленов филтер.
Пример за оваа операција мојот механичар ми наплати 200 ден. комплетно со тоа што сам си ги купив филтрите и маслото.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Нема врска, секако те бричат на суво без разлика дали имаш или немаш пари.
Муабетот е дека имаат ценовник кој е еднакво скап за сите.
Официјалните сервиси дерат од причина што знаат дека луѓето со нови возила за да им биде валидна гаранцијата мораат да одат кај нив.
Треба да си мутав кога ќе ти помине гаранцијата на возилото да ги користиш услугите на сервисот со цените на услугите кои ги имаат.
Овде не зборувам конкретно за сервисот од Форд бидејќи не зна како се цените на нивните услуги, туку генерализирам
Еве ако е добар нека кажи колку чини кај нив за работна рака промена на масло и филтер, воздушен филтер и поленов филтер.
Пример за оваа операција мојот механичар ми наплати 200 ден. комплетно со тоа што сам си ги купив филтрите и маслото.
Многу ретко некој сервис да ти наплати спрема возилото.Повеќето сервиси наплаќаат спрема џебот на газдата на возилото.
Со брат ми имавме исти возила bmw 530d e60 од 2004 и за иста работа промена на масло,филтер за гориво,воздух,полен ресетирање компјутер мене ми наплатија околу 200 евра а на брат ми ни помалку ни повеќе точно 350 евра бидејќи неговото беше со германски таблици.
Само тогаш и никогаш повеќе возило со гаранција или без гаранција не сум однел во овластен сервис .
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
5.251
Форд Мондео MK 3(2001) 1.8i(бензинец) . До што може да е ја приметив колата дека ми е премногу трома при стискање на педалата, нешто што е проблем при претекнување. Не одговара како што треба на притискањето на педалата како да доцни после секунда, две ке почне да забрзува на големо но веднаш во моментот некако не е тоа тоа .. оние со возачко искуство ме разбираат за што зборувам.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Форд Мондео MK 3(2001) 1.8i(бензинец) . До што може да е ја приметив колата дека ми е премногу трома при стискање на педалата, нешто што е проблем при претекнување. Не одговара како што треба на притискањето на педалата како да доцни после секунда, две ке почне да забрзува на големо но веднаш во моментот некако не е тоа тоа .. оние со возачко искуство ме разбираат за што зборувам.
Работи убаво моторот?
Свеќици кога си сменил?
Вакум цревото си го проверил?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
5.251
Работи убаво моторот?
Свеќици кога си сменил?
Вакум цревото си го проверил?
Моторот е топ, е сега свеќиците ми се постари и јас се сомневав на истото до нив да не е а за вакуум цревото немам чепкано.
 
Мида Гранд Моторс

Форд Доктор
Член од
27 јануари 2011
Мислења
59
Поени од реакции
24
Форд Мондео MK 3(2001) 1.8i(бензинец) . До што може да е ја приметив колата дека ми е премногу трома при стискање на педалата, нешто што е проблем при претекнување. Не одговара како што треба на притискањето на педалата како да доцни после секунда, две ке почне да забрзува на големо но веднаш во моментот некако не е тоа тоа .. оние со возачко искуство ме разбираат за што зборувам.
Поради можноста да се работи за неколку сценарија, не би сакале да шпекулираме,најубаво е возилото да го донесете во сервис, каде што преку една проверка ќе увидиме што е проблемот.
Поздрав
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.660
Поени од реакции
38.845
Поради можноста да се работи за неколку сценарија, не би сакале да шпекулираме,најубаво е возилото да го донесете во сервис, каде што преку една проверка ќе увидиме што е проблемот.
Поздрав
Па темава нели е за прашања? Човекот има проблем, помогни му, а не дојди на сервис ќе те истрижеме ко офца и ќе ти ја поправиме колата.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Форд Мондео MK 3(2001) 1.8i(бензинец) . До што може да е ја приметив колата дека ми е премногу трома при стискање на педалата, нешто што е проблем при претекнување. Не одговара како што треба на притискањето на педалата како да доцни после секунда, две ке почне да забрзува на големо но веднаш во моментот некако не е тоа тоа .. оние со возачко искуство ме разбираат за што зборувам.
Со една ц5 го имав истиот проблем.
Ја ставивме на дијагностика и излезе дека за намалување на издувните гасови има резевраче со киселина.
Го најдовме каде е ставивме киселина и се реши проблемот.
Колата беше дизел еуро 3,најверојатно и кај тебе е истиот проблем.
Најди си на оглас некој што се занимава со дијагностика ќе ти најде каков проблем имаш.
Батали ги овие овластените сервиси постојат само да дерат а ако приметат дека не се разбираш мамето има да ти го расплачат.
Ќе те дерат на суво да ти се одмили колата и животот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom