Прва сезона дупла круна.
Купував повеќе за иднината во текот на летото. Го земав овој Нкулу, Деле Али, Ренато Санчез, Дембеле од Рен, Батшуаи (кој неприметно сум го оставил на позајмица во текот на сезоната) и некој си Софиан Буфал.
Зимата ги земав Јулиан Бранд и едно десно бекче од Лапцих, Клостерман или како и да се вика.
Во ПЛ стартував мизерно, некаде во периодот од Ноември до Јануари врзав 12-13 мечеви без пораз и полека почнав да се доближувм до врвот. Од ФА Купот КПР ме избација во 1/8 финале мислам и после цело време бев прв, ама Челзи имаа меч или два помалку, кои доколку би ги тепале ќе ги донесат пред мене. На 5 кола до крај во директен дуел со Челзи на мостот од 0-1 ми ја свртеа 3-1 и таман мислев дека толку од титулата (оти имаа поен предност и меч помалку), наредно коло изгубија 4-1 од Вотфорд и се вратив на првата позиција (со меч плус).
Наредните 3 кола ги тепавме, а заостанатиот меч го игра меѓу претпоследното и последното коло на гости со Тотенхем. Заврши 0-0, со што јас дома го торпедирав Палас во последно коло и ја освоив титулата со само еден поен пред Челзи. Ја исклучив само еднаш, и тоа кога изгубив од Норич негде на сред сезона, појма неам оти, ме изнервираа нешто оти беа последни, а ме тепаа на Олд Трафорд.
Во ЛШ стартував уште помизерно, Лион ме плесна 6-1 во првото коло и имав само 5 поени од првите 4 кола. (во глупата освен Лион бев со Гладбах и ПСВ) Во петто коло им се одмаздив на Лион совладувајќи ги 5-1, за после со 2-2 во Менхенгладбах да се пласирам како втор. Во 1/8 финале го добив Волфсбург и ептен лесно поминав, 7-1 беше вкупен резултат или така нешто, ги тепав и дома и на гости. Во 1/4 финале ми падна Бенфика која го елиминираше Баерн претходно. Првиот меч на гости уште по 20 минути имав негатива од 3-0. Мечот заврши 4-2, а на домашен ги плеснав 2-0 школски и поминав во 1/2 финале каде ме чекаше ПСЖ. 2-1 победа дома, 2-2 на гости, за финале со Челзи. Е тука мора да бидам искрен и да кажам дека ако до тука стигнав без да ја гасам, на финалето ја исклучив еднаш. xD Не сакам да губам во финале, а овие ме водеа 4-0 во 80та минута.
На преигрувањето мечот заврши 2-2, а во продолжението Депај даде гол буквално на 3 секунди до крајот и ми донесе побед од 4-3.
Сеа ме чека Европско со Англија, со 1/4 финале сум задоволен. За летото договорени ми се Тиелеманс, Денис Суарез, Коке и Закарија Бакали.