Ја започнувам 3тата сезона со Реал Овиедо во Примера и квалификации за Европа Лига. Како? Епа вака.
Ја завршив 3тата лига во Шпанија, нешто што и се очекуваше со тимот, кој беше посилен од екипите но беше неочекувано што беше без ниту 1 пораз, доста доминантно.
Одам втора сезона во втора лига и повторно успех! Промоција во Примера и тоа доста неочекувано од прва сезона, станувам шампион и повторно без ниту 1 пораз! Оваа сезона се засилив со неколку играчи, 99 посто од нив играчи без клуб и успеав да поминам екипи кои беа доста посилни од мене, кога ќе се видат тимовите.
Но оваа сезона не беше успешна само по ова. Како што спомнав, се пласирав во Европа Лига. И тоа преку купот! Успеав да стигнам до финале, и тоа преку екипи како Нумансиа, Р. Сосиедад, Севиља и големиот, прескап и шампион во таа сезона - Реал Мадрид!
Во финалето, како што се гледа, се сретнав во Барселона и тие поштено ме згазија и мојата авантура во купот, заврши во финале. Барселона победи во Примера, директен пласман во ЛШ и со пласманот во финале, Р. Овиедо се пласираше во Лига Европа.
Тимот не ми е фантастичен, тешко и да знаете некој од нив. Ману Бусто ми е машина за голови и најдобар играч во тимот. Рибас е голманиште, го земав како слободен играч во првата сезона и сеуште никој не може да го тргне од голот. Сантиаго Гарсиа, исто слободен играч, порано играл во Палермо, но кога дојде во мојот тим, стана профи лев бек со многу асистенции. Lequi, капитенот, е најдобар централен бек во тимот а Олегер, игра како во најдобрите денови во Барселона. Аитор Санз е приказна за себе, играч кој игра многу сезони пред тоа во Р. Овиедо, и стварно не заслужуваше да биде во тим во толку ниска лига. Круно Иванчич го земав од Д. Загреб и како 19 год. играч - стварно е одличен. Другите се горе, доле просечни играчи но ми играат добро во тимот и иако не се од калибарот на играчи од Примера - не би ги сменил.
Сега идеме во Примера, условот ми е да опстанам во лигата, во Лига Европа сум 1 коло пред групната фаза, па ќе видиме понатаму.