FlashForward

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Our experiment killed 20 million people...
:vozbud:
 
Добар е Чарли. Него, како по дефулт, јак почеток и крај!
И сакам некој да умре. Освен кинези.
 
Тешко оди. Не напредува како што треба. Само се жалам... :)

Сериозно, додека ја гледав последнава мислев да се откажам од понатамошно замарање. Ама на крај ми пуштија една од омилените песнички, ма да не во оригинал. Ебате серијата кога ја гледам заради музиката. Досега само Grey's Anatomy ме има навлечено заради саундтракот. Кога сме тука, Flashforward има еден куп песни кои апсолутно не одговараат на сцените кои се случуваат. Ама како и да е:

Убаво рече некој, добар почеток и добар крај. Инаку тапа. Не е возбудлива како што очекував. Ќе и дадам уште шанса - две.

А кога сме кај работите кои нервираат, имам едно прашање: зошто главниот актер постојано шепоти? Не го научиле да зборува кога бил мал? Знам ја дека заради акустични ефекти некогаш треба така мистериозно да се подшепне, ама овој скрос се заборавил. На пример, седат сами во соба со жена му, таа зборува, тој шепоти. Ај пробајте да шепотите така како него во секојдневните разговори чисто да видите за колку време ќе ве прогласат за нетокму... Чисто како предлог :pos2:
 
Ех мене лично ми беше добра ова епизода, кога ќе споредам со последните две...ова каде каде беше поинтересна :)
 
Од сабота 14 ноември и на македонскиот сателитски санал АXN, кои нашите гледачи може да го гледаат на Макс ТВ.

„П О Г Л Е Д во И Д Н И Н А Т А“

 
Добра епизода, штета за црнецот...
 
Пааааа... мораше некој да покаже дека иднината може да се менува :) Сепак добра епизода и малце збунувачки на крај... дали ќерка му стварно се појавува, или тој почнува да полудува :raz:
 
Последнава епизода извади рејтинг од 2.6 што е ужасен пад. Со ваков рејтинг практично да нема шанси за втора сезона, а уште еден ваков пад како овој неделава миже н и оваа да не ја догледаме до крај.
 
Пааааа... мораше некој да покаже дека иднината може да се менува :) Сепак добра епизода и малце збунувачки на крај... дали ќерка му стварно се појавува, или тој почнува да полудува :raz:

Епизодава беше доказ дека иднинате може да се смени, или, ипак да се оствари ко во визијата.

Сепак, интересно е што девојката на Димитри го видела него во визијата. Има алтернатива, а тоа го покажа Ал, секако на невкусен начин.
 
Кога ја покажуваа визијата на девојката, ниту еднаш не го покажаа ликот на машкото, па не можеме да кажеме дека тоа беше Димитри. Што се однесува до рејтинзите на оваа епизода стварно не ми е јасно зашто се толку слаби, јас мислам дека после пилот епизодата, оваа епизода беше најдобра.
 
Ова беше епизодата каде што серијата ги исполни моите исчекувања за следење понатаму... на иста рамнина со пилотот ја ставам :pipi:

Инаку прејако е промото на македонската АXN :

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА од 14 ноември... јуј :kesa:
 
Крајот беше LOL, баш си мислев сеа ќерка му ќе му излета :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom