FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Од лошо на полошо идеме, лелеее. :гик:
Мислев Андора нема да ја гледаме, али ај... :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Немам воопшто слободно време за филм да чекам да се слези. Пред спиење гледам глупави комедии за да ме заспијат. Се надевам ќе најдам време за да изгледам нешто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Од лошо на полошо идеме, лелеее. :гик:
Мислев Андора нема да ја гледаме, али ај... :)
Јас ги проверив сите 11 наслови на 3 различни тракери, не најдов ни еден филм. Ако најдете некој некаде, кажувајте.

Од лошо на полошо идеме, лелеее. :гик:
Ајде, па следното е од најлошо (најмало) на најголемо! ;)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
И ја го најдов тој Le Blizzard на Youtube.
Таман 11 мин, да ја решиме Андора што е можно побрзо. :D
Автоматски споено мислење:

Андора
#49. Le Blizzard (2019)


Краток филм од 11 минути во кој мајка ја бара својата ќерка низ шума покриена со снег.
ИМДБ сугерира дека е сместен во време на Втора Светска Војна, ама ја нигде не видов такво нешто во самиот филм и тоа што некои од луѓето во шумата носеа од тие старите пушки берданки не може да е единствен показател дека е сместен во тоа време.

Глума мех, приказна мех.

Оцена 1/10.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас ги проверив сите 11 наслови на 3 различни тракери, не најдов ни еден филм. Ако најдете некој некаде, кажувајте.
Изгледа најарно ќе е да не ги најдете :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ај еден период што немав време, туку и следам, сè некои никакви филмови, ставате лоши оценки, не ми се ни отвора да ги гледам. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Le Blizzard (2019)

Не ја сфаќам јас поентата на кратките филмови, што и како можеш да пренесеш на видео од 10тина минути, не знам. Освен ако не станува збор за режисерско деби, експеримент и слично.
Небитно.

Тука станува збор за една жена што се буди од кома у шума, околу неа снег, иде ја бара ќерка, па се појавуваат други ликови ранети, крвави што значи дека е од време на некоја војна. Имаше еден германски војник што носеше униформа од ВВ2 и возеше таква кола.
Филмов завршува како што почнува со што режисерот сака да ни го пренесе хоророт без крај што што го доживува мајката чие дете го нема. Као вечна потрага по изгубеното дете.
Океј е вака, не беше кујзне колку лошо.

Оценка ајде нека добие една 4ка.

Многу лоша оваа Андора, ќорав филм немаат, на страна тоа што па и не постојат низ интернетов и тие малку што ги снимиле.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Само @Filip Telford и @Shawn Spencer на кратко беа до Андора. По 10 минути. Јас не им се придружив, а ниту некој од останатите: @devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Keyser , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Варвара , @Agda Beata и @Jon The Snow .

Само 2 кратки филма изгледани, со просечна 2,5, најниска на патувањево.

Конечно, по 3 недели заглавени во мали држави, одиме во поголема (поточно - со најголемата), и со поголема кинематографија:


Russia.jpg

27. РУСИЈА 26.11-02.12.2022

Бидејќи повторно се работи за држава од која има што да се види, мој предлог е да останеме 2 недели во Москва. Секако, ако уште барем двајца се согласуваат подолу.

Некои листи:

1000+ Quintessential Movies that were made in Russian Empire, USSR and Russia
Russian and Soviet Cinema Catalog
Top 100 USSR/Russia/etc Films - SCFZ Poll
Russian submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
Soviet submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
New Russian Cinema (1992-2021)

и една интересна листа каква што сме немале до сега, па ако некој сака да си игра малку (иако за жал не е довршена):

if you like (Popular Not-Russian movie) watch (Russian/Soviet movie) + where to watch them

Наслаждатьсја!
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Може и тука 2 недели не е проблем што се однесува до мене.
Има Светско првенство па се скратува слободното време за гледање филм.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Можи и оваа две недели, имам неколку, се надевам барем два дека ќе изгледам, ама се согласувам, светско има сепак.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.463
Поени од реакции
3.601
Ова ќе беше поуспешно да дававме предлози за филмови пред да се почне, вака на листите се некои праисториски ставаат, треба да се бара добар.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Ова ќе беше поуспешно да дававме предлози за филмови пред да се почне, вака на листите се некои праисториски ставаат, треба да се бара добар.
Јас се обидувам најчесто да дадам и мои предлози, особено за државите од каде сум гледал повеќе филмови. Не е проблем, пишувајте предлози доколку имате. Инаку, листите можат да се групираат како ти душа сака. Пр. ја отвораш листата и одиш:
Sort by > Average Rating > Highest First
Или
Sort by > Release Date > Newest First
Многу е лесно за манипулација со листите, затоа и ги ставам.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ова ќе беше поуспешно да дававме предлози за филмови пред да се почне, вака на листите се некои праисториски ставаат, треба да се бара добар.
Ја идам на имдб, ја одбирам државата, после на листата од филмови на sort by идам number of votes, таму стискаш 2 пати за да од број 1 ти ги рангира филмовите што имаат најмногу гласови.
Чим има најмногу гласови, значи е највеќе гледан и секако уз тоа ја пратам и оценката.

Ако сакаш летербокс, имаш опција ко што ти ја кажа Злате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom