FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Philomena (2013)


Вистинска приказна за Филомена Ли и нејзината потрага по изгубениот син кого пред 50 години католичките калуѓерки од едно место за млади самохрани трудници во Ирска, го продале на американско семејство.

Одличен микс на хумор и трагедија, краток, без филозифирање, поентата и темата е тука, не кружи и не форсира. Обично ваквите филмови знаат да ги напраат 2 ипол саати.
Саат и 40 минути трае и се гледа во еден здив.

Трагична е приказната, ама британците го имаат тој специфичен хумор што одговара и за вакви ситуации, те релаксира во одредени моменти, па после чувствуваш гнев, па пак малце смеа, па солзи и ќе заврши филмот.

Супер хемија имаше помеѓу Џуди Денч и Стив Купер.

Атеизам вс. религија. Ако ти удрат шамар, сврти го и другиот образ... да си прашам кур.
Нека идат у пичку матер сите религиозни секташи.

Има ли бе еден филм каде ќе бидат спомнати попови, сестри, свештеници а истите да не ги прават најгнасните работи што човек може да ги направи. Ја не памтам еден.
Чим ќе видиш свештеник или калуѓерка у филм, знај дека ќе се дешаваат срања за да му се згади на човек. Поготово па за некои вистински приказни каде се умешани истите психопати.

9ка добива филмов.

Во текот на денов би требало да изгледам уште еден филм, а од утре до следната сабота вечер, нема да имам можност за гледање филмови. Па ако остане Ирска до петок, ондак ќе ја остаам со 2 филма.

едит: Па не бил ирски овој бе... освен што Филомена е ирка и приказната е од таму. Продукциски е од Англија.
Ако се рачуна океј, ако не јеби га.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.918
Поени од реакции
25.324
Room



Злате, другпат дај некакво предупредување за емотивни слабаци како мене. :)

Киднапирана жена живее седум години во заложништво заедно со нејзиниот петгодишен син. Киндаперот доаѓа во посета навечер, кога момчето спие, си ги задоволува потребите со жената и си заминува(факинг Фрицл!). Жената го занемарува фактот дека киднаперот е биолошки татко на детето, си го чува и си го сака најмногу на свет. Конечно среќата им се насмевнува и мајката и детето успеваат да избегаат, но потоа мораат да се соочат со светот надвор од собата, надворешните проблеми и уште полошо, соочување со траумите кои се создале поради киднапирањето.

Предобар филм, 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Room



Злате, другпат дај некакво предупредување за емотивни слабаци како мене. :)

Киднапирана жена живее седум години во заложништво заедно со нејзиниот петгодишен син. Киндаперот доаѓа во посета навечер, кога момчето спие, си ги задоволува потребите со жената и си заминува(факинг Фрицл!). Жената го занемарува фактот дека киднаперот е биолошки татко на детето, си го чува и си го сака најмногу на свет. Конечно среќата им се насмевнува и мајката и детето успеваат да избегаат, но потоа мораат да се соочат со светот надвор од собата, надворешните проблеми и уште полошо, соочување со траумите кои се создале поради киднапирањето.

Предобар филм, 10/10.
Знаев дека ќе ти се допадне, знаев, знаев! :love:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Wind that Shakes the Barley (2006)


1920та година, Ирска, тлее национализмот на ирците и нивната желба за независност од Обединетото Кралство. Двајца браќа, едниот доктор, другиот важен член а можда и основач на ИРА.
Докторот првично не е толку убеден у оваа герилска организација за независна Ирска но по две блиски сведоштва на ужасното однесување на британската војска, сепак одлучува да се приклучи на ИРА. Ја ослободуваат Ирска и одеднаш двајцата браќа се наоѓаат на спротивставени страни во граѓанската војна во Република Ирска.

Не сум толку многу запознаен со ирската историја, иам некое оскудно познавање а за филмов треба малце повеќе да знаеш. Требаше на пола филм да отварам интернет и да читам што значат тие поделби на самите ирци. Едните се за тотална независност, другите се за независност ама под команта на британската војска.

Ова е филм со најголема заработка во Ирска, режисер е Кен Лоуч (I, Daniel Blake, има милиони филмови, ама тоа кога ќе дојде Англија на тапет тука), англичанец и ова е негов најуспешен филм на бокс офисот.
Си газат ирците со национализмот и хејтот кон Кралството.

Ги поштувам ја многу, обожавам да слушам како зборат и затоа сакам што е можно повеќе нивни филмови да изгледам.

За овој, 7ца.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Siege of Jadotville (2016)

Решив Ирска да ја започнам со најлесниот филм. Воено-историско акционен филм, што освен битките нема ништо посебно во него. Се работи за многу интересен период од Афричката антиколонијална борба, ама филмов апсолутно никако не те внесува во неа, колку е крвава и што е крајната цел, едноставно се грижиш само за војнициве што не по своја вина заглавија под опсада. Емоционален набој скоро и да немаше филмов, а некои битни настани ептен млако беа претставени.
Мислам дека Марк Стронг во секој филм има исти лик. Сеуште не можам да го сфатам за озбилно Џејми Дорнан после Fifty shades of gray.
Доколку ви се гледа филм за единица под опсада базирана врз вистински настан, ви го препорачувам Zulu.
Му давам 7/10, најмногу затоа што не ми беше досаден и акциониот дел ми беше ок.

Сеуште чекам филм од Нетфликс што ќе биде нешто посебно, everything is just a copy, of a copy, of a copy.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.815
23. Ирска

In the Name of the Father (1993)

Гери (Даниел) неправедно обвинет за терористички напад. Во текот на целиот филм се обидува да го докаже спротивното. Нема потреба да раскажувам, голем број од вас го имаат изгледано. Прееедобра глума и сценарио.

4,5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
57. Once (2007)

1666549150764.png

Филмчево ми стои на хард диск повеќе од 5 години можеби, уште од времето кога се обидувавме со 5X предизвикот, и кога чинам @Corvus имаше предложено тема - ромком-и. Не знам зошто не сум го гледал тогаш, сигурно е подобро од 90% од филмовите кои сум ги гледал во тој предизвик. Знаев дека е инди ромком филмче, знаев дека е поврзано со музика, и толку. Ама ме чекаа неколку изненадувања: прво, кога го пуштив и видов дека главната женска улога е Маркета Ирглова (знаете дека сум голем фан на исландската музичка сцена, а Маркета е пејачка/текстописец/автор која е доста популарен музичар во Исланд. Инаку станува збор за чешка пејачка која е мажена и има семејство на Исланд каде живее и твори). Второто изненадување беше кога видов дека Џон Керни е режисер на филмов (го знаеме по Sing Street). И третото, на крај, кога го оценував филмот, ја отворам неговата IMDB страница и гледам: Won 1 Oscar. Искрено - немав поим! Во 2007 Маркета и главниот актер, ирскиот музичар Глен Хансард зеле Оскар за најдобра оригинална филмска песна за Falling Slowly.


Сега за филмот: прекрасна атмосфера, преубава хемија помеѓу актерите и одлична изведба, од обајцата, иако не им е тоа примарна професија. Навистина убаво филмче во кое уживав во секоја секунда, комплетно во се. Музиката, секако, преубава. Приказната едноставна, но топла, за раѓањето на една невозможна љубов, за 2 soulmates кои не можат да ги спојат своите срца, но успеаја да создадат уметност. Крајот - bittersweet, и искрено навивав да има холивудски крај:

да се врати типот, да ја гушне и да останат заедно засекогаш, што за жал (или за среќа) не го добив

но добив умешно спакувано мало ремек-дело кое ќе остане во сеќавање. 9/10 само заради shaky камерата, инаку би имало чиста десетка. И препорака за сите!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Периодов гледав некои интервјуа со Мирко Крокоп, и баш наидов на документарецов на листата за гледање. А, и најбрзо се симна од сите ирски кои почнав да ги спуштам.

IMDb: : Conor McGregor: Notorious
https://www.imdb.com/title/tt7518466/

Што да се пишува. Документарец за УФЦ борецот Конор Мекрегор сниман низ 4 години.

Добар.

7/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Hunger (2008)

Уште еден историски филм од/за Ирска дојде на ред. Прв што го гледам од Steve McQueen (режисерот, не овој што ми е на аватар. Дејството е за третманот на затворениците од ИРА кои се борат за политички права во британските затвори. На кратко, ги третираат подолу од инсекти. Сеуште не ми е јасно како ова не беше третирано како граѓанска војна во Северна Ирска, туку едноставно како "Немири".
Мајкл Фасбендер си е одличен во филмов, особено во дијалогот со Сер Давос, иако друго нема што да глуми освен да биде третиран како животно.
Тежок филм.
7/10.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
The hole in the ground (2019)

Овој период од годината сакам лесни хорорчиња, чие дејствие се одвива во некое мало градче или на работ на цивилизацијата.

Дејството на филмот се одвива во рурална Ирска, во изолиран шумски предел, каде Сара, самохрана мајка, живее со својот син, Крис.

Во првите 40 минути не видовме скоро па апсолутно ништо, преспоро развивање на приказната, дијалози меѓу мајката и синот, а целта, претпоставувам, е прикажување на нивниот меѓусебен однос и прикажување на секојдневните навики и карактерот на Крис кој постепено, низ филмот, се менува. Таа негова промена, фрла сомнеж кај Сара дека всушност тоа не е нејзиниот син, а клучот на мистеријата кој е тој лежи во една голема дупка во шумата, во непосредна близина на нивната куќа.

Околу критичкиот дел, фалеше извесна длабочина на приказната и поголема драматичност, посебно на делот кога мајката разговараше со сопругот на бабата за она што пред децении поминувале со нивниот син. Дали тоа ќе ја расипеше приказната? Не, веќе истото наративно го слушнавме.

Дури ни на самиот крај, како што има во најголемиот дел од филмовите од овој жарн, нема оставено ни грам простор за сомнеж, ако не за детето, тогаш за мајката. Не е оставено простор за втор дел, кој верувам, дека никогаш не би го гледал.

Многу сличен филм на The new daughter, само тој филм има поинтересна и подлабока приказна, повеќе напнатост, мистерија, драма и што е најбитно, повеќе хорор.

Ако мора да издвојам нешто позитивно, тоа беше музиката која даваше напнатост и драматичност и во ненапнатите и крајно недраматичните сцени.

4/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.815
23. Ирска

The Crying Game (1992)

Членови на IRA, со цел размена на заложници, заробуваат војник. Задача да го надгледува затвореникот добива Фергус, човек кој се разликува од останатите негови колеги. Во периодот кога затвореникот и Фергус се заедно тие успеваат да се зближат и да создадат врска, која со сигурност, не е нормална за еден заложник и неговиот киднапер. Ај доста до тука, да не ви го расипам филмот.
Почетокот беше многу добар, црнецот ми даваше некој добар вајб. Амааа.. како течеше филмот, јас останував се повише разочаран.



3,5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Once (2007)


Све, све ама коа ќе видам дека маж плаче и квичи по девојка која го варала и оставила а овој све ќе напраи за да ја врати, ми се повраќа. И одма тука одјебувам секаква подршка или сочувство према истиот.

Очигледно намерата на режисерот а и пејачов е да промовираат песна, а не филм, пошто сценариски беше тежок крш и аматеризам. Ко да гледав некој тв документарец или како и да се викаат тие што ги даваа на телевизија кај нас порано.
Ликовиве иако не се актери, добро си ја завршија работата, проблем беше сценариото, никакви дијалози, глупи сцени. Боље да продужеа уште 20-25 минути со поубаво и покомплетно сценарио него вака.

Музиката беше добра стварно, убава беше песната, а и другите што ги потпевнуваа беа интересни.
Му честитам на 23те милиони евра ќар на режисеров само затоа што пејачов е талентиран и успеал да напише песна која станала популарна и добила Оскар.

Преку сила 6ка.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Commitments (1991)

Irish are the blacks of Europe, Dublin is the black of Ireland, and Northside is the black of Dublin.

Од Алан Паркер ги имам изгледано одличните Mississippi Burning, Angel Heart и според мене просечниот но култен Midnight express, па сум го ставил од одамна филмов на watchlist само поради високите оцени. Воопшто не ни знаев дека е ирски, дека се одвива во Ирска или што е дејството па добив одлична шанса сега да го изгледам.
Забавен филм пред се, воопшто не заморува и е се гледа без проблем. Дејството е за бенд кој свири soul музика т.е. ќе го носи soul-от назад во Ирска. Буквално собрани од улица но сите членови на бендот се одлични музичари или стануваат со тек на време. Нивните тотално различни карактери и постојаните комични кавги помеѓу себе му создаваат само главоболки на нивниот менаџер, нашиот протагонист.
Забележав дека на повеќето глумци од бендот ова им е единствен филм, што е многу интересно, затоа што беа одлични за нивните улоги.
Забавно беше тоа што имаше музика постојано, и тоа квалитетна музика.
Им го препорачувам на сите што сакаат да гледаат филмови од ваков тип или особено британски (Ирска не е во UK, ама влијанието врз животот се чувствува низ филмот.
Од мене добива 7,8/10.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Ирска
#46.
An Cailín Ciúin / Тивкото девојче (2022)



Годинешен претставник за Оскар на Ирска. Годинава мислам први објавија кој филм го праќаат и ова беше прв филм што излезе на торент од категоријава и досега е четврти највисоко оценет филм од поднесените со голема шанса да влезе на скратена листа.

Филмов комотно можеше да биде снимен и во Македонија да не летаа нашиве режисери со измислување топла вода, али зошто би снимал некој нискобуџетен филм ако може да лапне парица за глупости.

Нејсе, во филмов се работи за Каит, 9 годишно девојче од сиромашно семејство со цела сурија деца. Мислам дека беа 5 и 6то на пат. Каит е повлечено, тивко девојче, скоро и да не зборува, само кога ќе ја прашаат нешто, а кога зборува е ептен тивка. Се гледа дека има одреден страв и од родителите и од сестрите и од наставниците и соучениците.
Нејзините ја праќаат да живее некое време кај далечни роднини и таму девојчето гледа дека не е и не треба да е сѐ така страшно…

Девојчево што ја глумеше главната улога си одигра доста добро, приказната иако беше бавна, ми беше реално доловена и држеше внимание до крај. Ако добро разбрав од најавната шпица ова е адаптација на роман, го немам читано да знам колку верно го следи, ама досега од 8-9 филма што сум изгледал од поднесениве за Оскар овој најмногу ми се бендиса.

Оцената нека биде 4/5, чисто ради тоа што останаа некои прашања нејасни околу детево.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom