- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.165
- Поени од реакции
- 10.130
Русија
#50. Калашников (2020)
Биографски филм за креаторот на веројатно најпознатото и најкористеното оружје во светот AK-47 или Калашников.
Втора светска војна 1941 година, Калашников како тенкист е погоден во борба и не може да се врати по заздравувањето па работи на оружје за руската армија. Малку војна, па драма, па мелодрама и тоа е.
Ништо нема да испуштите и да не го гледате. Му ставив онака просек оцена 3/5 пошто имаше фини сцени, а не е некој феноменален филм.
#51. Остров (2006)
За филмов не знам што да кажам и 2-3 дена се мислев што оцена да му ставам. Го следиме отец Анатолиј кој живее на еден остров со неколкумина монаси и додека луѓето од копното веруваат дека има натприродни моќи и доаѓаат кај него за исцелување, егзорцизам и сл., тој се на мајтап си игра и со луѓето и со другите попови на островот.
Ми се свиѓаше сцената кај што му ги запали чизмите и душекот на старешината, сакајќи да му покаже дека не треба да се врзува толку за материјалните нешта зашто сите сме дошле голи и боси и такви ќе отидеме. Не сфатив зошто го тролаше постојано младиот поп, ниту шегата за Каин и Абел. За да се сфати остатокот ваљда ќе треба човек повеќе да е запознаен со религијата или да мисли, а периодов психички сум ептен уморен, па нек иде просек оцена 3/5.
#52. Хармс (2017)
Изгледан само зашто Македонија има финансиско учество. Биографски филм за рускиот писател Данил Хармс. Непознато име во литературата, освен ако си ептен углибан у тој круг на откривање не толку познати автори. (кај нас имаше издадена некоја книга од страна на Темплум).
Инаку за Хармс прв пат слушнав преку театарска претстава, а не книга. Некој српски театар (мислам Крагуевац или Ниш) имаше гостување у МНТ пред 5-6 години со претстава наречена Хармс. Режисер беше еден битолчанец Ангелчо и имаше направено интересна претстава реално. После тоа и во Театар Комедија имаа Случајот Хармс што случајно испадна и неа да ја гледам (скоро иста содржински со српската) и сега да ја завршам со трето дело за писателов.
Филмов ништо посебно. Не ме привлече од сам старт, ми беше досаден и бесмислен во 99% од времето. Стандард ко сите писатели од тој период деновите ги минувал во пијанчење, пишување и денгубење. Никој нејќе да му ги објави кратките приказни што ги пишува. И на крајот само исчезнува. На крајот од филмот оди текст дека е уапсен, ама локацијата каде е однесен и датумот на смртта не е познат. Од српската претстава ми има останато у сеќавање дека покрај приказните пишувал и поезија за деца, али во неговите дела полицијата „открила“ антидржавни пораки и го снемало еден ден.
Оцена 2/5.

Последно уредено: