FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.463
Поени од реакции
3.601
Јас се обидувам најчесто да дадам и мои предлози, особено за државите од каде сум гледал повеќе филмови. Не е проблем, пишувајте предлози доколку имате. Инаку, листите можат да се групираат како ти душа сака. Пр. ја отвораш листата и одиш:
Sort by > Average Rating > Highest First
Или
Sort by > Release Date > Newest First
Многу е лесно за манипулација со листите, затоа и ги ставам.
Рејтингот на лб е небитен :D И јас вака гледав, кога гледав. Поентата ми беше дека и поинтерактивно ќе беше.
Автоматски споено мислење:

Ја идам на имдб, ја одбирам државата, после на листата од филмови на sort by идам number of votes, таму стискаш 2 пати за да од број 1 ти ги рангира филмовите што имаат најмногу гласови.
Чим има најмногу гласови, значи е највеќе гледан и секако уз тоа ја пратам и оценката.

Ако сакаш летербокс, имаш опција ко што ти ја кажа Злате.
Јас ко Злате правев се умрени црно бели ми даваше.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Еве тоа што сум гледал и оценил со оцена од 3.5/5 и повисока.

1. Loveless (2017) - 4/5
(Семејна драма, доста споро дејство што не би рекол дека е за секој)
2. Dear Comrades (2020) - 4/5
Рускиот за Оскар од 2020 што ептен ме бендиса, иако хејтам црнобели.
3. Ivan Vasilyevich Changes His Profession (1973) - 4/5
(Комедија што ја гледав на Youtube со англиски превод)
4. Coma (2019) -3.5/5
Научнофантастичен со Милош Биковиќ во една од главните улоги. Ми се свиѓаше филмов, плус визуелно одличен, што не е случај со руските филмови.
5. Balkan line (2019) - 3.5/5
Руско-српска акција за време на бомбирањето во Србија.
6. The Last Frontier (2020) - 3.5/5
Воен филм за подолските кадети во Втора светска. Можда имаше клише моменти, али ме бендиса.
Сум гледал уште некои, али или ми биле лоши или не се сеќавам што се дешавало во нив за да ги препорачам.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Еве ме мене со изгледан руски филм, сестра ми ми го препорачува одамна, ете сега и ќе придонесам со него овде (го гледав на Youtube со англиски превод):

The Irony of Fate

Главниот заплет се случува поради тоа што во Советска Русија зградите се ист тип, мебелот по дома е тој, еден вид може да се купи, а и имињата на улиците во Москва и Ленинград се исти. Така, главниот јунак се буди од пијанството на аеродром во Москва, мислејќи дека стигнал дома во Ленинград, зема такси и си оди на својата адреса: иста зграда, влегува дома, ист мебел, иако во друг град. Во тој стан живее девојка која го чека дечкото да слават Нова година, и тука започнува хуморот и интересното.

Малку долг филмот (3 часа, поделен во два дела), можеле да скратат некои делови, ама сè на сè е интересен, и според случките и заплетот, веројатно никаде на друго место не може да се случи освен во Русија. :)

Една оценка помалку дека непотребно долг филм.

7/10
Автоматски споено мислење:

На Нетфликс ги има, два руски филма кои пред неколку месеци ги гледав, можеби како идеја за некого, претпоставувам не се важи овде да пишам за нив сега:

Silver Skates
Major Grom: Plague Doctor
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Brother (1997)
Brat


Данило се враќа од војска и мајка му му вика да иде у Ленинград односно Санкт Петерсбург да го посети брат му кој наводно таму е успешен и ќе му помогне да се скраси и да почне да живее живот како што треба. Арно ама брат му Виктор е професионален убиец.
Данило доаѓа, добива задача од Виктор да убие еден лик, задача која уствари е наменета за Виктор.
И тука влага у тој круг на криминал, убиства, бегања и слично.

Саат ипол трае, ама некако многу споро, неинтересно, досадно, жолто, темно, депресивно. Слаба акција, слаба приказна.

5/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Ова ќе беше поуспешно да дававме предлози за филмови пред да се почне, вака на листите се некои праисториски ставаат, треба да се бара добар.
Еве и од мене: еден од моите најомилени режисери воопшто, ми е Андреј Звјагинцев. Имам гледано скоро се негово и скоро се ми се допаѓа:
-Возвраштение / The Return (2003)
-Нелјубовь / Loveless (2017)
-Левиафан / Leviathan (2014)
-Elena (2011)
Овие 4 најтопло ги препорачувам на сите! Сите имаат добиено или 10/10 или 9/10 од мене.

-Времја первых / The Spacewalker (2017) беше вистинско изненадување во Клубот, одличен филм, не очекував таков од Русија.

Андреј Кончаловски (уште еден Андреј) е уште еден руски режисер кој многу го сакам. Го спомна Шон погоре Dear Comrades!, еве уште 2 филма од и од него (малку е потежок за следење, морам да предупредам. плус и филмовите му се најчесто црно-бели):
-Дорогие товаришти! / Dear Comrades! (2020)
-Рај / Paradise (2016)
-Белые ночи почтальона Алексеја Трјапицына / The Postman’s White Nights (2014)

-Утомлённые солнцем / Burnt by the Sun (1994) на Никита Михалков мене не ме фрли во делириум, ама е добро филмче, а ќе остане запаметен засекогаш кај нас како филмот што му го зеде Оскарот на нашиот Пред дождот, па еве можност да го ѕирнете.

И за крај
-Лето / Leto (2018) на Кирил Серебреников, уште еден филм од Клубот кој нема да го памтам по не знам какви филмски елементи, ама засекогаш ќе остане запаметен по одличната музика. Станува збор за биопик за Виктор Цој и Мајк Науменко, членови на легендарните рок групи Кино и Аквариум за кои пред филмот не знаев буквално ништо, а по филмот редовно си ги слушав зашто има за што да бидат сметани за легендарни. Виктор Цој загинал во сообраќајна несреќа, инаку, и за него во Русија се створил култ нешто налик на нашиот Тоше. Вреди да се ѕирне и овој филм.

Се останато што имам гледано од Русија (а не е многу, се на се уште 5-6 филма меѓу кои и нешто од Тарковски) јас не би ги препорачал, да бидам искрен.
Автоматски споено мислење:

А, да, заборавив и ова: не знам колку сте по мистериите и дали сте слушнале за ова:

Не знам колку сте слушнале за Dyatlov Pass Incident. За оние кои не знаат, се работи за мистериозна смрт на 9 руски студенти, под неразјаснети околности, на 2 февруари 1959, на Урал, додека биле во планинарска експедиција да ја освојат планината Отортен. Телата на планинарите биле пронајдени многу подоцна, некои од нив дури и месеци по нивната смрт, раштркани низ планината, оддалечени еден од друг, а километри далеку од шаторот во кој биле сместени, а кој, за да избегаат, го исекле од внатрешната страна, и избегале оскудно облечени, некои дури и без чевли на нозете. Обдукцијата врз телата покажала дека 6 од планинарите умреле од измрзнување, додека тројца имале фатални физички повреди: еден скршеница на черепот, а двајца (од кои една девојка) сериозни повреди на градите. На девојката, дури, и фалеле и очите и јазикот, а и на уште еден планинар му биле откинати парчиња од лицето.

Од тогаш до денес оваа мистерија го привлекува вниманието на луѓето низ светот. Има многу теории за смртта на планинарите, меѓу кои: дека се жртви на воени тестови на руската армија, дека биле расоблечени и умреле од премрзнување заради наводнен феномен, таканаречен „парадоксално соблекување“, дека биле нападнати и бркани од диви животни, или од Манси племето кое живее во село во непосрена близина на планините, или од Јети, или од НЛО (и од нивна страна, а и од други планинари и Манси племето кое живее во непосредна близина на планините биле забележани портокалови топки на небото деновите пред нивната смрт), дека ги затрупала лавина, дека се испотепале меѓу себе заради наводни љубовни несогласувања... Секоја од овие теории е со низа фалинки, зашто иако секоја објаснува дел од мистеријата, не покрива сѐ...

Јас за мистеријата прв пат слушнав летоска, гледав некој документарец за неа, и видов дека има снимено научно-фантастичен филм во 2013, со наслов: The Dyatlov Pass Incident. Го симнав уште тогаш, но го гледав дури пред некој ден, за да ослободам простор на хард диск. Филмот не е за конкретниот инцидент, туку за група од 5 американски алпинисти кои во 2013 заминуваат во Русија за да го рекреираат настанот со руските планинари. Снимен е со found footage техника, која беше доста популарна тој период, и иако е cheesy, и делува тинејџерски наивно, мене ми го задржа вниманието, и бидејќи ме држеше напнат цело време, дури и високо го оценив. А кога го оценував, на IMDB ми се појави дека во 2020 Русите направиле серија, на англиски преведена како: Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident. Мини-серија од 8 епизоди од кои 4 се рекреирање на настанот со руските планинари, а 4 за истрагата по нивната смрт, но не подредени хронолошки. Не пропуштив веднаш да ја симнам серијата и ја изгледав. Прекрасна е! Од глума, до секакви техникалии, сценарио, приказна, кинематографија, сценографија... Буквално сѐ е топ! Затоа искрено ви ја препорачувам на сите.

Инаку, некој швајцарски институт или што и да е во јули 2020 излегол со резултати по опсежно истражување на инцидентот. Мислам дека некаде прочитав дека дури и ексхумирале некои од телата на планинарите. Тие потврдуваат дека всушност ја решиле мистеријата за Dyatlov Pass Incident (наречен така по водачот на групата планинари, Игор Дјатлов). Руската серија е идентична со објаснувањето на Швајцарците, што значи, веројатно најблиску до тоа што најверојатно навистина се случило (иако никој никогаш нема да дознае што всушнот навистина се случило). Затоа, ако сакате да ја гледате серијава, а да не знаете што ќе се случи до крај, ве советувам да не читате ништо. ОК, ќе знаете дека сите умреле, ама нема да знаете како.
Минисерија е, не филм, ама вреди да се изгледа, ја има на Letterboxd, па ќе го броиме како филм ако ја гледате: Перевал Дјатлова / Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident.
 
Последно уредено:
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Свој среди чужих, чужој среди своих или At Home Among Strangers, a Stranger Among His Own или Свој помеѓу туѓинци, странец помеѓу своите (1974)

И покрај целиот историски контекст на дејството, обидот да изгледа како western, сепак ова е многу personal филм.
Дејството се одвива после Октомвриската револуција, за време на консолидирање на новата Болшевичка власт во Русија, кога владее голем глад во земјата поради надворешната блокада пропратена со граѓанска војна и разбојници. Група на другари кои се бореле во револуцијата сега се на нови должности, функционери во новата власт. Во филмов гледаме како нивното другарство почнува полека да се распаѓа помеѓу нив по задачата дадена од централата да достават еден вагон злато за да се купе храна за населението. Многу предавства, недоверба и разочарувања.
Актерскиот ансамбал си е солиден, самиот режисер глуми во филмот. Секогаш ми била чудна советската актерска школа, но мислам дека овде се истакнува нивната способност да пренесат вистински човечки емоции.
Музиката т.е. theme song-от е безвременски, на ниво на Мориконе. Еве ви линк, доколку сакате да слушнете само жива изведба од него: https://www.youtube.com/watch?v=x1jid27CZW8&ab_channel=ROTHSSHVILI
Филмов го имате целосно на youtube, така што не мора да го симнувате, а и не трае долго.
Од мене добива 8,5/10.

Овде би сакал да надополнам со мои предлози за Руски филмови, што ги имам гледано досега, а планирам да изгледам барем два за предизвиков.
1. Come and see (1985) - овој мислам дека го знаете сите, многу популарен (анти)воен филм. Не го гледајте доколку не сакате вакви филмови, или доколку не сте спремни да си го расипите доброто расположение.
2. 9 рота (2005) - исто така воен филм, за една единица која ќе остане заборавена на пункт за време на советската окупација на Авганистан и ќе биде под напад на Муџахедините.
3. Night watch (2004) и Day watch (2005) - снимени според популарни научно-фантастични руски книги, кои се знимаваат за борбата помеѓу преставниците на темнината и светлината во денешно време во Москва, според мене солидна приказна, штета што се снимени само филмови за две книги.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Иди и смотри не е белоруски? Ипак Русија има еден куп чисто руски филмови, а овој може да се сочува за Белорусија.
Советски е, по таа логика и руски. Финансиран од СССР, режисерот е Русин... Но дејството е целосно сместено на територија на денешна Белорусија во тогашниот СССР, ги следи белоруските партизани, затоа, да, се согласувам - подобро да го чуваме за Белорусија.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Советски е, по таа логика и руски. Финансиран од СССР, режисерот е Русин... Но дејството е целосно сместено на територија на денешна Белорусија во тогашниот СССР, ги следи белоруските партизани, затоа, да, се согласувам - подобро да го чуваме за Белорусија.
Првично гледам дека е наведен Беларусфилм, па Мосфилм и на Википедија и на ИМДБ, а тоа беше важното што го гледавме мислам, независно дали бил од Русин или од Швајцарец и дали било дејството во Нигерија или Русија. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Првично гледам дека е наведен Беларусфилм, па Мосфилм и на Википедија и на ИМДБ, а тоа беше важното што го гледавме мислам, независно дали бил од Русин или од Швајцарец и дали било дејството во Нигерија или Русија. :)
Не знам тоа, искрено, не сум видел, можеби. Муабетот ми е од тоа што знаев од претходно: мислам дека неколку години на режисерот му требале да го убеди тогашниот СССР да одобрат средства за филмот. Затоа мислев дека некое државно студио или фонд го финансирал (до душа во тоа време се било државно, но сепак...)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Fool (2014)
Durak


Дима е нешто као вечен студент, има жена и дете и сеуште живее со родителите. Во слободно време работи како хаус мајстор во зградата кајшто живее и притоа студира на архитектонски факултет.
Еден ден односно вечер, ќе примети сериозен процеп во една зграда и според неговите истражувања и учења заклучува дека истата ќе се сруши за помалце од ден.
У сред ноќ станува и оди да ја бара градоначалничката, ја наоѓа на еден коктел-забава и оваа ги собира сите тие околу неа што се, и испраќа 2ца да одат во инспекција на зградата да видат дали е вистина и како да почнат со припремите за евакуација на над 800 станари.

Ова се дешава у првиот саат, многу споро и досадно.

Во втората половина следиме дешавања што на нас ни се и тоа како познати. Коруптивен систем, едни на други си префрлаат вина, се местат, ќутат, лажат, крадат, бегааат.
Дима херој, се бори сам со системот, со глупото население што не му верува и такви ствари.

Ко што реков многу добро познато сценарио за нас, живееме и ние вака.
Ова може на норвежанец да му биде чудно, не знам, да му предизвика чувство на бес, нервоза, да се чуди, да не му е јасно како може некој така рамнодушно да реагира на зграда пред колапс и потенцијално над 1000 жртви.

Мене ми беше досадно и веч виџено што би се рекло.
Ништо не ви мења и да не го гледате филмов, а има 8ца.

Ја 5ка му давам. Стварно ми беше досадно и ништо ново.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Return (2003)
Vozvrashchenie


Уште еден досаден и спор руски филм.

Станува збор за едни двајца браќа кои ќе останат затечени откако нивниот татко се враќа дома после 12 години отсуство. Постариот е импресиониран и среќен, помалиот воопшто не е воодушевен, негодува и се бунтува. Таткото е атипичен татко, намќор, арогантен, без емпатија, со чудна смисла на воспитување и делување, често пати насилен.
Сите троица одат на патување негде низ Русија. По пат се случуваат разни дешавки на кои родителот се понаша неродителски, ова е ужасен пристап према малолетни деца кои не си ги видел 12 години. Не ја дознавме причината за неговото враќање и за таквото негово понашање.

Идат на еден остров на кој таткото ги тепа децата откако не го послушаа за една ситница, малиот се качува на една височина, татко му оди по него да го смири, паѓа и умира. Овие со кајче го враќаат назад кај колата и додека ги товараат стварите во кола, кајчето и мртовецот се враќаат во водата и тонат при што децата а особено малиот плаче и извикува тато тато. Двајцата се враќаат дома и у позадина одат слики од апаратот кој го имаа со себе а на ниту една слика го нема него.

И сеа као демек треба да сочувстувавме што стоката што се понашаше како последен идиот и ги тепаше децата, ги оставаше на дожд и ги челичеше на нетипичен и сељачки начин, на крајот умре. Демек треба да го сакаш родителот без разлика каков е, пошто еден е, и коа ќе го изгубиш тогаш ќе сфатиш што си пропуштил. Бла бла.
Мрш бе, жими кур, боље што умре, за кур им е таков родител, ништо не изгубија, баш напротив се врати и им створи трауми. Нит се челичат, нит се воспитуваат вака деца.

Има добра кинематографија, атмосферата е таква мрачна и цело време си во исчекување на тоа што ќе се случи следно. Малце вознемирувачка драма, поентата и мојот заклучок е во спојлер кај што има спојлер.
Ова е кец по некои мои параметри и оценувања.

Ради кинематографијата, глумата на децата особено малиот Иван, и ете ко што кажав има некој тек кој те остава заинтересиран да видиш што ќе се случува до крајот, ќе му стаам 5ка.

Ужасно досадна е Русија. Иам уште 2-3 филмови симнато од кои 2 од истиов режисер ама ми делуваат на досадни, такашто не верувам дека ќе ги изгледам. Ќе видам како ќе бидам расположен деновиве.

edit: WOW сеа го дознав ова.
After filming finished 15-year-old Vladimir Garin was dared by friends to jump into a lake from the top of a tower on which the film's opening sequence was shot. He plunged to his death.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Утомлённые солнцем или Burnt by the sun (1994)

Филмов ми стоеше симнат повеќе од една година, конечно му дојде ред. Ми беше на watchlist поради Михалков, бидејќи му е најпознат филм. Искрено очекував многу повеќе да ми остави впечаток филмот, што не значи дека беше недоволно добар.
Дејството се одвива во 30-те за време на Сталиновите чистки, херојот на револуцијата Котов кој е висок офицер во Црвената армија престојува со својата фамилија во нековата дача, еден ден од никаде се појавува Митја, поранешен љубовен интерес на неговата сопруга, кој носи доза на мистериозност со него. Митја има за цел да му се одмазди на Котов со тоа што ќе го наклевети дека е заговорник против Сталин. Котов не очекува дека некој би поверувал на такво нешто и дека неговата висока функција ќе го спаси.
Ликовите ми беа сите симпатични, освен копилето Митја се разбира кој може да гори во пеколот, особено ќерката на Котов, малата Надја која невино го набљудува настаните што се случуваат околун неа без да го знае нивното вистинско значење. Музиката во филмот му дава посебен вкус пропратена со одличната сценографија, секогаш ми е убаво зеленилото во Русија во филмови кои се одвиваат во лето.
Лудо време-невреме, сепак мислам дека и денес не сме многу далеку напреднати во тој поглед, секој може да те наклевети за нешто, особено во време на социјални мрежи и да добиеш граѓанска смрт.
Ќе му дадам на филмов 7,5/10, а сакав да биде многу повеќе.

За на крај, мислам дека сите знаат дека филмов освои Оскар за најдобар странски филм во конкуренција со Пред дождот. Во тој поглед, мое мислење е дека Пред дождот го заслужи Оскарот повеќе, и не го пишувам ова од патриотски побуди и од блискоста на дејството во филмот.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.121
Поени од реакции
3.898
Вор/The Thief/Крадецот (1997) е многу убав и моќен филм. Два пати го имам гледано и го препорачувам. Глумата е супер и приказната исто (посериозен филм, а интересно е што во различни места го опишува секојдневието - барем за тогаш во тоа некое советско време). 9.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
60. Војна и Мир 1: Андреј Болконскиј / War and Peace, Part I: Andrei Bolkonsky (1965)
61.
Војна и Мир 2: Наташа Ростова / War and Peace, Part II: Natasha Rostova (1965)
62.
Војна и Мир 3: 1812 год / War and Peace, Part III: The Year 1812 (1967)
63.
Војна и Мир 4: Пьер Безухов / War and Peace, Part IV: Pierre Bezukhov (1967)

1670436722741.png 1670436756518.png

1670436787062.png 1670436847023.png

или:

60. Војна и мир / War and Peace (1965)

1670436946785.png

453 минути pure cinema! Сте виделе веројатно многу епски моменти на филмско платно, многу епски филмови, епски битки... Но веројатно ако го гледате ова седум часовно ремек-дело се што претходно сте гледале ќе ви изгледа како мачкина кашлица. Невозможно е да седнеш пред екран и да останеш закован цели 7 и пол часа, па затоа го гледав во делови, онака како што погоре опишав и како што најчесто е поделен. Секој од деловите е со различен тон, со различен централен лик, но приказната е таа: година 1812, Москва се подготвува за француска инвазија од страна на Наполеон Бонапарта. Ликовите се дел од руската аристократија, а приказот - како се справуваат со опасноста која демне: војната која уништува и се материјално и животите на сите инволвирани. Една од многуте адаптации на импозантното истоимено дело на рускиот писател Лев Николајевич Толстој кое никогаш не се осудив да го почнам. Не знам како собрав храброст и ова да го изгледам, со оглед на тоа дека е веројатно подеднакво застрашувачки импозантно, но ете, после една недела успеав да го догледам. Филмот е во режија на Сергеј Бондарчук кој и глуми еден од главните ликови: Пјер Безухов. Бондарчук успеал да создаде едно дело кое тешко дека некој некогаш може да го повтори, ни со цела компјутерска технологија денес. Тука нема CGI орки како во LOTR, на пример, а битките сепак изгледаат импресивно и реално. Битката кај Бородино од третиот дел од филмов е најголемата сцена на битка која некогаш е снимена во историјата на кинематографијата. Го држи рекордот во Гинисовата книга како најдолгиот филм во историјата кој интегрално бил емитуван на некоја телевизија (во Мексико во март 1981). Сцените со битките се снимени на оригиналните локации каде што навистина се случиле, а Бондарчук за тоа време вовел една нова техника: за прв пат употребил камери кои се движеле со далечинско управување во сцените со битките. Самиот Бондарчук два пати доживеал срцев удар за време на снимањето на филмот: еднаш во третиот дел - битката кај Бородино, и еднаш во четвртиот - палењето на Москва, па за време на пост-продукцијата поголем дел од времето го поминал во болница. Битката кај Бородино се снимала цели 2 години, а била во пост-продукција 1 година. Снимањето на целиот филм траело цели пет години од 1962 до 1967, на 103 локации низ Русија, а во годините по премиерата во Советскиот Сојуз го гледале повеќе од 135 000 000 луѓе! Во филмот глумат преку 300 актери со по барем една реплика и уште околу 12 000 статисти. 10 000 куршуми биле испукани. Сето ова се факти кои зборуваат за големината на ова што штотуку го изгледав. Многумина веруваат дека е најскапиот филм снимен во историјата. Според Русите, продукцијата чинела околу 100 милиони американски долари во тоа време, иако Американците тврдат дека официјалниот буџет на филмот бил 8,5 милиони рубљи од кои 2.5 милиони им биле дадени на статистите од руската армија за инволвираноста во снимањето на филмот, што би било приближно околу 67 милиони долари денешни пари со што не е најскапиот филм некогаш снимен. Наводно и Бондарчук во една прилика изјавил: „тоа е претерување, се што јас имав на располагање беа 12 илјади рубљи“. Веројатно никогаш нема да дознаеме која е вистината околу парите, но неоспорни се сите други факти од погоре. Исто и онаа дека ова е филм со најмногу вклучени луѓе во снимањето во историјата...

Во 1969 година АМПАС сепак го наградува Војна и мир со Оскар за најдобар странски филм, со што станува најдолгиот филм во историјата кој освоил Оскар (го држеше тој рекорд до 2016 кога O.J. Made in America освои Оскар за најдобар документарец, а е 40 минути подолг). Људмила Савелева (ја глуми Наташа Ростова) го примила Оскарот на манифестацијата во 1969 во името на продуцентите и Бондарчук. Кога се симнала со Оскарот на Московскиот аеродром, била пречекана од властите кои веднаш и ја одзеле статуетката. И самиот Бондарчук имал проблеми со режимот во тоа време, бил постојано следен и прислушкуван заради тоа што добил Оскар од Америка, па бил приморан да се приклучи на Комунистичката партија.

Секој дел од филмов е подеднакво импресивен. Скоро секој кадар одзема здив. За некои од нив дури и се прашуваш додека гледаш: како по ѓаволите го снимиле ова во шеесетите? Е сега, од перспектива на гледач кој не е баш по историјата, можеби малку се досадни сите тие сцени со војска, војска, војска и војска до недоглед (во третиот дел особено, дури имаше момент кога цели четириесетина минути не видов ниту еден од главните актери на екран). Кај мене тоа симна дел од оценката. Ама сепак сметам дека филмов не би бил тоа што е ако дури само 5 минути му скрателе. 8/10 од мене за целиот филм. Посебно по делови најмногу ми се допадна љубовната приказна од вториот дел: Наташа Ростова за кој дадов 9/10, а реков, најмалку третиот со битката кај Бородино - 6/10. Генерално, ова ќе биде еден од филмовите на кои ќе се сеќавам долго. И не верувам дека повторно би се впуштил во истата авантура да го гледам. Но верувајте дека ако не го изгледате вие, ќе испуштите многу во животот. Според мене ова е еден од стоте филма кои секој мора да ги види додека е жив! Грандиозно!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom