Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да го гледам Top Gun: Maverick морав да направам реприза на Top Gun. Гледан безброј пати на МТВ како дете и од таму го памтам како култен филм, или можеби заради Take My Breath Away. Ама освен на Том Круз на ништо друго не се сеќавав од филмот. Се изненадив кога видов дека ми е логнат на Letteroxd (пред 7 години, кога сум го креирал акаунтот таму), ми бил гледан и пред десетина - петнаесет години, значи, откако почнав да водам евиденција на Flixster. Ама поголемо беше изненадувањето дека сум му дал 6/10 само. Баш сакав да видам што сум направил...

И тотално во право сум бил. Ау, колку лош филм! Дури и многу му е шестката, ама ај, нека остане.
 
Го делам истото мислење. Уште една одлична сатира на Остлунд, дури и подобар од The Square и Force Majeure, би рекол, ама крајот ми го уништи впечатокот и ја намали оценката. Инаку навистина остроумен и забавен истовремено.

Инаку, многу се смеев и откако го гледав, кога прочитав 2 работи за Харис Дикинсон (актерот кој го глумеше Карл). Кога ја добил улогата за која на аудиција биле околу 120 актери, во сценариото стоело дека неговиот лик бил поранешен автомеханичар кој станал модел. И типов зел почнал да работи во некоја автомеханичка работилница, ептен се внесол во улогата. :D Доаѓаат на снимање прв ден, му даваат изменето сценарио и Остлунд му кажува дека го исфрлиле тој дел битен за неговиот лик. :pos:

Исто така, за сцената со аудицијата (почетната сцена на филмот), во сценариото стоело дека Карл треба да носи примерок од Улис од Џејмс Џојс во рацете. Греота типов, не знам што му требало, ама мислел дека и тоа е важно за улогата, па зел ја прочитал Улис. :pos::pos::pos::pos: Кога дошла сцената за снимање - ни Улис, ни бутур! :pos::pos::pos::pos::pos:
Имаше додуша во рака книга од Улис, баша го забележав тој момент и реков види вид мајката :D
 
Downsizing е една од најлошите идеи што некому му паднале на памет, и тоа не само на филм...
 
Top Gun: Maverick - блокбастер со мадиња! Се што Top Gun не е, Maverick е! Ич нема да ми е криво сите Оскари да ги собере. И ич нема да ми биде криво и да го пуштите хејтот кон мене на најјако. Ама ич!
 
Скоро сите филмови од осумдесетите беа такви, од денешна перспектива малце чудни. Но повеќе цицки имаше тогаш. Не беше срамно како сега за секој филм да е наменет за луѓе од 7 до 97.
 
Не беше срамно како сега за секој филм да е наменет за луѓе од 7 до 97.
Кај нас никогаш не било срамно, во Америка е, ама затоа кај нас е построго од колку години смее да се гледа насилство, во Америка нема граница за насилство, само голотија да нема.
 
Кај нас никогаш не било срамно, во Америка е, ама затоа кај нас е построго од колку години смее да се гледа насилство, во Америка нема граница за насилство, само голотија да нема.

Најди логика на тоа. Тој Холивуд веќе тешко да го видиме назад, освен ако нема радикална промена. Филмовиве искачаат цензурирани од старт за да исполнат тоа критериумите. И овој Холивуд без цицки и пцуење е реално шит.

Човек мора да чека филм на Скорсезе и Тарантино да се забавува и да гледа прав филм пошо на сите други им се помили парите од заработка него контентот. Па гледаме тука на форумов големи бебиња како се палат на цртани филмови со суперхерои. Мене кога ми ги раскажуваат тоа како ент мен му го скрши грбот на овој со прстените очи превртувам искрено.
 
Ама да, многу работи станаа забранети на филм во Холивуд: цигари не смеат да пушат (се рекламира здрав живот), мора да има црн или жолт (или и двете раси), некој ЛГБТ (женско или машко, не е важно)...
 
наредно изгледа жените скроз ќе ги исфрлат, и место нив трансформери ќе вметнат. Конечно ќе им се оствари сонот на феминистките.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom