Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Можи малце помош од поупатените плз :) ?

Барам постар апокалиптичен филм од 2000-2010???? За да дојди крајот на човештвото мислам дека требаше да се исполнат 2-3 услови, со што чашата со души на господ ќе пресуши. Едниот услов мислам дека беше невин затвореник да биде погубен во затвор, другиот да се роди мртво дете. На крајот еден од условите нема да се исполни и циклусот на души (реинкарнација??) ќе продолжи.
Вака од прва приказната одма ме потсети на овој, само малце постар е


Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Вака од прва приказната одма ме потсети на овој, само малце постар е


Sent from my GM1913 using Tapatalk
Тој е, фала! И покрај тоа што дадов малце и делумно неточно инфо го најде :bravobe:

Ми беше врежан во глава и од нигде никаде ми текна дека постои само не ми текнуваше на името.
 
Верувам повеќето сме запознаени со трагичниот живот на еден од највпечатливите и најдобрите споредни актери своевремено во Холивуд, Џон Казал.
Проклетиот Фредо.

Начекав еден документарец, 40 минути трае, каде колегите и пријателите се осврнуваат на неговата кариера во сите 5 култни филмови каде се има појавено. Општо познат факт е дека Џон Казал глуми во 5 филмови и сите тие имаат номинации за Оскар за најдобар филм.

I Knew It Was You: Rediscovering John Cazale
се вика и дефинитивно вреди да се изгледа.
Да се види со каква емоција и почит зборуваат за него ликови како Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Форд Копола, Сидни Ламет, Мерил Стрип и дел од помладите актери кои за жал немале таква можност да работат со него. Стив Бушеми, Филип Сејмур Хофман, Сем Роквел.

Знаеме за големата взаемна љубов и односот што го имале со Мерил Стрип и нејзината пожртвуваност во последните моменти од неговиот живот додека она била на самиот почеток на својата кариера. До самиот крај се нема откажано од него и била покрај него цело време.

Како Ал Пачино го има убедено Сидни Ламет да го земе во Dog Day Afternoon, откако овој бил скептик за Фредо. Да, после Кум, Џон Казал имал проблем да најде работа пошто никој не сакал да си има работа со Фредо.
Мада, убаво вика Сем Роквел, у двојката ти веќе навиваш за Фредо и го мразиш Мајкл.

Роберт Де Ниро делел од својот хонорар само да го има Џон Казал покрај себе во култниот Ловец на елени. Сцените со Џон во тој филм се снимени најпрво со оглед на неговата состојба каде веќе бил во длабока и напредна фаза на ракот на белите дробови.

Го има и брат му тука кој не успеа да ги задржи емоциите.
Се гледаат солзи во очите и на Мерил Стрип и Ал Пачино на крајот.

Стварно, со каква емоција зборат за него, со каков восхит го гледале.

Ал Пачино вика дека од Џон Казал научил за глума повеќе од било кој колега или режисер.

Многу харизматичен и впечатлив актер, со вечита тага во неговиот лик и појава која никако не те остава рамнодушен.
 
Сега гледам кое дно го има допрено Брус Вилис лани. Глумел во 8 филма (wtf) во 2021, а најдобро рангираниот има рејтинг 4.5/10. Се' катастрофа до катастрофа...

Немаше да го знам ова ако на Златните малини оваа година не му посветеа посебна категорија Worst Performance by Bruce Willis in a 2021 Movie.
 
Сега гледам кое дно го има допрено Брус Вилис лани. Глумел во 8 филма (wtf) во 2021, а најдобро рангираниот има рејтинг 4.5/10. Се' катастрофа до катастрофа...

Немаше да го знам ова ако на Златните малини оваа година не му посветеа посебна категорија Worst Performance by Bruce Willis in a 2021 Movie.
Од кога почна пандемијата има снимено 11 филма.
Улогите во речиси секој од нив му се минимални. Од негова страна: без многу акција, со еден израз на лицето, без многу текст, без глума и со многу двојници. Главна причина зошто е он таму е, верувам, плакатот, кој пола и повеќе од пола е покриен со неговото лице. Додека пак, буџетот на тие филмови е и повеќе од тоа во негов џеб (едно 99%). Се гледа дека се правени од страна на ефтина екипа, со мали средства. Доволно е трејлер да пуштиш.
Планирам скоро да ги изгледам сите 11 филма. For real!
 
Последно уредено:
Го гледав новиот Nightmare Alley и по мој вкус солиден филм. Пред да го гледам, имав некој скептицизам околу Бредли Купер во главна улога во психолошки трилер познавајќи го по улоги во комедии, ама на крајот сè некако добро се вклопи.
 
Отсекогаш ми била енигма ова и конечно решив да расчепкам по гугл и наидов на темава како погодена. Вие што повеќе разбирате што имате да коментирате за ова?

Има многу да се коментира на темава, ама е многу технички дел. Буквално се игра улога во случајов. Камера, светло, музика, визуелни ефекти, технологија, итн...
Прво музиката и амбиенталните звуци користени тогаш се скроз различни од она што денес се користи. Филмови се снимале во super 8, 16мм и поново во 35мм. Веќе неколку години филмови се снимаат дигитално. Тогаш немало пост продукција ниту колор грејдинг како што има сега. Денес и да имаш полу добар кадар, ако дозволува буџетот во пост продукција може да се среди скоро се, тогаш не било така. Голема улога игра и типот на филм што се користел (фуџи/кодак). Едниот дава поживи бои од другиот. Форматот во кои се снимале филмовите е мноооогу различен. Движењата на камерата исто, тогаш биле скоро и непостоечки или минимални dolly-in/out. Додади тука и светло што се користело, плус тогаш немало толку green screen. Сега повеќето филмови се на green screen.

Интересна дискусија има овде, ама е сепак технички дел само...

ps. Кога работев и се занимавав со ова го користев shotdeck.com, иако е малку понов за оние што се интересираат за технички детали е одличен сајт. Го бараш филмот и ти дава за секој кадар детали со што е снимен.
 
Последно уредено:
Oтвораш весник и право при крај, кај што се кината. Ова особено ако е ден кога се менуваат претставите.

Од овие у кино, тогаш (ваљда е ова од 1984-та) сум ги гледал:

Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ.

Пат околу светот - за жал, сум го гледал, како и ваљда сите тогаш. Со Чкаља.

Демони во градината - поима немам што е и ваљда не сум го гедал, а баш би сакал. Изглеа не е тоа хорор, затоа што не сум го гледал и не ни знам за тој филм. Плус, играл на Фест таа година, што придонесува да не е хорор. Немаше многу хорори на Фест.

Луѓе мачки - сите го знаете, да не зборам, со Малком Мекдауел (тоа време ми беше омилен глумец), Клаус и Настасја Кински.

Дивата орда на Сем Пекимпо - исто го знаете. Но, тој не сум го гледал во кино, туку подоцна на ТВ.

Болница Британија - со Малком Мекдауел, енглеска комедија, со бизарни kinda sf елементи.

Пекол во вселенета - филм кој не знам што е, али не е веројатно да не сум го глеал, пошто сите страшни и свемирски што доаѓаа, ги гледав.

Медени месец - за жал и тој сум го гледал. Квази срамотна комедија.

Другите филмови како Продупчениот долар или Бандитот во Тексас, поима неам дали сум ги глеал и кои всушност се тие филмови.

У Југославија, како што знаете филмовите често си имаа свои, локални наслови.

Од кинава и домовите на култура, не сум бил во Бутел, 26-ти јули и Драчево, а од домовите на култура сум бил само во Градежници.
 
Oтвораш весник и право при крај, кај што се кината. Ова особено ако е ден кога се менуваат претставите.

Од овие у кино, тогаш (ваљда е ова од 1984-та) сум ги гледал:

Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ.
https://www.imdb.com/title/tt0072913/?ref_=nv_sr_srsg_7 сега го репризирав интересн филм

Пат околу светот - за жал, сум го гледал, како и ваљда сите тогаш. Со Чкаља.
https://www.imdb.com/title/tt0058502/?ref_=nv_sr_srsg_5 Овој е валда од 64г?

Демони во градината - поима немам што е и ваљда не сум го гедал, а баш би сакал. Изглеа не е тоа хорор, затоа што не сум го гледал и не ни знам за тој филм. Плус, играл на Фест таа година, што придонесува да не е хорор. Немаше многу хорори на Фест.

Луѓе мачки - сите го знаете, да не зборам, со Малком Мекдауел (тоа време ми беше омилен глумец), Клаус и Настасја Кински.
https://www.imdb.com/title/tt0083722/?ref_=nv_sr_srsg_0 според летербокс никој го нема гледано филмов освен јас :D

Дивата орда на Сем Пекимпо - исто го знаете. Но, тој не сум го гледал во кино, туку подоцна на ТВ.

https://www.imdb.com/title/tt0065214/?ref_=nm_knf_i1 многу јак и малце го имаат гледано тука, него филмов од 69 а у кино кај нас 84 играл.

Болница Британија - со Малком Мекдауел, енглеска комедија, со бизарни kinda sf елементи.
https://www.imdb.com/title/tt0083694/?ref_=nv_sr_srsg_0 ке го гледам интересно делује

Пекол во вселенета - филм кој не знам што е, али не е веројатно да не сум го глеал, пошто сите страшни и свемирски што доаѓаа, ги гледав.
Е овој не го најдов а баш сакам да видам за кој филм станува збор


Крал на боксерите пробував да го најдам ама јок



У Југославија, како што знаете филмовите често си имаа свои, локални наслови. (y)

Од кинава и домовите на култура, не сум бил во Бутел, 26-ти јули и Драчево, а од домовите на култура сум бил само во Градежници.
 
Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ

Филм каков што секоја Видеотека на времето би посакала да го има во својата колекција :LOL:
 
И ја сеа го гледав.
Не е лош, ама некако спор со доста непотребни долги сцени.
Гадно е малце да се глеа Филип Сејмур Хофман како свршува.
Јадев коа кучето ја излижа спермата на малиот.

Има неколку смешни моменти.

Најгнасен делот со Бил Мејплвуд.

Го делам твоево мислење, и ми се свиѓа филмов и не ми се свиѓа истовремено хаха, али поштувам вакви идеи што оставаат простор за реприза и одново следење на ликовите.
Го изгледав и јас каква болештија од филм е ова, скроз изопачено и непријатно искуство :pos:
Дај предложите и други вакви вознемирувачко,директни и без пардон филмови, гледам има и продолжение од филмов со истите ликови ама други актери ама има многу слаб рејтинг o_O

Овај ми падна прв на памет гледан ми е одамна треба да го репризирам дефинитвно, еден од најтешките филмови за гледање ради начинот на кој е сниман и некој сцени, бујрум ако некој не го гледал.
ПС: Има непријатни сцени со Моника Белучи :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Освен историски дека не е точен, која друга замерка ја имаш? :D
Дека е смешен.
Дека Мел Гибсон не знае да глуми.
Дека нема ништо посебно мотивирачко, инспирирачко, освен ако не си шкот.
Дека тепачките се мех и глупи.
Дека има глуп кастинг и неадекватни актери и појави.

Деновиве ги гледам овие епски историски филмови и од овој највеќе очекував а највеќе ме разочара.

Гладијатор е гоат.
Троја е дупло појак филм од Braveheart.
Битките у Троја се ненадминливи, буквално у све е боље од Braveheart.
Александар колку и да е тиња тематски и слично, сепак има боље битки и говори од Braveheart. Eдино Колин Фарел е поужасен од Мел, а и двајцата ми се доста кул и позитивни/смешни појави.

Музиката е добра у Braveheart.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom