Oтвораш весник и право при крај, кај што се кината. Ова особено ако е ден кога се менуваат претставите.
Од овие у кино, тогаш (ваљда е ова од 1984-та) сум ги гледал:
Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ.
Пат околу светот - за жал, сум го гледал, како и ваљда сите тогаш. Со Чкаља.
Демони во градината - поима немам што е и ваљда не сум го гедал, а баш би сакал. Изглеа не е тоа хорор, затоа што не сум го гледал и не ни знам за тој филм. Плус, играл на Фест таа година, што придонесува да не е хорор. Немаше многу хорори на Фест.
Луѓе мачки - сите го знаете, да не зборам, со Малком Мекдауел (тоа време ми беше омилен глумец), Клаус и Настасја Кински.
Дивата орда на Сем Пекимпо - исто го знаете. Но, тој не сум го гледал во кино, туку подоцна на ТВ.
Болница Британија - со Малком Мекдауел, енглеска комедија, со бизарни kinda sf елементи.
Пекол во вселенета - филм кој не знам што е, али не е веројатно да не сум го глеал, пошто сите страшни и свемирски што доаѓаа, ги гледав.
Медени месец - за жал и тој сум го гледал. Квази срамотна комедија.
Другите филмови како Продупчениот долар или Бандитот во Тексас, поима неам дали сум ги глеал и кои всушност се тие филмови.
У Југославија, како што знаете филмовите често си имаа свои, локални наслови.
Од кинава и домовите на култура, не сум бил во Бутел, 26-ти јули и Драчево, а од домовите на култура сум бил само во Градежници.