Тамам работа дека треба да ги земаме листите здраво за готово, без разлика дали се на кајгана форум, Имдб, CineFix, WatchMojo и тн, а и да бидам искрен лично не ми се допаѓа опседнатоста со рејтинзите и листите, уметноста и нејзиното доживување е субјективна работа. Секој си има различни вкусови, на некого му лежат дистописки филмови, на некого акциони, на некого ноари, а на некого и мјузикли. Исто така е важно во какво расположение и со каков attitude ги гледаме филмовите. Јасно е дека не може некој филм да му допадне на секого, колку сака нека е добар, но треба да се има барем малце објективност, ако не ми легнал некој филм не значи дека одма треба да го хејтам и да го рангирам со единица или обратно ако некој филм ми легнал добро дека одма треба да се истрчам со 10ка.
Лично јас кога го пуштив La La Land, чисто ради хајпот околу филмот му дадов шанса и кога почнаа да пеат ми падна незгодно од самиот себе си и сместа го исклучив. Дали трчав да му ставам единица или да го хејтам каде што ќе стигнам или да ги омаловажувам тие што им се допаднал филмот, не. Едноставно not my cup of tea, не сакам мјузикли и тоа е тоа, претпоставувам дека е добар филм за својот жанр и за љубителите на такви филмови. Субјективно е моето недопаѓање на филмот, исто како што субјективно е и твоето допаѓање на филмот. Сепак, објективно ако гледаме Blade Runner 2049 е поголемо филмско остварување од La La Land поради самата сложеноста на приказната, на жанрот на којшто припаѓа кој е доста комплициран, самата потешкотија да се усклади приказната и општеството во однос на првиот филм и поради тоа што е кинематографско ремек-дело. Субјективно и објективно Blade Runner 2049 e подобар филм од La La Land и Трите Билборди, мислам дека и самата си свесна за тоа

. Дали тоа значи дека нема да си во право ако тебе лично ти е подобар Ла Ла Ленд од Блејд Ранер, апсолутно не, како што кажав тоа е субјективно и секој со својот вкус. Објективно, без разлика дали му се допаднале или не, најголеми филмски остварувања во последнава декада се Interstellar, Inception, Mad Max и Blade Runner. Тоа не значи дека треба сите да ги сакаат овие филмови.
Листите се секако субјективни и мене јасно ми е тоа, досега ја немав воопшто прокоментирано, падна муабет и само се надоврзав. Никогаш не сум имал желба да се оправам со членовите кој филм треба да им е добар, кој филм треба да им е лош и сл. Не знам дали ме имаш приметено, ама јас никогаш не сум влегувал во такви дискусии кога членовите се убедуваат кој имал или немал добар вкус за филмови, туку секогаш коментирам за тоа како јас си ги доживувам филмовите. На пример
@Джонтра Вохохолта го рангираше Network со единица, тамам работа дека ќе земам да го оправувам или да го убедувам во нешто спротивно, негов став.