Corvus
Latrodectus
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.Јас немам ништо против римејкови на филмови (во случајов од други држави), и не можам да сфатам зошто за повеќето кога ќе речат - филмот не е оригинален, направен е според друг филм, тоа по дифолт треба да значи дека не чини. Па повеќе од пола од филмовите кои постојат се или според вистинска приказна, или според нечиј расказ, роман, мемоар, или некоја друга книжевна форма. Значи и тие не се оригинални, туку римејк на нечија друга приказна. И во нив има „крадени“ моменти, идеи, и што ти јас знам што, па сепак никој не вика дека не чинат затоа што се „крадени“. Која е разликата?
И не, не сум го гледал оригиналниот Departed, сметам дека римејкот е фантастичен филм, и кога би го изгледал и оригиналот, би споредил кој е подобар, а кој е полош, но самиот факт дека филмот на Скорсезе не е оригинална приказна, туку римејк на азиски оригинал, за мене буквално ништо не менува.
Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
) во повеќе филмови работи со истиот камерман, истиот монтажер, а различни сценарија, па пак кога Скорсезе режира сцена, се знае дека е од Скорсезе