Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Според мене е.

Кога ги веќе споредуваме, конкретно кај Скорсезе голем дел од филмовите ги пишуваат трети ликови, кај Тарантино речиси се е written & directed by, такви продуценти на прсти се бројат.

Тука би го сврстил и Guy Ritchie, ама ај...


Змеј, вака може секоја режија да се симплифицира. :)
Текстов ме потсеќа на критичкио осврт на РикиЛфц коа викаше дека Интерстелар го сакаат луѓето за да се праат паметни.
Може симплифицирам, нели сепак лаик пишува, но што од тоа што го пишав не е точно? За разлика од фановите на Тарантино кои никогаш не објасниле зошто им се допаднале неговите филмови, за нив е доволно само името на Тарантино да стои на филмот веројатно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Немој само Департед бро... 90% копија на оригиналот, до потполно исти кадри и дијалози...во ништо не е подобар, ни приказната, ликовите, кастингот, да не го спомнувам крајот...тие оскари што ги доби срамота
Уште го немам гледано оригиналот, а читав интервју од Скорсезе демек намерно не го гледал оригиналот за да не му се измеша во креативнoста :D ваљда е тешка лага за да се мистифицира работата на режисерите како поетите кога ќе речат дека напишале песна од првпат пошо биле инспирирани, али ајде ќе го изгледам па ќе пишам импресии.

Инаку, добро е што за прв пат после долго време да се заинтересирам за дискусија на форум, оваа за Тарантино и компанија. Добро е, тука сме на број :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Agent: they want you to play the Joker. JP: The Joker? Jesus Christ, really!?! Agent: I can get you a Jesus flick too.:pos:

 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Уште го немам гледано оригиналот, а читав интервју од Скорсезе демек намерно не го гледал оригиналот за да не му се измеша во креативнoста :D ваљда е тешка лага за да се мистифицира работата на режисерите како поетите кога ќе речат дека напишале песна од првпат пошо биле инспирирани, али ајде ќе го изгледам па ќе пишам импресии.

Инаку, добро е што за прв пат после долго време да се заинтересирам за дискусија на форум, оваа за Тарантино и компанија. Добро е, тука сме на број :D
Кога сме веќе кај Тарантино, и копирање од азијски филмови, може да го погледнеш и City On Fire (1987) од Ринго Лам, Тарантино не признава дека го гледал, иако цела приказна и еден куп моменти ги има дрпнато од тука ама пак има некои разлики и у овој случај за мене Reservoir Dogs е подобар (поинтересни ликови, музиката, сцената со увото, итн...).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Јас немам ништо против римејкови на филмови (во случајов од други држави), и не можам да сфатам зошто за повеќето кога ќе речат - филмот не е оригинален, направен е според друг филм, тоа по дифолт треба да значи дека не чини. Па повеќе од пола од филмовите кои постојат се или според вистинска приказна, или според нечиј расказ, роман, мемоар, или некоја друга книжевна форма. Значи и тие не се оригинални, туку римејк на нечија друга приказна. И во нив има „крадени“ моменти, идеи, и што ти јас знам што, па сепак никој не вика дека не чинат затоа што се „крадени“. Која е разликата?

И не, не сум го гледал оригиналниот Departed, сметам дека римејкот е фантастичен филм, и кога би го изгледал и оригиналот, би споредил кој е подобар, а кој е полош, но самиот факт дека филмот на Скорсезе не е оригинална приказна, туку римејк на азиски оригинал, за мене буквално ништо не менува.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.226
Поени од реакции
42.971
Да го кривиме и Шекспир ако не што правел римејкови на други дела и ги напишал најјаките драми некад. Увек се крадело и ќе се краде од други и нема ништо лошо во тоа.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас немам ништо против римејкови на филмови (во случајов од други држави), и не можам да сфатам зошто за повеќето кога ќе речат - филмот не е оригинален, направен е според друг филм, тоа по дифолт треба да значи дека не чини. Па повеќе од пола од филмовите кои постојат се или според вистинска приказна, или според нечиј расказ, роман, мемоар, или некоја друга книжевна форма. Значи и тие не се оригинални, туку римејк на нечија друга приказна. И во нив има „крадени“ моменти, идеи, и што ти јас знам што, па сепак никој не вика дека не чинат затоа што се „крадени“. Која е разликата?

И не, не сум го гледал оригиналниот Departed, сметам дека римејкот е фантастичен филм, и кога би го изгледал и оригиналот, би споредил кој е подобар, а кој е полош, но самиот факт дека филмот на Скорсезе не е оригинална приказна, туку римејк на азиски оригинал, за мене буквално ништо не менува.
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.

Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Значи и тие не се оригинални, туку римејк на нечија друга приказна. И во нив има „крадени“ моменти, идеи, и што ти јас знам што, па сепак никој не вика дека не чинат затоа што се „крадени“. Која е разликата?
Па разликата, што на пр. Тарантино позајмува идеи, ликови, нешто од ваму нешто од таму и пак од тоа ќе направи поразличен филм у свој препознатлив стил, ќе му даде свој белег идентитет на филмот или у случајов со R Dogs направил подобрување.
Скорсезе само го ископирал Infernal Affairs.
Има и подобри мада ретко римејци од оригиналот шознам The Thing, Scarface, The Fly, еве и The Blob, зш поминало доста време па има можност за подобрување, дали ефекти или ликовите се (по)интересни, подобра глума, акција, режија итн... значи има некои значајни разлики или подобрување, за разлика од Департед, кој иначе прв го гледав, па пак I. Affairs ми е подобар, исто така се зезнав и со Ванила Скај...
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.

Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
Па не би го гледал само како аниме ... ривенџ приказната, ликот на Луси Лиу и сцената на снегот се од Lady Snowblood

Паи Меи е д ултимејт босс у кунгфу филмовиве и у Кил Бил 2 го глуми Гордон Лиу кој е голема кунгфу ѕвезда (у Кил Бил 1 глуми уште еден друг лик), жутите тренерки се од Брус Ли, Дејвид Карадин глумеше у кунгфу серија, итн...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.

Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.
Мислам дека не станува збор за оригинални/неоригинални филмови, туку за авторски и неавторски. Тарантино и Вуди Ален на пример сами си ги пишуваат и режираат, па дури и продуцираат филмовите. Кјубрик не знам дали има напишано сценарио, ама неговиот печат во филмовите е неоспорен (истото важи и за филмовите на Тарковски, на пример Носталгија е напишан од сценаристот на Blow up, заборавив како се викаше) - кога гледаш филм од Кјубрик (или од Тарковски) едноставно знаеш дека е од него. На пример, Кјубрик исто така немал абер за музика, а филмовите му се еден вид музички спектакли затоа што работел со истиот тим на автори околу него. И Скорсезе еве (досаден сум пак го споменувам :D ) во повеќе филмови работи со истиот камерман, истиот монтажер, а различни сценарија, па пак кога Скорсезе режира сцена, се знае дека е од Скорсезе :D

Еднаш се погодив на една работилница и работилницата ја водеше продуцентот на речиси сите филмови на Кјубрик, овој https://www.imdb.com/name/nm0363214/?ref_=ttfc_fc_cr3 старец, има скоро 100 години ама пожив од мене е, и нормално, сите наместо за него и неговата работа, прашуваа за Кјубрик, ама овој сигурно е цел живот навикнат да го прашуваат за Кјубрик наместо за него :D и еден типац му вели - сум ги гледал сите филмови на Кјубрик, зошто сите филмови му се жанровски различни и тотално спротивни еден од друг? Овој дедово вели, Ако ги гледаш внимателно следен пат, ќе видиш дека сите филмови му раскажуваат една приказна, и дека се многу слични.
На пример, за Eyes Wide Shut кажуваше дека овој пробувал да го сними едно 30 години пред да го направи на начинот на кој го направил, и тоа поради фактот што се чувствувал неспремен - не мислел дека адаптацијата на новелата од Шницлер му „легнала“ доволно и дека немал искуство, па ја оставил за подоцна.

Муабетот ми беше - оригиналноста, автентичноста, е несомнена кај овие режисери, иако не ги напишале сами сценаријата.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Шо знам, не ме пали многу ако пишува, режира, свири и глуми... мислам браво за кој и да го прави тоа, ама мене како консумер битен ми е крајниот продукт. Исто ми е како да ми кажеш: како не ти се допаѓам Inglorious Bastards, зар не знаеш дека Тарантино има 24 сантима кур? Шо е битно? Битно е перфектно да е завршена работата. Не е као набројаниве режисери работат со 1 милион евра буџет па не можат да си дозволат Roger Deakins за кинематографија или Hans Zimmer за саундтрак... демек ако Тарантино сам ги шиел костимите треба да се додаде поголема вредност на филмот? Според мене улогата не режисерот е тој неговата визија да ја одработат мајсторите во својата бранша, да го спои и претстави како една функционална целина за на крајот ние да уживаме. Мислам дека е малку god complex коа вака се залетуваат демек да не им ja поматат визијата. Ај следно да ги пуштиме објектно ориентирање да средуваат за ефектите на филмот, и нормално ќе изгледа срање - ама уште едно титле до многуте на режисерот - појак филмот! :D

И начнавте малку од темата style over substance, да не се караме - подеднакво се битни!

btw @Anon

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Па разликата, што на пр. Тарантино позајмува идеи, ликови, нешто од ваму нешто од таму и пак од тоа ќе направи поразличен филм у свој препознатлив стил, ќе му даде свој белег идентитет на филмот или у случајов со R Dogs направил подобрување.
Скорсезе само го ископирал Infernal Affairs.
Има и подобри мада ретко римејци од оригиналот шознам The Thing, Scarface, The Fly, еве и The Blob, зш поминало доста време па има можност за подобрување, дали ефекти или ликовите се (по)интересни, подобра глума, акција, режија итн... значи има некои значајни разлики или подобрување, за разлика од Департед, кој иначе прв го гледав, па пак I. Affairs ми е подобар, исто така се зезнав и со Ванила Скај...
Е па истото го зборам. Твоето е ОК, зашто ти споредуваш два финални продукти, и зашто во некои случаи, според тебе, подобар е оригиналот, во други - римејкот, како што впрочем и навистина е. Моето беше за тоа дека фактот дека нештото не е оригинално не мора да смени ништо во квалитетот на истото. Ете, и во книжевноста, спомна некој погоре - понекогаш на една иста тема се пишувани многу нешта и истите неретко биле и сe уште се ремек дела. Еве, прво на што ми текнува, е една иста, неколкупати преџвакана приказна за кладбата со ѓаволот резултирала со „...Петар Шлемил“ на Шамисо, со „Фауст“ на Гете, со „Сликата на Доријан Греј“ на Вајлд, со „Доктор Фаустус“ на Ман... И? Би можел некој да заокружи само едно и да ги пречкрта останатите на основа на само тоа дека не се „оригинални“?

А за Ванила Скај, не те сфатив. Мене, искрено, Vanilla Sky ми беше за нијанса подобар од Abre los ojos. There, I said it!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Шо знам, не ме пали многу ако пишува, режира, свири и глуми...
Не знам дали знаеш за последниот филм на Пол Томас Андерсон, Phantom Thread. Човекот работи со истиот камерман на сите филмови, арно ама овојпат камерманот не може да ги погоди термините за снимање, Пол Томас Андерсон инсистира кај продуцентите да му дозволат да го пролонгира снимањето, овие му викаат најди си друг камерман и ќе снимаш тогаш и тогаш :D овој чека, одолговлекува, камерманот не е слободен - на крај, ПТ Андерсон не зема друг камерман, туку тој го раководи снимањето, а на кредитите не се потпишува како Камера од почит (или инает) и никој не е credited за камера на крај. Е тоа е лик :D
И како што велиш, на крајот на денот не е важно, важно е филмот да е добар.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Првиот филм што го добил Кјубрик со него му доделиле и оскаровски директор на кинематографија. Но Кјубрик се скарал со него и го отпуштил. Е тоа е будала.

Иначе сите филмови на Кјубрик се со сценарио на Кјубрик но адаптирано сценарио, нема оргинални.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom