FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Да, се гледа брзо и камерата и мене ми беше интересна дека статична, не ми сметаше, ама па ништо смешно ни уметничко не видов: цела балканска реалност претставена е во филмот, ама баш на начин што се случува при вакви настани, и ништо повеќе нема. Според мене де, нема ништо повеќе :D
Епа тоа е суштината у ствари. Што сакаш поише?
Батали смешно и уметничко, не ли беше добро прикажана цела балканска реалност?

Пак ќе кажам, цела балканска реалност е една голема комедија.
 
Епа тоа е суштината у ствари. Што сакаш поише?
Батали смешно и уметничко, не ли беше добро прикажана цела балканска реалност?

Пак ќе кажам, цела балканска реалност е една голема комедија.
Да, ама филмот се води како комедија, не ме насмеа ниеднаш (ведра точка беше пица доставувачот), дури ми остави лошо чувство, па свртев на Viasat Nature да ме расположат животинките после комедијава :D :D :D
 
Смрт човека на Балкану

Мене одлично ми легна филмов, брзо го изгледав, не трепнав во меѓувреме. Ми го држеше вниманието цел час и половина иако е сниман со една статична камера, и изгледа во one take, е за секој поздрав.

Ги обожавам нашите црни комедии, или што би рекле, црњаци. :D
Го имаме нашиот Викенд на Мртовци кој ми е ненадминат во оваа категорија.
Дијалози од филмот редовно си употребувам во секојдневниот говор. Дури и бев сведок на една "сцена", која беше како копија од филмот и не знам како успеав да се воздржам да не се смеам на погребот. :D

Стереотипичен приказ на нашето општество преку хумор, да се покажат сите негативни страни кои ги имаме. Системот не работи, корумпирани вработени кои не соодветствуваат со квалификациите на своето работно место, алчност за пара кај луѓето, комшии тука спремни за сеир да тргаат само и трачарат... И, во цело тоа опкружување, колку всушност човек е осамен кога ќе ја затвори сопствената врата.

Пресмешна ми беше сцената со алататот, со комшијата кога прдна, и овој му вика тука ли најде бе пред мртовецот... :D
Кога му вадеа муабети дека е педер. Па, го сожалуваа, за после, секако да го кудат затоа што ќе им падне цената на становите.
Комшиката, која гледа да изгледа само убаво пред камера.
Суеверие, глупи полицајци...
Гробарите се побрзи од брзата помош и гледаат преку туѓата болка да ја наплатат повеќе трагедијата.
Секој гледа нешто да земе, да украде, да замачка, да прикрие...
Емпатија за убиениот даваат сите јавно, пред "камера", а зад камерата, секој го покажува своето право лице.

Глумците беа одлични. Веско. Хахахаха.
Емир Хаџиџиџиџииџмиџиџици го носеше филмот сам на свои плеќи. Секоја негова појава ми беше смешна.

Може нема да ми остане некој дијалог во меморијата, нема ниту филмов да стане култен, ама е одлична, и типична балканска комедија, а мене таквите ми се омилени.

8
 
Среќна нова дечки! Здравје и среќа да не прати, од убавини да не куртулиме и да си изгледаме уште многу филмови.

56503-Merry-Christmas-Ya-Filthy-Animal.gif
 
Последно уредено:
Друга алтернатива освен јутуб? Го симнаа од јутуб, некој тука го изгледал и го репортнал да не заебе сите...:cautious:
 
не знам, прашај на темата, имаше некој линк постирано од мунгусот ама глеам и него го нема.
 
не знам, прашај на темата, имаше некој линк постирано од мунгусот ама глеам и него го нема.
Излеговме од дмс сину на анархијата или за некоја друга тема зборуеш
 
Smrt čoveka na Balkanu (2012)

Како што и насловот ни кажува, се работи за балканското соочување со смртта. Во случајов со смртта на сосед кој си го одзема животот. Низ сатиричен визир ги гледаме сите стереотипни акции и реакции на настанот. Целиот настан го набљудуваме преку фиксна камера на лаптопот. Во еден кадар и еден план, што значи едно театарско доживување или во најдобар случај студиска играна ТВ програма. Што и не мора да е лошо, како во случајов. Одлично истемпираните ситуации и ликови го прават делово мошне гледливо. Главниот лик донесе одлична изведба, другите онака.

За останатите кинематографски елементи нема што да се каже - ги нема.
Ако така го гледаме, ова не е кинематографско дело, ова е снимен театар. Ако ги апстрахираме тие елементи, имаме сосема солидно остварување.

7/10


Друга алтернатива освен јутуб? Го симнаа од јутуб, некој тука го изгледал и го репортнал да не заебе сите...:cautious:
Постирав директен линк за симнување, но го избришале. Ако сакаш пиши ПП.
 
Па добро видим да се убио, питам јел жив...

Одлично ми легна и мене, ме насмеа убаво. Ја обожавам балканската глума, природна е. Ова може да биде некој prequel на Викенд на мртовци, дека го имаше Цуре млад хахаха. Скроз ист лик, само малце позборлив. И кои се овие пцофки бе... балканциве ги имаме најдобрите пцофки без конкуренција "Како спава лебац му јебам крвав" хахахаха. "Шта си дошао овде да се напијеш", надига овој 5-та и оди си купуе две срчи да се допие. Добар, добар, ми се допадна се. Црниот хумор, дијалозите, глумата, камерата, сатиричноста.


8/10
 
Smrt čoveka na Balkanu (2012)

Би сакала да знам како би изреагирал некој Скандинавец на филмов.

За мене ова беше ко ТВ драма, а поради статичниот кадар дури не ни мораше да се гледа туку само да се слушаат дијалозите. Си ја постигна целта. Брутално и реално ги прикажа реакциите, и вистинските додека не беа свесни дека ги снима камерата, а и лажните кога се трудеа да остават добар впечаток.

Актерската игра беше прирoдна, ко да ми се случуваше во маало настанов, така го доживеав филмот. Сите ликови што ги среќаваме во секојдневие овде беа присутни и си продефилираа со целокупната своја мизерија. Целото тоа однесување, да се убие време додека се чека брза помош и полиција ни е длабоко всадено во „колективно несвесно“. Од суеверијата, претпоставките за мртвиот, до обвинувањата и самосожалувањата.

Освен сатиричната критика кон општеството, особено интересен ми беше фактот што режисерот одлучил да не ја прикаже експлицитно смртта на почетокот. А сепак таа беше тука присутна цело време. Мене како гледач ми предизвика непријатно чувство самиот факт, сознанието дека телото сè уште лежи тука, а ликовите како да заборавија на тоа. За нив ништо не промени тој факт. И кога бил жив, бил како да е мртов.

Доволен ми беше дијалогов што го отслика целиот трагикомичен нихилизам:

- Kolko knjiga ima.
- Ima u drugoj sobi dvaput toliko.
- Džaba mu kad se ubio. Bolje da čovek ništa i ne čita.

Пишете 8/10 од мене.
 
Смрт човека на Балкану
Филм со статична камера
со релативно познати српски глумци,Сценарио самоубиство на познат композитор кој живее во зграда со заедно со пониска класа луѓе .неженет моќеби не доволно ценет за неговата работа од стрна на државата ,и пота народ како народ примитивен но итар комшии балкански менталитет во суштина секој си врти на неговао и се сведува ма егзистенциа и некоја корис алатите долгот,погребално претптијатие ,агент недвижнини,полиција и брза помош на државен буџет ,си ја вршат као работата незнаеејќи дека ги снимат се однесуваат неформално слободно и кога дознават дека се снимани се однесуваѕ као професионално формално,такове народо превртлива трачари секој и животот има цена.Оцена 7.0 за оргиналната идеа
еве линк од браќата руси
 
Смрт човека на Балкану

Супер филмче! Одлично за опуштање, баш како и што претпоставував. Се пресмеав на некои сцени, ко на пример кога дуваа во рогот, или кога прдна тој, или сцената кога полицаецот дозна дека камерата цело време ги снимала... Стварно прејака комедија на ситуации. Не ми сметаше ни статичната камера, ни лошиот звук, некако се ми беше природно, особено глумата, и навистина смешно. Алал да му е на тој што го предложи! 8/10 и од мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom