FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Смрт човека на Балкану

На поинаков начин прикажани реакции на обичен народ, а за нас многу блиски ради истиот/сличниот менталитет.
Реакциите ко реакции не е дека се нешто ново и посебно (за овој регион), во секој филм горе доле ги среќаваме истите. Можеби делуваа посвежо поради статичната камера, а и целата поента на филмот беше уствари тоа. На моменти за нијанса и исфорсирани за да може да се покажат што повеќе во 80 минути.
Браво за глумциве и општо за изведбата, имаше смешки, лесен за глеање, малку динамика фалеше поради камерата, во првата вода од гравот се витамините.. 7/10

дека го имаше Цуре млад
Истото и ја го мислев секоаш коа ќе го видев гробарот
 
Последно уредено:
Вера го покриваше огледалото со пешкир, класично суеверие, никој не знае да го објасни ова ама битно така се постапува и не смееш да прашаш зошто.
Демек ко ќе се изнесува мртовецот од куќата, ако некој го види во огледалото, ќе остане заробен неговиот одраз како дух во куќата, затоа ги покриваат сите огледала и површини со отсјај. Кога бев мал баба ми не ни дозволуваше ноќе да се огледуваме во огледало, тоа потполно ми е несфатливо зошто, и ден денес, ама веројатно кога огледалото прв пат се појавило, еден куп суеверија произлегле поврзани со него, како овие две, па и тоа дека ако се скрши огледалото, ќе имаш несреќа онолку години на колку што парчиња ќе се скрши.
 
На ден пред крај на овој филм, ја споделувам со вас кратката презентација на предложувачот:

Го избрав Смрт човека на Балкану од Мирослав Момчиловиќ поради неколку причини. Првата е и најочигледна - сакав да предложам филм кој ми се допаднал и со драго срце би го препорачал на форумџии. Знам дека имам доста тешка задача да ги импресионирам филмските ентузијасти на форумот затоа што се сепак група за којашто сметам дека има најсофистициран вкус од сите што ги познавам.
„Смрт...“ го гледав на Синедејс пред неколку години во МКЦ. Се прикажуваше во некој лев термин и поради тоа што некако потсвесно имам аверзија спрема екс-ју филмови (без особена причина, но не сум навикнал да ги гледам) мислев дека ќе ме разочара. За среќа се случи сосема спротивното и признавам дека ова ми беше едно од најубавите искуства на кино проекција. Режисерот беше присутен после проекцијата и раскажуваше за процесот на подготовки и што всушност го инспирирало да го напише сценариото. Филмот има освоено награди и добиено признанија на Карлови Вари, Атина ИФФ, Задар Филм (најдобро сценарио), итн...

Многу работи се уникатни, а највпечатлива е статичната камера со која режисерот сепак успева да изнуди крупни, средни и широки кадри според мизансцената на актерите. Во главната улога е маестралниот Емир Хаџихафизбеговиќ, а во епизодни улоги се појавуваат и Никола Џуричко и Никола Којо. Приказната е сатира инспирирана од вистински настан. Времетраењето е сосема пристапно дури и за оние кои немаат многу време. Исто така, една од причините да го изберам овој филм е што лесно се наоѓа. Пред околу една година мислам дека го поставија на Youtube, а го има и на Замунда за тие што сакаат торент. Со оглед на тоа што се е во ентериер и буквално е „еден кадар филм“, снимката на јутјуб би рекол дека е солидна. А и искрено не верувам дека може да се најде во којзнае каков квалитет.

За крај, ова е прилика да го репризирам филмот. :smirce:
 
Сум испуштил нешто со предложувањево што е мистерија, али нека тера.
 
Smrt coveka na Balkanu
Ах, во тежок период го гледам филмов... сепак успеа да изнуди неколку смеења кај мене иако сум тотално уништен.
7/10

Drzi se. :)

Go ima nekade online, removed pisuva na linkot ponazad od jutub.
 
Drzi se. :)

Go ima nekade online, removed pisuva na linkot ponazad od jutub.
еве од русите светот не е само google i jutub i fejcbuk после ќе се жалиме на длабока држава а ние му гикористиме услугите холивуд фудбал и што уште не ,ама то не е тема тука :)
 
Death of a Man in the Balkans (2012)

Со оглед на статичноста на камерата, воопшто не чувствуваш досада гледајќи го филмов и тоа се должи пред се‘ на добрата глума. Дури, мислам дека токму статичната камера направи да се почуствувам како директен, нем учесник во целата ситуација што беше уште по морничаво. Ми се допадна трагикомедијата и како преку неа се прикажаа типичните карактери во нашите секојдневија.
Типичен балкански филм, ако не не‘ покаже ко најголеми сељачки малограѓани не го бива.

7/10
 
12 души го гледаа Смрт човека на Балкану и му дадоа средна оценка 7,3. Го испуштија (од активните) само @Imperatorot , @Shawn Spencer и @santelli - на сите прв неизгледан.

Следен предложувач, по редовна постапка, значи не е еден од тие дезертерите, е @zmija1 . Тој одлучи да не се селиме многу далеку, па така од Србија одиме малку сезерозападно. Негов предлог и воедно 141 филм во клубов е словенечкиот (за прв пат имаме словенечки филм во клубов, на многумина верувам ќе им биде и прв словенечки во животот) Stanje šoka / The State of Shock (2011). Па да видиме...
Автоматски споено мислење:

А, да, и пред да почнете да прашувате: го има на rutraker и exttorrents, само нема сидери. Ако не сакате да чекате, го има и на youtube, цел филм:

 
Последно уредено:
The State of Shock (2011)

Јас го имам гледано пред две три години и поради обврски не можам да го репризирам. Филмов е слична (да не речам иста) тематика како Goodbye Lenin.. знам дека ми беше интересен и дека напати ме насмеа ама во главно не е од оние што ги памтиш.

5/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom