- Член од
- 3 март 2020
- Мислења
- 2.413
- Поени од реакции
- 5.068
The Fisher King
Како што памтев, филмот е многу добар.
Џек Лукас е самобендисан познат радио водител, кој живее на висока нога. Песната што ја пушта постојано во емисија, I've Got The Power, ја опишува состојбата во која е неговото его. Безобразен и бесчувствителен со сите, наведува еден од своите фанови да изврши масакр.
По три години, го гледаме пијан, живее со девојка во стан над видеотеката. Девојката и животот со неа е под негово ниво, и така и се однесува со неа. А таа го сака. Средбата со бездомникот Пери, не го освестува во ниеден правец, сè додека дознава дека Пери е скренат заради трагедијата чиј мисловен креатор е самиот тој. Тогаш решава да се „искупи“, да направи добро дело, и прво што му паѓа на памет е најлесното: да му даде пари. Бидејќи парите не функционираат, решава да му помогне и да го спои со девојката што му е симпатија на Пери.
Откако чувствува дека се „искупил“ и си ја смирува совеста, си продолжува со богатиот живот на радио водител, во кој нема место за Ен и бездомниците, и повторно е бесчувствителен. Но, животот му подготвил замка: му нудат да води емисија за бездомници кои сакаат да бидат Home Free, и тука нешто се прекршува во него: истрчува да го најде надвор пејачот-бездомник, што се направи дека не го познава, го зеде светиот грал за Пери, отиде да се смири со Ен.
Том Вејтс е срцка во филмот.
9/10