Ноуп, ќе ја нема душата, ќе го нема истиот вајб. А и си одговараш на прашањево неколку реда погоре.
...плус ќе го нема и контекстот: филмов се појавува во едно општество каде владеела цензурата, а прикажува една тема на начин на кој дури и најблаго е да се опише како - храбар. Плус е и првенче на режисерот. Сето тоа се моменти (иако повеќето вон-филмски) кои кај мене предизвикаа дополнителен WOW-ефект.[DOUBLEPOST=1560880556][/DOUBLEPOST]
Колнати сме, Ирина
Во македонската кинематографија пред 2000 филмовите се делат на следните жанрови:
1. Комедии - вкупно 2
2. Филмови за средниот век, Византија, и општо пред 1900 година
3. Филмови за турското ропство, за комитите, за востанијата
4. Филмови за Народноослободителната борба, фашистичката окупација, тешкиот живот на народот
5. Филмови за македонското себеуништување (влегуваат и некои од 2,3 и 4 точка)
6. 2-3 експериментални филмови од крајот на 20 век
7. Колнати сме, Ирина
Филмов е дефинитивно светла точка на македонското кино небо. Бев запрепастен кога го гледав прв пат: што од храбрата приказна, што од оригиналниот пристап, што од глумата, музиката, кинематографијата, што од тоа што не очекував нешто такво, зашто се останато е сосема поинакво. Запрепастен бев и денес, по второто гледање, и уште не можам да поверувам како е можно кај нас да има вакво ремек дело. И тоа од дебитант-режисер. И тоа од истиот тој кој ги сними и Викенд на мртовци и десетици третокласни ТВ-комедиички на кои некој може да се насмее само ако го скокотнат додека гледа. Ова е за мене најзрелото, најкомплетното, најоригиналното и наубавото македонско парче филмска уметност на сите времиња. А како што сум видел и по IMDB и Letterboxd - и едно од нашите најценети остварувања насекаде во светот. Имаше еден форум за филм, странски, не се сеќавам конкретно од која држава е, имаа таму некои слични проекти како моиве скромни тука. Еден од нив - членовите на форумот гледаа филмови според одредени критериуми, и се сеќавам дека еден од предлозите за гледање беше токму овој. На крајот на годината членовите на форумот гласаа за најдобрите европски филмови на сите времиња, и Колнати сме Ирина беше меѓу првите 50 во топ 100. На многу од поединечните листи на членовите на истиот тој форум филмов им е исто еден од најдобрите 100 кои ги гледале во животот, а речиси секаде - најдобар македонски филм на сите времиња. И јас реков: не можам а да не се согласам. И по второто гледање од мене има чиста 10/10. А еве и што сум напишал на LB како рецензија по првото гледање на филмов:
Останав забезекнат. Прво, заради „авантурите” на Коле Ангеловски во жанрот (урнебесна) комедија, не очекував премногу од филмов. Второ, заради „трендот” на снимање на филмови со историска тематика, очекував уште една „варијација на тема” - „Тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство”. Наместо тоа, видов прекрасна драма-романса за една забранета љубов која и во денешна Македонија би била табуизирана, а не пак во почетокот на седумдесетите, во комунистичка Југославија во која на Голи Оток праќале за многу поблаги „злодела”. Ме изненади не само приказната, туку и режисерскиот пристап, одличната игра со светло и сенки, прекрасната музика, совршената актерска игра... Мора да му се оддаде признание за храброста на Ангеловски да постави една таква тема на една толку конзервативна сцена, но и на тогаш младата Неда Арнериќ и храброста да се соблече на истата таа сцена на која царувала цензурата. Една мала замерка за моно звукот, но со тогашната технологија, добро е и што филмот испаднал со звук

. Според мене, сепак ова е едно од најзрелите и најкомплетните македонски филмски остварувања. Ова треба да е лектира за македонскиот филм, а интересно, до пред само неколку месеци не ни знаев дека постоел. Маестрално и неповторливо дело за кое имам многу причини да го наречам „македонскиот Ordet”. И се разбира, да го крунисам со највисока оценка!
И уште го мислам истото![DOUBLEPOST=1560882607][/DOUBLEPOST]И за крај, мала анализа која ја должам од пред недела дена:
Candy го гледаа седуммина и му дадоа средна оценка 7,1. Го испуштија
@Corvus и
@grande-juve . За
@grande-juve тоа е трет неизгледан, со што (се надевам повторно привремено) е кикнат од клубот.
Завршивме и со седмиот круг и почнавме со осмиот. Во седмиот круг гледавме 8 филма, 1 повеќе од шестиот круг. Гледаа вкупно 9 члена, севкупно 57 напишани рецензии, и филмовите ги оценија со средна 7,22, што е за само 0,02 послабо од средната оценка во шестиот круг, а го става овој круг на 5 место по квалитет од почетокот до сега. Сите 8 филма ги изгледавме само тројца:
@Zlatikevichius ,
@moongoses и
@Vlatko_Gjorce . Минималната дадена оценка беше 3, а максималната - нормално, 10. Во кругот имаше 4 десетки - 2 од
@Zlatikevichius и 2 од
@wot . Но сепак, најдарежлива во оценувањето беше
@Хоуп со 7,86 средна оценка за филмовите кои таа ги гледала, и
@wot на второ место со 7,85 (секако ако не го сметаме
@Gazpapir кој има 8,00, но само за еден изгледан филм). Најскржав во оценувањето, пак, бил
@Vlatko_Gjorce со средна оценка 6,06, и
@moongoses на второ место со 6,75.
Најгледани филмови беа How to Steal a Million на
@Corvus и The Red Shoes на
@grande-juve кои ги гледале по осуммина, а најмалку гледан беше Branded to Kill на
@Vlatko_Gjorce кого го гледале шестмина.
Најдобро оценет филм во кругот, со средна 8,5 беше The Tenant на
@Хоуп , а најслабо оценет со 5,3 средна оценка - Branded to Kill на
@Vlatko_Gjorce .
Новиот, осми круг предлози веќе започна. Редоследот на предложување е следен:
1.
@Zlatikevichius
2.
@moongoses
3.
@Corvus
4.
@devilko
5.
@Vlatko_Gjorce
6.
@Хоуп
7.
@wot
8.
@Gazpapir
Со тоа ќе стигнеме до бројката од 98 предложени филмови во клубот. Се ближиме кон стотката.
И за крај, за Колнати сме, Ирина, остануваат уште 5 дена.
@Хоуп и
@Corvus - уште вас ве чекаме.