148. HEAVEN CAN WAIT (1943)
Го фатив последниот воз за Heaven Can Wait. Инаку, јас бев свесен за постоењето на филмов одамна, зашто имам за цел да ги изгледам во животот сите филмови номинирани за Оскар за најдобар филм, па така и овој ќе дојдеше на листата кога-тогаш. Но бидејќи постои уште еден филм со наслов
Heaven Can Wait, од 1978, во режија на Ворен Бити и Бак Хенри, а Ворен Бити ја игра и главната улога, бидејќи немав ништо прочитано за овој од 1943, а имаше ист наслов со другиот кој ми е гледан, некако како да претпоставив дека се работи за римејк на истиот филм. Но се испостави дека сум бил во страшна заблуда. Heaven Can Wait (1978), исто така одличен филм, исто така номиниран за Оскар за најдобар филм и плус уште во 8 други категории и освојувач на Оскар за Production Design, е фантастична драма / комедија кој буквално нема една допирна точка со овој филм. Препорака од мене да го ѕирнете.
Овој - супер филмче! Убаво напишан, одлично режиран, убаво одглумен. Мене не ми сметаше театралноста во глумата тука, очигледно тие кои замеруваат за тоа тука, не се со нас уште од самиот старт и го немаат гледано All About Eve. Многу забавен филм, пролета времето додека го гледав. Омилен лик - дедото. Кој цар беше типот! Девојкава што ја глумеше Марта само втор пат ја среќавам на филм (по Laura) - преубаво суштество! Би сакал да видам што друго има одиграно. Одличен предлог генерално. 8/10 и од мене.
___________________________________________________________________
Тука завршуваме со Heaven Can Wait (1943). Го гледаа 13 души и му дадоа средна оценка 7,5. Го испуштија:
@Gazpapir ,
@Комита Ултрас и
@__Vita____ - на сите прв неизгледан.
___________________________________________________________________
Сега имам една ваква ситуација за која ми е потребна консултација: последниот филм во овој круг веќе ми е познат, треба да го предложи
@The Cooler King . Тој треба да трае од утре, 02.05 до 15.05.2022. Што значи новиот круг би започнал на 16.05.2022. Но, во деновите 12.05-17.05.2022 нема да бидам во можност да напишам ништо на форумов, а не па да отворам нов круг, зашто имам испланирано патување. Размислував за неколку опции како да го изведеме тоа, па еве барам совет од вас која од нив да ја одбереме:
А. Да тераме со последниот филм како што е предвидено 02.05-15.05, па неделата 16.05-22.05 да направиме пауза, а новиот круг, со сите салтанати, да го започнеме на 23.05.
Б. Да направиме сега пауза од една недела, нека биде ова недела во која секој од нас би изгледал по еден пропуштен филм од клубот, а со предлогот на
@The Cooler King да почнеме од 09.05-22.05, а новиот круг да почне на 23.05.
В. Да тераме со последниот филм како што е предвидено 02.05-15.05, а новиот круг да започне на 18.05 (среда), и првиот предлог, кој секако ќе биде мој, ќе трае 2 дена пократко од останатите.
Г. Некоја друга, ваша идеја?
Секако имаме време до утре попладне, оставам најдоцна до 20:00 да одлучиме како ќе продолжиме. Отворам и анкета горе каде ги очекувам вашите гласови по предлозите, па како ќе одлучи мнозинството, така ќе постапиме.