FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Savršeni krug
Тажен филм, ама филм за војна и не може да не е тажен. Од она што сум го слушала од мои луѓе кои избегале од Сараево и од оние кои останале таму за време на целата војна, за тоа како изгледал животот во Сараево - верно беше прикажано на филмот.

8/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.123
Поени од реакции
9.978
Преварантски Блу реј е ова, нема Блу реј од филмот.
Утнале категорија, lajv koncerti lol
Прегледај го приврзокот 311887
и резолуцијата смрди малку
Прегледај го приврзокот 311888
веројатно е правен некој апскејл од ДВД.
Точно. Го знам качувачот, пушташе 'HD' торенти на доста екс-ју тракери, а само резолуцијата е налик HD, квалитетот на сликата лош.

Можеш ти то Аноне, македонскиве да не ги гледаше во хаде, маде?
Голем дел до пред некое време ги имавме во SD резолуција со телевизиски логоа, реклами за Силуете студио или ужасни ВХС снимки. :D
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.297
Поени од реакции
3.254
Savršeni krug

Филмов го гледав одма кога @Shawn Spencer го означи на ЛБ и стави review со песната од филмот, ми се допадна и реков мора да го гледам филмов. Добар филм со еден од моите омилени глумци. Мустафа е легенда. Малку лош кастинг е ова постарото дете, некако беше одбивен на моменти. Имав некои замерки и нелогичности, ама сепак солиден. 7/10
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Савршени круг

Одличен приказ на опсадата на Сараево и животот на луѓето таму. Мустафа беше одличен актер и многу добро го долови ликот во филмот. Децата му ја вратија надежта за живот и борба, за да им овозможи подобар живот и да ги спаси од ситуацијата во која се наоѓаа.
Сцените со кучето беа многу тажни.

Имаше и доста карактери кај комшиите кои би опишале како луѓето се однесуваат во воени времиња. Па така, иако беа сплотени заедно, се гледаше дека во прва прилика кога ќе останат без ресурси ќе почне секој сам за себе да гледа и ќе излезе цела човечка прљавштина на виделина (како старецот со гулабите).

Нешто што не можев да го разберам беа бројните халуцинации на Мустафа кои се повеќе и повеќе зачествуваа кон крајот на филмот и ми го расипаа малку впечатокот.
Го гледав на Јутјуб и имаше делови кои воопшто не се слушаше што зборуваа. После прочитав во коментар дека поради авторски права морало намерно да го намалат звукот.

Се на се, еден траотен филм кој нуди горчеливи чувства додека се гледа, но и надеж дека бар младината може да се извлече од тоа злосторство.
Да не се повтори никогаш повеќе овакво нешто.

7
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.021
Има на една од пајрат беј прокси страниците торент двд рип со кинески наслов напред, тој го симнувам моментално ако издржи со крај пошто има 2 сидери.
Добра е оваа верзија за нас просечните гледачи што глеаме на компјутер.

Извини Анон.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.619
Поени од реакции
21.883
The Perfect Circle (1997)

Во последно време изгледав доста видеа од заробени војници од војната во СФРЈ и филмов дојде како цреша на торта.
Посебен го прави тоа што е сниман одма по завршетокот на војната, односно потпишувањето на Дејтонскиот договор па може убаво да се види во која состојба биле улиците и зградите во тоа време и како живееле луѓето во опсадата на Сараево.
Одлични сцени. Посебно ми се допадна таа кога го претрчуваат снајперот и муабетот дека никогаш не треба да си трет во притрчување.
Првиот го забележуваат, на вториот нишанат и во третиот пукаат.

Израснав со босанци во Скопје, имав босанка девојка и премногу го сакам тој народ. Сараево ми е еден од градовите за кој ми е криво што сеуште не сум го посетил. Босанските филмови кај мене имаат посебно место. Особено ваквите каде се прикажува војната и нивните страдања.

8/10
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
The Perfect Circle (1997)
Пред да зборнам за филмот мора да кажам дека воопшто не сакам ваква тематика. Не сакам вакви приказни посебно од овие простори. Уште пред да го изгледам знам какви емоции ќе ме удрат и секогаш пропратено со гнев дека во некакво современо доба не следи примитивизам наречен војна и убивање.
Филмот е типична кинематографија за овие простори, со многу емоции, сета беда, очај и немоќност на обичниот човек.
Не ми се разликуваше од многу други филмови со слична тематика освен главниот лик Мустафа Надаревиќ кој го носи целиот филм на неговиот грб. Маестрална глума, што е и очекувано од таков генијален актер.
Интересени сцени го прават малце поразличен.
Филмот е сосема солиден ама едноставно не е по мој вкус тематиката.
7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.551
Совршениот круг (1997)

Еден обид малку поетски да се прикаже сегмент од опсадата на Сараево. Главниот лик е тој поет кој има проблем и со алкохолот, некаква рамнодушност кон семејството, некоја недефинираност на самиот себе. Дали од секогаш или како последица од ситуацијата во која се наоѓа, не беше објаснето. Имаше и обид да ги портретира останатите ликови од комшилукот преку неколку ситуации, кои повеќе служеа да дадат хумористична жица во приказната, хумор на апсурдот во случајов, отколку некаква подлабока психолошка анализа за последиците од состојбата во која се наоѓаа. На моменти преминуваше во надреализам. И тоа метафората со сцената од „Златната треска“ на телевизор во скривница каде нема струја, малку беше претерано. А имаше уште неколку слични моменти.

Звукот, односно дијалогот беше лош. Не знам дали до копијата или таков е оригиналот, но морав со превод да го гледам за на моменти да разберам што зборуваат. Музиката ок, камерата ме бендиса. Снимен веднаш по завршетокот на војната, па така искористена оригинална сценографија. Лошо играа статистите во позадина.

Не успеа целосно да ме поврзе со ликовите, фалеше нешто во целиот филм, можеби подобар дијалог, можеби нешто друго, не можам да одредам. Со тоа би бил далеку подобар филм, со оглед дека имаше добра приказна и солидна режија.

7/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.021
Да беше ова снимено во Холивуд за 2 еврејчина и замисли германец да ги спасува ќе добиеше 19 Оскари. Вака, пошто овој е од Балканот поминува скроз незабележано. А е стварно доста добар филм.
Порано многу се занимавав со екс-ју филмови, не знам како сум го испуштил овој, али најверојатно не сум можел да го најдам пошто и сеа се мачев доста.
Можеби и најдобар босански филм, сигурно боље од Оскаровскиот Ничија Земја, а и сигурно у врвот на ранг листа на екс-ју филмови.

Мустафа е врв, на плеќи го носи цел филм буквално. За другите актери не може многу да се коментира околу глумата или улогите пошто беа скроз у втор план. Децата ми беа океј, поготово Адис малиот.

Околу темата горе доле сте искоментирале, се согласувам со сите. Очекував смрт на крајот само мислев дека Хамза ќе биде убиен, вака уште пожално и потешко, поготово на крај коа со креда напиша на гробот што најверојатно никад у живот веќе нема да го посети.

Добар, добар филм.

8/10

Коментирав уште кога беше предложен дека можеби сум го гледал ама сепак не, друг е тој со Надаревиќ што сум го гледал, дури мислам и дека е македонски филм ако памтам овој збореше на македонски, нешто професор беше, па ќе го испукаат со пиштол на крај. Ќе го побарам сеа баш ако успеам да го најдам.

го најдов https://www.imdb.com/title/tt0368962/?ref_=nm_flmg_act_22
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Коментирав уште кога беше предложен дека можеби сум го гледал ама сепак не, друг е тој со Надаревиќ што сум го гледал, дури мислам и дека е македонски филм ако памтам овој збореше на македонски, нешто професор беше, па ќе го испукаат со пиштол на крај. Ќе го побарам сеа баш ако успеам да го најдам.

го најдов https://www.imdb.com/title/tt0368962/?ref_=nm_flmg_act_22
Македонски филм е ова. Дејствието се случува во Велес, во транзициските 2000-ти. Искина тука малиот Марко со глумата. А, и општо е предобар филм, различно од се друго што сме имале и ја опишува одлично ситуацијата во времето во транзицијата во македонските градови. Чудно како не е пошироко познат кај нас, со оглед за колку одличен филм се работи. Плус, Мустафа зборува подобар македонски од некои македонски глумци во филмот. Препорака за гледање има и од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom