FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.619
Поени од реакции
21.883
Македонски филм е ова. Дејствието се случува во Велес, во транзициските 2000-ти. Искина тука малиот Марко со глумата. А, и општо е предобар филм, различно од се друго што сме имале и ја опишува одлично ситуацијата во времето во транзицијата во македонските градови. Чудно како не е пошироко познат кај нас, со оглед за колку одличен филм се работи. Плус, Мустафа зборува подобар македонски од некои македонски глумци во филмот. Препорака за гледање има и од мене.
*Спојлер алерт*

Во филмот има епски сцени.
Пример кога таман ќе седнат да јадат во двор, возот ќе пројде и ќе им напраи прашина.
Сестра му на Марко кога ја плескаше црнецот умпрофорец и оваа кога почна со рап песните "фак фак фак". :D
Сцената со шахот кога место фигура Џуричко става куршум. Имаше и некои интересни фори од овие соучениците панкерите кога го тераа да праи бељи со нив. Може па и тогаш ми биле интересни затоа што сум бил многу помал.
Не знам за другите ама мене филмот ми е изгледан едно пет пати. Иако последен пат е гледан пред повеќе од 10 години, ми текнува на него многу повеќе од некој си боза филм што сум го гледал во скоро.
Покрај Мустафа и Марко, може да се спомне и одлична глума на Владо Јовановски. Перфектна фаца ракијашка беше за оние сценине со колегите од работа.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Savršeni krug (1997)

Мислам дека нема филм со воена тематика кој не може да допре до човека, ама сепак, колку и да е голем бројот на такви изгледани филмови, секој нареден те погодува подеднакво многу. Она што мене најмногу ме болеше гледајќи, беше невиноста на двете дечиња - посебно на малиот Адис, како и нивната судбина која ги запечатила животите на многубројни дечиња тогаш. Во овој филм не само што ја видовме војната преку поетот, ја видовме и преку очињата и мислите на детето.

И јас некако не ги сфатив баш халуцинациите на Хамза и зошто се гледаше себеси обесен на јаже и дали првата сцена од филмот кога беше обесен на дрвото среде гробиштата беше неговата вистинска смрт.

Се' на се' добар филм и одлична (како и секогаш) глума на Мустафа.

7/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Savršeni krug (1997)

Имам слабост кон филмови што обработуваат воена тематика. Посебно кога овие случувања ни се вака блиску и просторно и временски, а во страдањата се вклучени и деца тоа дополнително ги зголемува емоциите.

И покрај својата опозитност, поетската и реалистичната димензија на филмот градат едно совршено отсликување на душевната состојба на Хамза и децата. Истото го прават и наивните детски прашања (децата четниците ги доживуваат како чудовишта без глава оти така скриени можат да им ги видат само чизмите), но и збунетоста на Хамза како возрасен кој е целосно изгубен во својот имагинарен свет што мора да го натопи со алкохол.

Наративот се држеше до автентничен дијалог, црн хумор и иронични секојдневни ситуации и сцени кои се во служба на нихилизмот, а сепак поезијата (иако на никој не му е гајле за неа) ѝ дава доза светлина на изгубената душа.

Токму симболиката што ја носи насловот, совршениот круг нема почеток и нема крај, така и Хамза нема излез, почнува од нула (нулата, иста форма како и кругот) и повторно се враќа назад. Затоа како што постојано како „имагинарен призор“ виси на бесилка, така и постои растрган меѓу животот и смртта, во потрага по смисла и утеха.

Има еден куп аспекти што може да се анализираат, атмосферата многу ме потсетуваше на филмовите на Тарковски, како и на „Иди и смотри“ на Климов, но ми се чини само на овие простори успеваме и со најголемата безизлезност да се справиме со некаков суптилен, црн, ироничен хумор упатен кон животот и кон нас самите.

Единствено нешто што ми сметаше беше техничкиот аспект, слабата кинематографија и лошиот звук (музиката беше одлична, но на моменти беше погласна од дијалогот и морав да гледам со превод на англиски).

Оценка: 9/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Дали сум и јас меѓу нив? Да размислувам за предлог филм, ако сум :)
Ти веќе предложуваше филм во првиот круг. Сега ќе си го чекаме ние редот во следниот круг, таму некаде в година.
Автоматски споено мислење:

BOY WONDER

Филмов ко студенти да го правеле, ептен аматерски делуваше се. Ама заради должината и крајот, некако замижав со едно око и му дадов една 7/10, иако долго се двоумев помеѓу 7 и 6. Оценката плус е заради неочекуваниот крај - црвената марка на пликот. Инаку, моментот со полицајката и фрлањето на пиштолот ми беше толку глупав што буквално немам зборови да го опишам. Ова беше ко некој wannabe суперхеројски аматерски филм. Приказната - ко Бетмен за сиромашни. Ама пак ќе речам, генерално позитивен впечаток ми остави дека беше краток и гледлив.

SAVRSENI KRUG

Одличен филм! Ја имале „среќата“ да снимаат непосредно по војната, па така сценографијата ја надополни реалистичноста, што беше огромен плус за мене. Мустафа Надаревиќ :cuc: - актериште! Децата исто беа закон, особено малиот. Гуглав што станало со нив по филмов. Тој има глумено во 6-7 филма севкупно меѓу кои и во „Караула“ на Грлиќ. Другиот, немиот, ова му е единствен филм. Низ филмот се наѕира целата тежина, целата болка која ја носи војната, навистина тешки се за гледање ваквите филмови. Тука, особено крајот. Единствени две замерки тука ми беа: звукот - слично ко во 99% од македонските филмови, и тука музиката и ефектите прегласни, а за да слушнеш што зборуваат актерите мораш да си метнеш слоновски уши. Добар дел од репликите ми избегаа зашто стварно едвај слушав. И другата замерка - втората половина оа филмот некако ја затупеа со ништодешавање. Да го скрателе тој дел, сметам дека ќе беше многу поефективно. Ама пак ќе речам - без овие две замерки, супер филм! Една солидна 8/10.
Автоматски споено мислење:

Boy Wonder го гледаа вкупно 15 членови и му дадоа средна оценка 6,5, исто како претходниот филм во клубот. Го испуштија само:

@devilko и @wot - на двајцата прв неизгледан.

За Savrseni krug има уште 4 дена. Потсетување до: @Corvus (најавено отсуство, ама сепак морам да те тагнам), @Anon , @wot , @Комита Ултрас , @grande-juve и плус очекуваме рецензија со оценка од предложувачот: @Shawn Spencer .

И ко по обичај, хинт за следниот предлог, ама не ви кажувам кој е предложувачот:
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.104
Поени од реакции
8.170
де онаа листата во ексел што се наведени филмовите кој што гледал да ја набаци не можам да ја најдам, фала
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Душичка бе, малото, интересното...
Savrseni Krug
7.25/10
Солидно филмче но кога ќе го споредам на пример со не знам, Животот е убав, не може да се носи, нормално.
Предобро беше направена и пренесена цела таа реалност од војната, тие рушевици, огани, пукотници, оштетени автомобили, расфрлани железа... но не успеав да се поврзам толку многу со Изет и децава. Кажете ми сега и во овој филм дека звукот беше океј :D
Eww preteen nudity.
И што беше со онаа сцена со гулабот, јеботе, па шта је био то кад је онај стари са секиром јурио овог детета па су одједном појавили сви ових комшије, цјепали су том дрветом, била је нека гласна музика, и одједном се овај стари упуцао у главом, јеботе, шта је био то неки Дејвид Линч моменат.
што не го гледаш уште ти остана и газда злате
wow
фала
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom