Дечки мене не ми се веруе... али налетав на вакво инфо, незнам дали Шпиц шират дезинформации или старно ќе се дешава ова...Шпиц напиша:Српскиот пејач Здравко Чолиќ и британскиот диџеј Фет Бој Слим на 18 декември на скопскиот плоштад ќе ги забавуваат Македонците на прославата што владата ја организира по повод стапувањето во сила на визната либерализација, дознава „Шпиц“. Според нашите информации, во тек се преговори за настапот кој нашите извори тврдат дека ќе чини околу 300. 000 евра. Од продукцијата која треба да ги донесе овие ѕвезди вчера ниту ни потврдија ниту негираа дека се во преговори, но сепак навестија дека во нивна организација се е можно.
По веста дека странци ќе ја уриваат визната либерализација, македонските пејачи се револтирани затоа што владата која се декларира како патриотска ќе носи странци на прослава која е исклучиво македонска. Тие тврдат дека во ова време кога се уништува македонската музика, најмалку владата е таа што треба да носи странци на вакви настани.
извор
Fatboy Slim во Скопје?!?!?!?!