Fantasy Premier League 2020/21

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.292
Ако Меси дојде во лигава онда без сомневање не го ставам во тим :D
Мислам би бил напаѓач за некоја солена сума и сите ќе мислат дека ќе го повтори резултатите од Ла Лига, а во реалноста најверојатно не би имал повеќе поени од ДеБрајне
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.083

25гола/21асистенција во Ла лига со умрена Барса
Де брујне 13/20 ПЛ, при најдобро изиграна сезона во кариерата

Секоја цена ќе биде оправдана за Меси, збореме за најдобриот играч на денешницата.
Сметај дека пенали, слободни, корнери, се ќе му собере на кдб, дефинитивно ќе вреди да се има во тим.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.619
Поени од реакции
12.431
Ако Меси дојде во лигава онда без сомневање не го ставам во тим :D
Мислам би бил напаѓач за некоја солена сума и сите ќе мислат дека ќе го повтори резултатите од Ла Лига, а во реалноста најверојатно не би имал повеќе поени од ДеБрајне
Ако има бар трунка вистина во она што се шпекулира што се е спремен да понуди Сити за Меси, повеќе од јасно е дека ќе ја базираат цела игра на него.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.292
25гола/21асистенција во Ла лига со умрена Барса
Де брујне 13/20 ПЛ, при најдобро изиграна сезона во кариерата

Секоја цена ќе биде оправдана за Меси, збореме за најдобриот играч на денешницата.
Сметај дека пенали, слободни, корнери, се ќе му собере на кдб, дефинитивно ќе вреди да се има во тим.
Со умрена Барса во умрена ЛаЛига

Не го потценувам Меси, ги потценувам другите екипи во Ла Лига :D

Пошто ова што го зборам кога би се превело значи дека сакам да кажам дека Меси, на стари години, во нова средина и лига да направи резултат еднаков на најдобрата сезона на КДБ и останати други играчи

Ама да, кога би се кладел би уплатил сериозен under на 35 +голови/асистенции комбинирано, ќе растура на неколку утакмици, ама би бил затворен против посериозни екипи кои ќе се базираат на една тактика - затвори го Меси и еби му матер (па тука други ќе блеснат) :D

Ќе видиме, од неутрален аспект најзабавно ќе биде Меси да дојде, башка и да се докаже (10 години подоцна) дали муабетите од порано "A be batec slusaj sto ti zboram ovoj Mesi ke se izgubi u anglija hehe" држеле вода или не :D
Автоматски споено мислење:

Ако има бар трунка вистина во она што се шпекулира што се е спремен да понуди Сити за Меси, повеќе од јасно е дека ќе ја базираат цела игра на него.
Па да, слично како и лани што горе доле играта се базираше на КДБ. Со таа разлика што Меси ќе му биде прва сезона во нова лига, нова средина, при крај на кариерата е, полека има и психички притисок за уште еден голем успех...
Во некоја ваква равенка ми звучи сосема солидно границата за over/under на голови/асистенции за Меси да биде 35.5
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.292
Аналогно на ова, пошто се умрени сите екипи во Ла Лига, Хазард требаше да изгази?
Не бе, баш ми одговара ова за аналогијата :D

Играч што газел во една лига, оди во друга лига, растурил во еднава лига, оди под неверојатен притисок во другата лига, се повредува, пола сезона седи на клупа и лечи повреда..и тоа е тоа :D

:icon_lol::icon_lol:
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Не бе, баш ми одговара ова за аналогијата :D

Играч што газел во една лига, оди во друга лига, растурил во еднава лига, оди под неверојатен притисок во другата лига, се повредува, пола сезона седи на клупа и лечи повреда..и тоа е тоа :D

:icon_lol::icon_lol:
Ама нели не ја бива лигата, изигра 20+утакмици сезонава требаше според тоа што претходно го покажа во ептен јаката лига, да даде повеќе од 1 гол?

Да не се разбереме погрешно, и јас мислам дека англиската е потешка за играње, ама дека Меси нема да се снајде у таков тим на Сити не би рекол.
Напротив, ако не му ја искрши ногата некоја будала, ќе има 25+ голови во лига, а од друга страна КДБ ќе има над 20 асистенции.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.083
Меси против најдобрите англиски екипи во ЛШ 2005/06 - 2018/19
34 натпревари(2928минути) 26 голови / 6 асистенции
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.292
Ама нели не ја бива лигата, изигра 20+утакмици сезонава требаше според тоа што претходно го покажа во ептен јаката лига, да даде повеќе од 1 гол?

Да не се разбереме погрешно, и јас мислам дека англиската е потешка за играње, ама дека Меси нема да се снајде у таков тим на Сити не би рекол.
Напротив, ако не му ја искрши ногата некоја будала, ќе има 25+ голови во лига, а од друга страна КДБ ќе има над 20 асистенции.
Па да, поради тоа што имаше други работи кои имаа влијание врз (не)успехот во лигата. Исто како што сега и Меси си има одредени работи кои би имале влијание врз неговиот перформанс.

Мислам не ме сфати преозбилно, фала богу само правиме хипотетички муабети, дури мислам Меси да го видам во дрес на Сити уште нема да ми е за верување а камо ли па вака уште од сега математики да му правам :D

Ама да, ете, 20ина голови, 10ина асистенции е нешто фер да се очекува, јас мислам далеку е тоа од лош перформанс според мене, не верувам дека никој би му замерил ако заврши со 20 гола и 10 асистенции, баш напротив одлични бројки се тоа

Меси против најдобрите англиски екипи во ЛШ 2005/06 - 2018/19
34 натпревари(2928минути) 26 голови / 6 асистенции
Еве, фер статистика е и ова.

КДБ лани во 2790 минути има 13 голови и 20 асистенции

Значи КДБ во помалку минути стигнал до комбинирано 33 наспроти 32 на Меси.

Мислам дека сепак мојот муабет дека Меси ќе има слична статистика на најдобриот играч од лани и не треба да е толку контроверзна колку што испадна :D

Небаре реков "Меси ќе испадне Бенџани Мварувари втор дел" :D
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Па да, поради тоа што имаше други работи кои имаа влијание врз (не)успехот во лигата. Исто како што сега и Меси си има одредени работи кои би имале влијание врз неговиот перформанс.

Мислам не ме сфати преозбилно, фала богу само правиме хипотетички муабети, дури мислам Меси да го видам во дрес на Сити уште нема да ми е за верување а камо ли па вака уште од сега математики да му правам :D

Ама да, ете, 20ина голови, 10ина асистенции е нешто фер да се очекува, јас мислам далеку е тоа од лош перформанс според мене, не верувам дека никој би му замерил ако заврши со 20 гола и 10 асистенции, баш напротив одлични бројки се тоа

Еве, фер статистика е и ова.

КДБ лани во 2790 минути има 13 голови и 20 асистенции

Значи КДБ во помалку минути стигнал до комбинирано 33 наспроти 32 на Меси.

Мислам дека сепак мојот муабет дека Меси ќе има слична статистика на најдобриот играч од лани и не треба да е толку контроверзна колку што испадна :D

Небаре реков "Меси ќе испадне Бенџани Мварувари втор дел" :D
Меси го има постигнато тоа само против топ 6 екипите(ЛШ) додека КДБ играл 12 утакмици против екипи од овој калибар минатата сезона.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.134
Овој Кастањ можно е крило да игра во Лестер. Переира е стандарден десен бек, Кастањ игра крилен бек/крило. Повеќе ми оди накај крило дека ќе игра. Ставен е во одбрана со 5.5 цена.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314

Ако се оди на варијанта двајцата да се стартери мислам дека Переира би добил поофанзивна задача. Ако не се лажам имаше случаеви каде што играше како крило
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Меѓу еден од сигурните ми беше Винагре од Волвс (4.5м).
Џони повреден, така што ќе беше стартер. Еве му донесоа конкуренција, така што минутажата не му е веќе загарантирана. А последно има шпекулации дека ќе се пресели во Порто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom