Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Хуан го продолжи договорот со Рома до 2013, и се поактуелни се вестите во врска со доаѓањето на Трезеге и Лугано во Рома. Ајде ајде полека да се активираме за следната сезона. Инаку за престојниот натпревар против Торино очекувам една убедлива победа, плус и 7 првотимци нема да им играат на Торино.
 
Sea so Torino gi gazime iako im treba za opstanok...cist 1... Igraat bez mnogu prvotimci a i mora da se zavrsi sezonata na olimpiko so pobeda.:smir:
 
Хуан го продолжи договорот со Рома до 2013, и се поактуелни се вестите во врска со доаѓањето на Трезеге и Лугано во Рома. Ајде ајде полека да се активираме за следната сезона. Инаку за престојниот натпревар против Торино очекувам една убедлива победа, плус и 7 првотимци нема да им играат на Торино.

не знам зошто го сакаат Лугано кога ги имаат Мексес и Хуан, Лугано не е играч за резерва тој е многу добар, а за Трезеге Јуве сакаат околу 10-11мил а тоа е многу, видов сега Рома пратила официјална понуда до Губерти(24) играч кој добро би се снашол во тактиката на Спалети и одма би му го зел местото на Тадеи кој не можам да го смислам
 
2 CHRISTIAN PANUCCI
4 JUAN
5 PHILIPPE MEXES
7 DAVID PIZARRO
9 MIRKO VUCINIC
10 FRANCESCO TOTTI
14 FILIPE
15 SIMONE LORIA
16 DANIELE DE ROSSI
17 JOHN ARNE RIISE
20 SIMONE PERROTTA
21 SOULEYMANE DIAMOUTENE
23 VINCENZO MONTELLA
24 JEREMY MENEZ
25 GUILHERME DE MORAIS GUSMAO ARTUR
27 JULIO SERGIO BERTAGNOLI
33 MATTEO BRIGHI
38 MARCO D’ALESSANDRO
40 ALESSANDRO MALOMO
77 MARCO CASSETTI

еве ги оние кои се на располагање за натпреварот со Торино, а сега видов дека во брзо време Рома ќе добие нов газда

по се изгледа натпреварот Рома вс Торино е наместен Рома губи со 0-1 и прими многу глуп гол од 20метри

по се изгледа натпреварот Рома вс Торино е наместен Рома губи со 0-1 и прими многу глуп гол од 20метри
 
Ее, немој да ми кажеш дека вака ќе заврши. :nesum:
 
Ете ви бе....не е наместена
 
Браво за Рома!!! Немате поим колку ми е мило што Торино ќе испадне.
 
Головите и шансите од денешниот натпревар, Супер гол на Менез - човеков се разигра на крај, Тоти го постигна 178 гол во Серија А и се изедначи сега со бројот на постигнати голови со Бониперти.
 
Честит победа за крај..
 
одлична победа за крај, браво за Менез прекрасен гол, но и на Вучинич не беше лош, сега уште да видиме дали Рома ќе има нови сопственици, ако веќе ја продадат тоа да биде во блиска иднина за да има време да се мисли и за засилувања:helou:

малку закаснав но сакам да кажам дека веќе вчерашниот ден 30мај се облежани 15 години од смрата на големата легенда и икона на Рома Агостино Ди Бартоломеи кој почина на 39 години, исто така вчерашниот 30мај обележа 25 години од финалето во ЛШ во кое Рома на домашен терен изгуби од Ливерпул на пенали

еве во чест на легендата

 
Заврши и оваа сезона за Рома, сезона која се надевам дека ќе сакаме многу бргу да ја заборавиме. Вредно е да се запамтат само два натпревари од оваа сезона кои сепак беа само моменти на инспирација и мотивираност ( кои ги немаа во текот на целата сезона). Неуспехот за оваа промашена сезона нема да го барам кај никого иако се знае кои ќе се посочат: Раководството, промашените трансфери, играчите, тренерот.... На ова се надоврзуваат и секојдневните шпекулации околу продажбата на Рома, кои никако да резултираат со нешто поконкретно. Ова е во кратки црти се што можам да прокоментирам за оваа сезона. За наредната само ќе посакам да имаме здрави играчи ( тука пред се мислам на Аквилани), потоа сакам јасна состојба кај раководството или се продава или останува досегашното и со тоа да се затворат сите шпекулации, сакам да се размисли малку повеќе во врска со трансфер политиката. Продажба на играчите кои не се снајдоа во оваа средина и враќање на еден дел од оние кои се на позајмица. Поголема координираност и зацврстување на одбраната во тимот која оваа сезона прими голови колку и екипите што испаднаа од Серија А. Поголема дисциплина на играчите кои се заборавија со добивање на црвени картони. Ова е тоа што можам да го посакам за наредната сезона. Се надевам на успех наредната сезона бидејќи Рома и нејзините навивачи го заслужуваат тоа.
 
Малку задоцнето...но честито победа и исфрлување на Торино од првата лига:helou:
Со среќа летово... и среќно купување :pos2: .... :helou:
 
Вучинич потпишал нов договор со Рома до јули 2013 тоа е одлична вест за тимот

Во врска со сезоната што помина не сакам да коментирам ништо, бевме навикнати во последните три-четири години да ја гледаме Рома во битката за скудетото и сега одеднаш 6-то место ЈБГ, но не сум многу изненаден бидејќи не ми е прв пат што ќе ја гледам Рома во уефа купот, само сум разочаран од тоа што имавме тим за титула, но поради многу околности испаднавме најголемо разочауравање во првенството, она што го кажа Krkiroma во врска со продажбата на клубот е сосема во право, значи што побргу да се донесе одлука и истата да се реализира или ќе се продаде Рома или нема да се продаде, мое мислење е дека фамилијата Сенси ја кочи сета работа бидејќи тие сакаат да останат сопственици на Рома но поради големите финансиски долгови не се во можност да го задржат клубот, поради тоа тие ја одолговлекуваат работата со цел да најдат решение и излес од долговите за да некако продолжат да бидат сопственици на Рома-ова беше кажано во упростена верзија од моја страна но само тие најубаво си знаат како стојат работите, лично моја желба е да се продаде клубот
 
абе јас еднаш назад во еден пост кажав за Сенси фамилијата моментано како го кочат тимот ама ме нападнавте одма демек како традиција има ова она. Без разлика што и да правела Сенси фамилијата не му обрнувала до толку внимание на тимот, единствено последното Калчо на рома со тој дрим тим. Се виде остарен , вложи пари во тимот и како лична сатисфакција си освои Калчо... па се се распродаде од Рома после то и ги врати парите, и пак Рома во 2-3 или којзнај кој план.
Не ме свакајте погрешно , јас Рома и во Серија Б да игра ке ја сакам подеднакво, ама ако знам дека сопствениците даваат се од себе. Ама вака воопшто не ми се допаѓа , јас ке бидам пресрекен ако Сенси се откажат од Рома и така до душа не е сигурно колку внимание ке обрнат новите сопственици ама убеден сум дека ке е повеке од ова.

лоша сезона за Рома во секој случај, не само од позицијата на табелата гледано , ами и од катастрофалните резултати со ривалите , градското дерби, а се до повредите што беа секојдневие, и позиционираноста на одбраната што прими катастрофално многу глови. Ајде другата сезона ке е далеку подобра од оваа. останува сега да видиме што ке се случи со тимот и очекувам здрави трансфери а не Рома пак да го бери ѓубрето од другите тимови. :smir:

ФОРЦА РОМА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom