Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Добри се дресовите за наредната сезона, што се однесува до дресови Рома никогаш не ме разочарала, секогаш имаат најдобри дресови, интересно е за оваа година што на црниот дрес го враќаат старото лого на тимот. А за другите дресови ми се допаѓа оној на QPR.
 
Тоа најмногу ми се свиѓа. Морам да го земам црниот дрес.

Еве како фан на Рома и јас да искоментирам нешто за оваа завршена сезона:
Едноставно лоша сезона за Рома. Уште од старт. Со тие слаби резултати нигде не одевме. Кога почнавме да се враќаме во форма, почнаа стандардно да се повредуваат клучни играчи како Тоти, Аквилани, Вучинич. Исто така и среќата не беше на наша страна. Зборам конкретно за натпреварот со Арсенал во ЛШ. Во пенал рулетот е прашање среќата, ние ја немавме со промашениот пенал на Тонето. Во некои утакмици со Серие А имаше многу нерегуларности што мене лично ме изнервира. Ама да гледаме малце и на светлата страна. Добро завршување на сезоната со победата над Милан, Торино. Рома знаеа многу добро да изиграат некоја утакмица, но и знаеа да кикснат. Од целата сезона ќе ми остане во сеќавање натпреварот со Интер 3-3. Не ми е битен резултатот, туку битна ми е одличната игра што ја покажа Рома на тој натпревар. Едвај чекам да ја видам Рома на старото место, со одлични резултати. Сакам што побрзо да заврши ова купување на Рома, и се разбира
FORZA ROMA!
 
http://roma.theoffside.com/team-news/the-roman-season-end-awards.html

по завршената сезона еве како teoffside.com ги оцениле залсугите на играчите,за тоа кој е надобриот/најслабиот играч на Рома оваа година итн. многу обаво ги опишале работите што и се случуваше оваа година на Рома

една другарка ќе оди во Рим и ќе и кажам да ми го купи новиот црн дрес на Рома многу ми се свига, ако би бирал со бројка би зел на Аквилани, веќе имам на Тоти и Де Роси:helou:
 
Ајде сега за Рома е заинтересиран и Moammar al gaddafi. Јас не знам што станува со сопствеништвово на клубов.http://en.wikipedia.org/wiki/Muammar_al-Gaddafi

Milano Finanzia соопштува дека Рома и официјално е ставена на продажба, но сега засега само Фиоранели се јавува како заинтересиран за купување. Ова што ќе испадне работава сите ја сакаат а на никој пари не му се даваат за купување. Изгледа најголемата грешка Рома ја направи минатата година кога одбија понудата на Сорос.
 
Ајде сега за Рома е заинтересиран и Moammar al gaddafi. Јас не знам што станува со сопствеништвово на клубов.

Milano Finanzia соопштува дека Рома и официјално е ставена на продажба, но сега засега само Фиоранели се јавува како заинтересиран за купување. Ова што ќе испадне работава сите ја сакаат а на никој пари не му се даваат за купување. Изгледа најголемата грешка Рома ја направи минатата година кога одбија понудата на Сорос.

сето ова околу продавањето на клубот ми стана многу глупо и гледам што повеќе да не се замарам, секој ден гледам нови но слични информации, и се си останува на нула на почеток никаков напредок :(
 
јас мислам дека рома конечно ќе биде продадена. уште одамна се гледаше дека сенси нема пари :toe:
 
Многу ме пали претседателката Росела незнам зошто . Сакам таа да остане претседателка на Рома :vozbud::vozbud::vozbud: .:pos2::smir: :helou:
r_sensi.jpg
:toe::vozbud::pos2:
 
2 кг шминка те пали , челото нејзино, или мустачињата шо ги држи ? :smir:
 
Ах Росела, Росела кога ќе разбереш веќе еднаш. Факт е дека фамилијата Сенси направи многу за Рома, тоа никој не го негира и е признато од навивачите на Рома, но доаѓаат моменти кога треба да се каже Збогум.

Денес се очекува да се има состанок помеѓу Спалети и Росела Сенси во врска со останувањето или заминувањето негово. Е сега ќе видиме што ќе испадне од сето тоа. Инаку најверојатно иако не е официјално по се изгледа Панучи ќе го напушти клубот ( на мое големо разочарување ). Како можни дестинации за неговото заминување се Наполи или Фиорентина. Моамер Ал Гадафи се очекува да дојде во Рим во прва официјална посета на Италија, но се претпоставува дека би дал и понуда за купување на Рома. Ова за интересот на Гадафи многу не ме зачудува поради фактот што еден од неговите синови ја води фудбалската федерација на Либија - Ал Саед Гадафи. Можеби го имате слушнато ова име затоа што има настапувано во италијански клубови: Перуџа, Сампдорија, Удинезе. Тој бил и во бордот на директори на Јувентус затоа што тогаш поседувал 7,5 % од акциите на Јувентус, но отстапил од клубот кога започнал да игра за Перуџа. Така да на фамилијата Гадафи им е позната ситауцијата во италијанскиот фудбал. Нас ни останува само да си чекаме...

И еден Брејкинг њуз... Спалети останува и наредната сезона.
 
да да Спалети останува, па ако отидеше не верувам дека подобар ќе ни дојдеше, сега ако може Гадафи да прати понуда за Рома па да се реши и тој проблем, па нови засилувања:helou:
 
ајмо свежина во тимот ми се смачи да ги гледам секоја година истите :)
 
Денес во 21 часот на Олимпико во Рим ќе се одигра проштален натпревар во чест на Винсент Кандела, човекот кој најголем дел од својата кариера го помина во Рома одигрувајќи 210 натпревари и постигнувајќи 14 голови. На овој натпревар ќе настапат фудбалерите од шампионскиот тим на Рома од сезоната 2000/2001 и фудбалерите на Франција кои триумфираа на Светското првенство во 1998 година. Тоти против Зидан.
 
би сакал да најдам линк од оваа утакмица ама не верувам

инаку за Рисе Барселона пројавила интерес но веројатно ќе остане со Рома, додека Стефано Губерти би требало да потпише со Рома овие денови, цовекот има 24 години и игра како крилен напаѓач нешто како што беше Мансини во Рома одлично би ни дошол, барем ќе игра на местото на Тадеи(сакам да го продадат)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom