Фан клуб - РК Вардар

Кога ко клинец одев на запад, немаше вакви срања, јас стварно не знам што ви се случува во групата, ама нека не ве чуди што сите од страна гледаат на вас ко хулигани. Овакви глупости едноставно не се дозволиви ако сакаме да бидеме европски клуб.
 
Тимур Магнет Дибиров :( Кај се него го мават... Веќе незнам што да се прави, 100 пати е речено и напишано секаде да не се фрла со ништо, ама ко на ѕидот да му зборуваш, страшна работа. Друга работа до кога полицајциве курташак ќе си играат, како тоа упаѓаат и буткат и мават насекаде, незнам зашто влегоа дали за да најдат кој фрли или нешто друго, ама да земат да буткат на сите страни да мават не е никакво решение, да не збориме што неможеше да се излезе, невидено....
Иначе Карачиќ :cuc: море им еба матер поштено, Дибиров исто стандардно најак. Штета навистина за Малумбрес се разбрани после долго време, можеа да прогледат низ прсти судииве. Ама па и од друга страна и Страхиња имаше одличен ден па си газеше и он, камо среќа секоја утакмица вака разбранети да се. Одиме на 2 место :D
 
Не знам дали се Комити или рандом навивачи на Вардар, ама го прекардашивте денес...
Еднаш му ја дупнавте главата на Дибиров. Денес - втор пат. Јас да сум, има да си седнам на клупа без да ми чуе. Колкав идиот треба да бидеш за да фрлаш со предмети на терен? Прво, правилна беше одлуката на судијата. Второ - толку ли си ГЛУП за да не резонираш дека може да повредиш сопствен играч? Дебили! МОРОНИ! Жал ми е за Дибиров, јас пропаднав во земја кога го опнаа по глава...

Греота е што ваквите испади на поединци се на штета на останатите (нормални) љубители на ракометот. Ради вакви дебили, јас и останатите нема да може да влеземе со цигари или запалка на натпревар (иако никогаш не сум ни помислил да запалам цигара во сала). Заради ваквите ќе ни ги тресат паричките од новчаник. Ради ваквите уште 100 години нема да помислиме да се напиеме пивце на трибини, како цел цивилизиран свет...

Браво за Вардар и Самсоненко! Се надевам дека радоста ќе потрае многу повеќе :)
 
Извини Лино, ама Вардар е сепак вистинскиот шампион на Македонија. Фантастично издание.

Можеби е рано да зборувам, но овој Вардар со Гонзалез има некоја друга димензија, игра поразновидно и позрело. Дај Боже да се продолжи со ваков ритам.

'' Комити '' пак затаија. Некоординирани и како едвај да навиваа. И пак од таа трибина некој сељак фрли со некаков предмет и пак го повреди Дибиров. До кога бре со ваква малограѓанштина? Да беше некој друг играч, ќе му пукнеше филмот и ќе си заминеше на сред сезона. Затоа што ова на Дибиров не му се случува првпат.

Општо атмосферата во салата не беше премногу добра, освен во неколку наврати кога постигнавме голови со цепелин. Е тоа беше мелем за очи!

И да не заборавам. Гулабите беа хит во салата.
'' Ги носувал изгледа Таир Зендељи, од Турска... ''

Другар излеа не ја виде ситуацијата денеска на трибина , после толку тепачки на трибина ти сакаш навивање ..
Врвот беше коа дојде ЕБР и почна да мава , после тоа воопшто не навивавме затоа не се слушавме , ама јас не ги кривам толку ЕБР бидејки наши членови си криви што се испотепаа и овие толку им требаше за да се качат , органзиција кај нас хаос , а тој што го погоди Дибиров никад да не се појави во сала , 100 пати е кажано да не се мава ама од толку индијанци мора некој да испадне будала ...
Сум рекол подобро 300 - 500 навивачи сите асални , тогаш ке ја видите правата група Комити Запад , се додека ни доаѓаат индијнаци на трибина и се тепаат меѓу себе ке идеме надоле ..
 
Честитки до сите вистински навивачи на Вардар за пласманот во нардната фаза. РК Вардар како бренд го заслужи тоа, го оправда своето реноме и на Македонската јавност и донесе голема радост. Уште еднаш честитки. Ви посакувам многу среќа во преостанатите натпревари во групата и во елиминационата фаза.

Е сега за непријатните случки. Комитите уште еднаш покажаа дека не се класична навивачка група, туку обична багра. Не заслужуваат да имаат ваков успешен тим и ваков газда, а уште помалку го заслужуваат великанот Дибиров во нивниот „омилен„ тим. Сеогаш кога има некој спектакуларен настан, вие го расипувате. Срам да ви е. Ја срамите и оваа држава и овој народ. Треба сериозно да се замислите дали сте навивачка група или збир од простаци.

Спортски поздрав.
 
Ич нема да ги жалам и 100 стапа да изедат од џандарите после дупнатата глава на Дибиров...
Не поминува кај мене ACAB приказната. Не сум убеден дека некој јадел пендрек без потреба. Да, имало „колатерална штета“ во сите тие турканици, ама ако си со групата која прави проблеми - биди подготвен да ланпнеш пендрек...
 
Ич нема да ги жалам и 100 стапа да изедат од џандарите после дупнатата глава на Дибиров...
Не поминува кај мене ACAB приказната. Не сум убеден дека некој јадел пендрек без потреба. Да, имало „колатерална штета“ во сите тие турканици, ама ако си со групата која прави проблеми - биди подготвен да ланпнеш пендрек...
Типот што изеде ни крив ни дужен ќотек од желките со Стеауа кога беше утакмицата ?
Не се ни тие некои невинашчиња.....да не сакаат да лупаат некого нема желки да станат.


Иначе семката да му се исуши на тој што фрли.....аман бе по 100 пут не им влага во глава на некои дебили.Викам ја.....одма при излагање на камери да се идентифукува тој и да се кастрира за такво глупо нешто никад да не се размножи.
 
Иако изгледа дека фрката ја праела цела трибина, се се сведува на 2-3-ца пијани фаци.
Тоа што по 50 души изгледаат дека се тепаат е само оптичка варка, пошто сите разделуваат, а само двајца се тепаат.
Уште на влегување знаев кои фаци ќе направат проблеми и бидна што бидна.
Имаше некои 5-6 тепачки помеѓу истите ликови во повеќе временски интервали...
И плус една женска тепачка :D
Тепачките мораше да биднат баш ради тоа што некои не го почитуваат редот на трибината. За жал другарите на пијандурите место да реагираат за добротона групата, они си ги бранат другарите иако не се во право и затоа настанува хаос. А и не ми е јасно како гипуштаат на врата?
Уште многу ќотек треба да падне на трибина за да биде се во ред.
Удирањето на Дибиров volume 2, срамота за цела трибина. Џабе беше апелирање да не се гаѓа, Македонски менталитет...
Затоа и салата ќе си остане неисполнета :)
Шлаг на тортата беше куртонот што на крај влезе во терен и насилно му го зема дресот на Карачиќ :cuc:

Првото полувреме помина во добра атмосфера, особено при крајот кога се пееше ОООООО-ОООООО-ОООООО Алееее напред Вардарееее. Ежење :)
И моментите кога го баравме Диви на гол, па Малумбрес самиот си искочи за Диви да брани иако не беше во план :pos:
Кловнов денес беше добар на голот и мислам дека црвениот му беше престрого досуден. Мада прво судијава му даде две минути, па пошто приговараше му даде црвен.
Карачиќ имаше свој ден, ете што значи кога бекот ќе почне дапогодува и од далеку. Во прво полувреме семачевме, правевме акции, ама ниеден гол немавме дадено од 9 метра, па затоа разликата беше мала. Кога ќе почнеш да бушиш од бек одма е друга работата и лагано си победуваш :D
Прибак се изнадодава. Денес ги изненадивме на пикери. Ги убивме со пасови до пикер. Супер беа пикерите денеска,и доста простор правеа и сите топки ги прифатија, даваа голови иливадеа пенали. Чиста десетка.
Но пак ќе речам,фали бек шутер особено на лева бековска позиција.
Фичо закачи еден добар удар од далечина и ми враќа надеж дека ќе може да буши, а Абутовиќ беше изгубен во нападот, така да на вакви мечеви нека игра само одбрана. Козлина денес беше солиден во одбрана, мора да го пофалам.
Крилата стандардно ѕверови, Дибиров си нагази, неколку пати и убаво украде, а Брумен како одминува времето е се подобар и подобар. На почетокот не ми се допаѓаше како играше, ама сега е супер.
Денес очекував победа и мило ми е дека тоа се оствари.
Целта е остварена, влеговме во осмина финале.
Се повеќе е бонус. Останува да го добиеме Тун, и во последно коло да одиме на двата бода во Париз :D
 
Ич нема да ги жалам и 100 стапа да изедат од џандарите после дупнатата глава на Дибиров...
Не поминува кај мене ACAB приказната. Не сум убеден дека некој јадел пендрек без потреба. Да, имало „колатерална штета“ во сите тие турканици, ама ако си со групата која прави проблеми - биди подготвен да ланпнеш пендрек...

Кој да изедат? Заради некој сељак шо фрлил со пара и сега некој да јади ќотек и казни?? Неможите да ја кривите нав. група комити за фрлена паричка. Таков народ сме ние 50 години назад од сите ...Во врска со тепањето меѓу нив,то треба да си го средат шо побрзо...не е ништо ново то кај многу навивачки групи го има...секако дека не чини.
А за ова другото болдирано немој не зборај,ако имаш видено 50 случки со полицијата,другите 500 ги немаш...
поздрав до Комити неќам да ве гледаме растурени во март :sneaky:
 
Ако Вардар играл благодарение на Метлаург Лига на ШАмпиони, тогашп после денешенава победа они играат во 1/16тина финале благодарение на Вардар. Ова според логиката на Лино Чевлар.
 
Ако Вардар играл благодарение на Метлаург Лига на ШАмпиони, тогашп после денешенава победа они играат во 1/16тина финале благодарение на Вардар. Ова според логиката на Лино Чевлар.

Сега ние сме вистинските патници у следна фаза, они лажни се :pos:
 
Имам едно прашање до комитите и воопшто навивачите на Вардар, сигурно имало сведоци кои го виделе човекот кој фрли по Дибиров, зошто не го истеравте од сала веднаш, затоа што во овој случај оставате лош пример како навивачка група...
 
Честитки честитки! Со среќа 4 место,па да идете и до полу-финале.
А Комити право на центрирање,му ја избушивте глаата на Дибиров :pos:
 
Честитки честитки! Со среќа 4 место,па да идете и до полу-финале.
А Комити право на центрирање,му ја избушивте глаата на Дибиров :pos:

Цитрон, да сме живи и здрави.. ќе збориме кој ќе заврши четврти..
 
Тактички најдобар натпревар на Вардар сезонава. Одлично издание и покрај играчките проблеми.

За "навивачите" се е кажано, по 100 пат се случува истото, дури не сфатат комитите дека никој однадвор не може да им го реши проблемот и дека мора самите внатрешно да се средат и да ги избркаат сите проблематични па макар тоа било и пола група. Вака само ќе гледаме срам за ракометот и за државата. Милион пати поарно да нема никаква навивачка група и да има скандинавска атмосфера отколку ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom