Ај тука ќе ти реплицирам
Прво, да се пријавиш кога ќе бидеш во МКД, да пивнеме нешто

Второ, зошто не ни пишуваш во фан клуб?
бев во скопје 3 недели околу нова година. имав намера да се видиме најискрено, но сплет на околности и ми испадна најтапа одмор икад што сум го имал во живот. повеќе фактори. болна ми беше малата, болен бев јас, најтопла температура целиот тој период беше -10, магли, снегови, други некои ситни проблеми се на се ептен безвезе.
не се сеќавам која утакмица беше сабота ден, сакав да дојдам да гледаме, ама видов овде дека нема никаков договор, никој не спомна дека ќе се гледа, а потоа се испостави и да се договорвме немаше да можам да дојдам.
инаку, како и
@Dekio7 и јас нон стоп читам пратам се, од воз, од нога, пред-после утакмица..секогаш кога можам, а тоа е доволно да не пропуштам ништо. освен кога ќе забегате со цеци и слично
но прашањето беше не дали читам, туку зошто не пишувам

хм.. имам навика кога сакам нешто да кажам тоа да биде повеќе од 2-3 реда за да се искажам целосно. повеќе пати ќе се логирам да пишам, и ќе се откажам

си викам кој ќе се објансува сеа, многу пати ми се десило тоа
тука секако голем фактор се обрвските кои ги имам, имам и ќерка мала
@superstarpizza знае што значи тоа, особено ако си татко како мене на кој ептен му е мерак да и дава млеко секогаш, да ја успива, да ја пресоблака, да ја рани, да си игра, шета и слично. плус за два месеци чекам уште една ќерка, е тек тогаш
мое лично мислење е далеку од тоа фан клубов е неактивен. имајќи предвид колку членови сте навистина активни, мал број, завидувачки е колку често има нови мислења. да, секако би било боље да има +10 такви, ама ете моментално не се, а ги има, реално.
јас уште на почеокот на сезоната најавив дека ќе се мачиме, драстично си ги намалив очекувањата за да полесно ги поднесувам поразите, кои беа премногу и тоа од просечни екипи.
јас генерално не сум фан на роџерс, но сум против да го сменат. целата кариера на роџерс во ливерпул во мои очи е: 3-4 утакмици максиум - браво, 30 утакмици минимум- ужас, се останато просек. од менаџериал аспект. можеме колку сакаме да се залажуваме. симеоне после една сезона во атлетико, малтене истиот тим кој го наследи, го напраи топ 5 во европа. му ја растурија екипата со агуеро, излезе појак со фалкао. го растурија концептот со фалкао, излезе уште појак со коста. го растрија со коста, ќе видиме годинава, на добар пат е за одлична сезона.
ја растурија екипата со суаерз - распад систем во ливеруп. не сакам да се залажувам дека имаме добар тренер. немаме. ако ништо друго, не беше добар кога го земавме, ако му се дадат 5 сезони, може нешто и ќе научи. има уште многу да се збори на тема роџер, но сепак, чим сме се фатиле на орото да го играме. сум против смена, сакам да остане и целосно 4-5 сезона да докаже дали е добар тренер и да ги демнатира сите скептци, или да се испостави тоа што го мислам.
на тема џерард, што да кажам? жал ми е да го гледам. сите збориме што направил за ливерпул. јас многу добро знам што направил за ливерупл, од 700 изиграни утакмици 690 му ги имам гледано. точно знаеме колку е голем. ако не и најголем. но збориме за сега, за сезонава, за прошлата, за последните 3-4. не се сеќавам кога веќе добил 1-1 дуел, истиот човек кој пред 7-8 години дај му задача да игра против макалеле и виеира во исто време, нема пробем! ем ќе ги чува, ем ќе трча покрива и средува за други. асистира и бомби од секаде. тоти и пирло уште маваат бомби, џерард му требаат 10 утакмици да му фати еден шут како што треба. мое миселње е дека ливерпул го надмина џерард, ливерупл може и те како е спремен за без џерард.
од другиве играчи, стариџ ќе се врати во форма тек наредна сезона кога ќе ги помине подговотивките во фул фитнес, а не после 6 месеци неиграње одма на највиско ниво во најкритичниот момент од сезоната. затоа не очекувам чуда од него
балеотели не ме разочара воопшто, баш тој приод од очекував од него, ама очекував со истиот приод да има барем 7-8 до сега во ПЛ. тоа ме изненади
чан ни е убедиво најдобриот фудбалер на терен, тоа се увиде уште од подготовките во лето. за ловрен, лалана, рики, маркович...искрено не трошам време, тотално разочарување за мене. особено од маркович, мислев дека е далеку подобар фудбалер.
сите други играат во рамки на свои можности, затоа сме и таму каде што сме. екипата моментално е со лимитиран капацитет, и освен чудо, не можам да очекувам ништо посебно. 4-то место ќе биде рамно на освојување на шампионска титула. иако за тоа 4то место почнавме да збориме додека сеуште бевме дел од актуелава лига на шампиони, каде базел и лудогорец не елиминираа, а сега ќе сме оделе на лига европа.
се надевам ќе пишувам почесто, и пократко

ама не ветувам ништо