Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Тоа што не го сакаш Роџерс не значи дека не треба да не дружиш тука :)
Скаузерот, Дивајдерот исто се против него па често си пишуваат...

И да, никогаш не вели никогаш :)
 
Ве читам постојано, само некогаш сум толку револтиран од постапките во клубот, што подобро е да не пишувам никаде :)
 
Би рекол дека си во право што не пишуваш ама за доброто на фан клубов, да ни заживее, пишувај почесто. Сакав сите „наши“ да ги пингам, да се појават. Подобро било каква дискусија од колку никаква :)
 
Ај тука ќе ти реплицирам :)

Прво, да се пријавиш кога ќе бидеш во МКД, да пивнеме нешто :)
Второ, зошто не ни пишуваш во фан клуб?

бев во скопје 3 недели околу нова година. имав намера да се видиме најискрено, но сплет на околности и ми испадна најтапа одмор икад што сум го имал во живот. повеќе фактори. болна ми беше малата, болен бев јас, најтопла температура целиот тој период беше -10, магли, снегови, други некои ситни проблеми се на се ептен безвезе.
не се сеќавам која утакмица беше сабота ден, сакав да дојдам да гледаме, ама видов овде дека нема никаков договор, никој не спомна дека ќе се гледа, а потоа се испостави и да се договорвме немаше да можам да дојдам.

инаку, како и @Dekio7 и јас нон стоп читам пратам се, од воз, од нога, пред-после утакмица..секогаш кога можам, а тоа е доволно да не пропуштам ништо. освен кога ќе забегате со цеци и слично :)

но прашањето беше не дали читам, туку зошто не пишувам :) хм.. имам навика кога сакам нешто да кажам тоа да биде повеќе од 2-3 реда за да се искажам целосно. повеќе пати ќе се логирам да пишам, и ќе се откажам :) си викам кој ќе се објансува сеа, многу пати ми се десило тоа
тука секако голем фактор се обрвските кои ги имам, имам и ќерка мала @superstarpizza знае што значи тоа, особено ако си татко како мене на кој ептен му е мерак да и дава млеко секогаш, да ја успива, да ја пресоблака, да ја рани, да си игра, шета и слично. плус за два месеци чекам уште една ќерка, е тек тогаш :)

мое лично мислење е далеку од тоа фан клубов е неактивен. имајќи предвид колку членови сте навистина активни, мал број, завидувачки е колку често има нови мислења. да, секако би било боље да има +10 такви, ама ете моментално не се, а ги има, реално.

јас уште на почеокот на сезоната најавив дека ќе се мачиме, драстично си ги намалив очекувањата за да полесно ги поднесувам поразите, кои беа премногу и тоа од просечни екипи.
јас генерално не сум фан на роџерс, но сум против да го сменат. целата кариера на роџерс во ливерпул во мои очи е: 3-4 утакмици максиум - браво, 30 утакмици минимум- ужас, се останато просек. од менаџериал аспект. можеме колку сакаме да се залажуваме. симеоне после една сезона во атлетико, малтене истиот тим кој го наследи, го напраи топ 5 во европа. му ја растурија екипата со агуеро, излезе појак со фалкао. го растурија концептот со фалкао, излезе уште појак со коста. го растрија со коста, ќе видиме годинава, на добар пат е за одлична сезона.
ја растурија екипата со суаерз - распад систем во ливеруп. не сакам да се залажувам дека имаме добар тренер. немаме. ако ништо друго, не беше добар кога го земавме, ако му се дадат 5 сезони, може нешто и ќе научи. има уште многу да се збори на тема роџер, но сепак, чим сме се фатиле на орото да го играме. сум против смена, сакам да остане и целосно 4-5 сезона да докаже дали е добар тренер и да ги демнатира сите скептци, или да се испостави тоа што го мислам.

на тема џерард, што да кажам? жал ми е да го гледам. сите збориме што направил за ливерпул. јас многу добро знам што направил за ливерупл, од 700 изиграни утакмици 690 му ги имам гледано. точно знаеме колку е голем. ако не и најголем. но збориме за сега, за сезонава, за прошлата, за последните 3-4. не се сеќавам кога веќе добил 1-1 дуел, истиот човек кој пред 7-8 години дај му задача да игра против макалеле и виеира во исто време, нема пробем! ем ќе ги чува, ем ќе трча покрива и средува за други. асистира и бомби од секаде. тоти и пирло уште маваат бомби, џерард му требаат 10 утакмици да му фати еден шут како што треба. мое миселње е дека ливерпул го надмина џерард, ливерупл може и те како е спремен за без џерард.

од другиве играчи, стариџ ќе се врати во форма тек наредна сезона кога ќе ги помине подговотивките во фул фитнес, а не после 6 месеци неиграње одма на највиско ниво во најкритичниот момент од сезоната. затоа не очекувам чуда од него

балеотели не ме разочара воопшто, баш тој приод од очекував од него, ама очекував со истиот приод да има барем 7-8 до сега во ПЛ. тоа ме изненади

чан ни е убедиво најдобриот фудбалер на терен, тоа се увиде уште од подготовките во лето. за ловрен, лалана, рики, маркович...искрено не трошам време, тотално разочарување за мене. особено од маркович, мислев дека е далеку подобар фудбалер.

сите други играат во рамки на свои можности, затоа сме и таму каде што сме. екипата моментално е со лимитиран капацитет, и освен чудо, не можам да очекувам ништо посебно. 4-то место ќе биде рамно на освојување на шампионска титула. иако за тоа 4то место почнавме да збориме додека сеуште бевме дел од актуелава лига на шампиони, каде базел и лудогорец не елиминираа, а сега ќе сме оделе на лига европа.

се надевам ќе пишувам почесто, и пократко :) ама не ветувам ништо
 
Некој пост против Ален? Или требаше да даде гол? Или пак против Брендан?
 
Некој пост против Ален? Или требаше да даде гол? Или пак против Брендан?
Уаа Ален кускуле. :D Шала на страна супер си изигра човекот, на овој натпревар голот го примивме заради грешката на Шкртел, комотно можевме да имаме clean sheet.
 
Уаа Ален кускуле. :D Шала на страна супер си изигра човекот, на овој натпревар голот го примивме заради грешката на Шкртел, комотно можевме да имаме clean sheet.
Далеку од тоа дека грешката беше само на Шкртел.
Гооолем удел имаа Сако и Хендерсон стоеја и го оставија Шкртел сам.
Неможе Шкртел да разбива двајца а после да викаме дека била негова грешка.
 
Далеку од тоа дека грешката беше само на Шкртел.
Гооолем удел имаа Сако и Хендерсон стоеја и го оставија Шкртел сам.
Неможе Шкртел да разбива двајца а после да викаме дека била негова грешка.
Да речеме дека е така, ама штопер од рангот на Шкртел дефинитивно можеше подобро да реагира.
 
Далеку од тоа дека грешката беше само на Шкртел.
Гооолем удел имаа Сако и Хендерсон стоеја и го оставија Шкртел сам.
Неможе Шкртел да разбива двајца а после да викаме дека била негова грешка.

Ако некој друг му кумуваше на голот, тоа беше Џан, кој прво не го излезе да се направи офсајд, а второ, и покрај грешката на Шкртел, по одбраната на Мињоле, тој мораше да биде многу поблизу, да го изблокира вториот обид.
 
Бодо којзае колку ти е мрачен животов. Што Роџо е недопирлив; Што почна да покажува жилавост и смени некои очигледни работи кои беа пред крисмас потребни, а со тоа почна и по муцето дрско да ти враќа; Но и покрај се колку што дознав неофицијално, баш околу тој период мора и на работа да идеш. :kezec:

Смени бе брат ,тактика. Ја батали својата филозофија со која не удави 2 години и почна да си ја спасува работата:D[DOUBLEPOST=1423992759][/DOUBLEPOST]Гледам за примениот гол се збори.

Шкртел не е крив никако. Играчот пројде од страна на Чан а овој не мрдна ни со прст цела таа акција. Стоеше и го гледаше Шкртел како пробува на метро од гол двајца да затвори.
 
Последно уредено:
Акo мoже дa се прaвaт/пoстaвaт aнкети нa нaшaвa темa би билo финo, сo цел дa се придвижaт членoвите и дискусијaтa :)
 
eve da diskutirame dali mozeme do cetvrtoto mesto i dali treba so balo i sturidg vo prv sostav da go napadname toa cetvrto mesto ? inace pozitivno sum iznenaden od mignolet fala na rodgo sto imase muda da go stavi brad fakin jones za da se opameti ovoj
 
Си не дупи малку :D
[DOUBLEPOST=1424081664][/DOUBLEPOST]
eve da diskutirame dali mozeme do cetvrtoto mesto i dali treba so balo i sturidg vo prv sostav da go napadname toa cetvrto mesto ? inace pozitivno sum iznenaden od mignolet fala na rodgo sto imase muda da go stavi brad fakin jones za da se opameti ovoj

Од искуството на Роџерс, никој нема загарантирано место. Плус, ако се игра купот до крај и ЛЕ до полуфинале пример, ќе има простор за сите играчи да си ги добијат своите минути, се разбира по заслуга.

И јас сум позитивно изненаден, конечно можам да го кажам тоа но сеуште стојам на ставот дека му треба подобра бек ап опција. Види го што прави на гол, се понаша ко Ноер а не бранеше три утакмици ради Џонс. Замисли да има подобар голман кој ќе се бори за неговото место а нема само да ти биде тренинг партнер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom