Сакавте добар тренер, го добивте, али едно нешто ме интересира, кој к*р не играат така и со 11 играчи во средината, беа маестрални, да се уклучеше некој во вториот дел немаше ни да примети дека Интер имаат играч помалце, па зар треба да губат или да имаат играч мање па да почнат со пресинг и игра ко да нема утре, али еј, не беше ова типично за Интер ?
Мечот беше отворен со убава акција и реализација од Станкович, асиснтеција на Курз кој во остатокот на мечот зафаќаше место на терен, по незнам кој пат се повторувам али ова е џокер - играч, а не играч кој треба да ги стартува мечевите . Судијата ноу комент, среќа Интер победија во овој дуел иначе добро рефератче со лепење на епитети ке му удрев, таков старт и тоа во прво полувреме, на центарот од игралиштето да се санкционира со директен црвен е срамота, башка што истото се случуваше пред неговите очи али ај, демек простено му е .
По црвениот следеше доминација на Катанија до крајот на првиот дел, добри 15 минути инфарктно стање не следеше . Баш со Чекич удривме муабет што ли ке биде во второто полувреме, 45 минтуен пекол, ама, го добивме она обратното али и двајцата рековме само со уште еден гол може да се добие овој меч. Катанија во вториот дел имаше само една шанса која им беше укажана случајно бидејќи топката се одби од играч на Интер и заврши во стативата, иако од прв поглед изгледаше дека падне лесна интервенција на Цезар . Остатотокот од мечот беше неутрализација за Катанија, и неколку шанси на Интер од кои едната реализирана при добра контра и супер асистенција на Деки до Ибра, реализација на ниво, нормално за таков играч .
За Сантон уште стојам на тоа дека и според конституција, и според начин на игра, техника, треба да се проба во средината како офанзивен играч, мада и вака е солиден, иако е деснак може да игра и лево . . . супер играч добиваат во иднина .
п.с. Би требало да имаат право на жалба Интер за црвениот, нели ? Ај, тоа со Адри не го видов убаво па искоментирав дека е незаслужено, али овој црвен беше смешен, во вакви ситуации се делеле и усни опомени ( Кака и Кварезма ), максимум жолт картон, голема грешка на судијата која не се одрази во остатокот од мечот .
п.м.с. Реков уште летоска дека ке биде голема грешка доколку Дејан биде продаден, потенцирав дека уз Мурињо ке се препороди, иако покорисен би бил доколку игра на местото на Мунтари ( му треба и него одмор на психа ), за нијанса подефанзивно од сегашнава позиција, а пред него некој од креативциве Мансини/Кварезма .