Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Џабе гледаш хајлајтс на Милан-Интер ако не ги гледаш коментирани од ѕверот. Ај презент, Роберто Скарпини
 
Знајте шо си размислував??? Криво ми е за Ривас што си замина. Можеше да биди замена за Шнајдер, се си мислам дека ќе го бидеше за плејмејкер, после асистенцијата на последната утакмица...
 
Има торенти само пишете Интер - Милан и подредете по „најнови“ ќе излезе торент. На мининова имате. Еве линк.
 
Има торенти само пишете Интер - Милан и подредете по „најнови“ ќе излезе торент. На мининова имате. Еве линк.

Takви первезии не се пропуштаат ни под разно...вечер ке ја симнам и место порка ке си ја гледам утакмицата :pos2::pos2:
 
Дечки, денес Пандев со вашиот Интер да не потпишува договор??? Сега на спортските вести на Сител селекторот Јонуз спомна дека Пандев не пристигнал во Скопје затоа што потпишувал договор со некоја голема екипа, но не спомна ни која е ниту пак од каде е. Некако ми мириса како Интер да е!!
 
Не би требало. Се шпекулираше за Јуни, кога ќе биде слободен играч, па за Јануари... ама тоа беше пред трансферот на Снајдер. Сепак, прочитав и после трансферот еднаш, за евентуална трампа Мунтари - Џенас и за Пандев, и тоа на transfer market кој е еден од порелевантните сајтови.

Му посакувам на Пандев да потпише за некоја екипа за да може да игра. Ако е тоа Интер, честам пиво, ама во моментов не ми изгледа веројатно.

Цитат на неделата:

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]Leo: 'We're not the worst team'[/FONT] [FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]Leonardo insists the derby humiliation is not the end of Milan’s dreams. “We’re not the worst team in the world.”[/FONT]
:pos:
 
само нека се теши така !

п.с.Интериста те чекам на МСН за сликите!

http://www.fcinter.com.mk/index.php?option=com_morfeoshow&task=view&gallery=1&Itemid=97

Слики од собиранката на Интеристи Велес! Интер-Милан 0-4
 
Дечки, денес Пандев со вашиот Интер да не потпишува договор??? Сега на спортските вести на Сител селекторот Јонуз спомна дека Пандев не пристигнал во Скопје затоа што потпишувал договор со некоја голема екипа, но не спомна ни која е ниту пак од каде е. Некако ми мириса како Интер да е!!
Најверојатно за Фиорентина.
Тоа му е и најдобра опција, ќе игра во лига на шампиони, не би требало да има проблем со првотимски статуси сепак Фиорентина е класа подобар тим од Лацио.

Во Интер тешко дека ќе се снајди. ЌЕ ја грее само клупата.
 
ке се снајде во интер мурињо ако го побара не го бара само за на клупа! плус имаме околу 50 утакмици по сезона така да ке има на 20 минимум настап!
купот секогаш ке биде стартер а со послабите екипи во италија ке добива шанси!
 
,,Денеска е нов ден и треба да размислуваме за натпреварот со Парма,, - Жозе Мурињо
 
А сега, уште малку сеир:

Дербито гледано од аспект на навивачите на Милан (нивни блог):

Што беше најкатастрофално во дебаклот на Милан во дербито со Интер?

derbydisaster460.jpg

Не сум сигурен кој е најлошиот аспект од поразот. Дали тоа што се потврди дека Роналдињо може да одигра само еден добар меч месечно? Дали тоа што во еден замав беше збришана целата самодоверба која Милан успеа да ја собере и покрај катастрофалното лето? Што покажува дека Сиена беше исклучок, а не правило. Дека Хунтелар играше и покрај тоа што тренерот и претседателот имаа чувство дека не треба?

Дека играчите како Пирло, Замброта и Јанкуловски се очигледно минато? Дека на Сидорф му требаат 10 минути да го облече дресот додека Гатузо лумпува по теренот, насилно и глупаво обидувајќи се да ја пополни дупката? Дека овој тим на Милан можеше да загуби и од играчите на Интер кои беа на клупата?

Најлошо сепак, мислам дека е тоа што, можеше да биде многу полошо.

Откако падна третиот гол, со 10 играчи на теренот, 9 ако се земе во обзир Роналдињо, очекував Нероазурите да се одмаздат за поразот од 0-6 во 2001, па дури и да го надминат. Милан беше уништен, отиден, незнам каде но не беше тука. Сваќам дека беше акт на ретка дарежливост што Интер застана на 4-0, како да спасува полжав од средината на тротоарот каде може да биде прегазен...

...Оваа екипа едноставно не е доволно добра да гарантира место во први 4, а камо ли да направи нешто во Европа. Кога ќе дојде Реал Мадрид, ќе треба да го киднапираме Кака и да го натераме да игра за нас под друго име. Интер го продаде Ибра и ја реконструира екипата, ја направи посилна од било кога. Милан го даде Кака надевајќи се дека Роналдињо ќе му ги реши проблемите.

Да, тоа ќе е најкатастрофалното нешто во поразот...
:pos2:
 
Зависо Јонус што смета за голем клуб а со моменталната ситуација и Турново е поголем клуб од резервите на Лацио:pos2::pos2::pos2:.

Шала на страна постои можност Пандев да пристигне во Интер ама за тоа треба да се исполнат многу услови и пред се зависи од желбата на играчи од типот на Матераци и Кварезма дали би прифатиле да играат во Лацио.

Иначе Пандев е планиран за после јануари кога Ето ќе отиде на Африканскиот шампионат. Башка може да го пријавиме како младинец:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom