До крајот на првенството остануваат уште 12 кола, т.е. 36 бодови. Во превод: НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО.
Предноста што ја имаме во однос на Атлетико и Реал е добра, ама далеку сме од освоена титула.
Со Рајо в гости ќе биде тешко, наспроти сите очекувања дека ќе ги згазиме. Мислам дека овојпат Рајо ќе го смени пристапот, нема да игра толку отворено и со толку високо поставена одбрана, така да нема да ги наполниме со 4-5 гола.
Рајо сезонава дали во 3-4 натпревари само не дадоа гол(против Атлетико, Билбао, Малага...). Последен пораз им е на 6ти јануари, од тогаш наваму имаат 2 победи и 5 нерешени мислам.
По нивното враќање во Примера во 2011та, немаме проблем во дуелите со нив, а на гостувањата немаме примено гол (победи од 0-7, 0-5, 0-4 и 0-2), меѓутоа пак ќе повторам овојпат мислам дека ќе биде тешко гостување.
Добро за нас е тоа што освен Рафиња немаме друг повреден играч.
Барса е во страшна форма и се надевам дека вака ќе продолжиме и понатаму. Самиот факт што ова е прв пат после 2004та сите натпревари во месец февруари да ги победиме (иначе, тежок месец ни беше) зборува многу.
Следуваат најбитните 3 месеци, а јас само би посакал да бидат исто така добри како овие три месеци кои поминаа (декември, јануари и февруари = последните 20 натпревари имаме 18 победи и 2 нерешени, од кои едната во купот).