Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе да не прететувам, ама мислам дека овој тим е најблиску до совршенство. Едноставно не е реално ова што го прават, кога ги гледам се чувствувам како ФИФА да играм, какви потези, брз пренос на топка, максимална прегледност на игра, уште ако ја подобрат реализацијава, нема да има клуб кој ќе си оди без 5-6 парчиња. Сведочиме на најдобриот тим во историјата на фудбалов :cuc:

Visca el Barca!
 
У среда Нејмар и Суарез мора да одморат, МОРА! Исто и Алба, и кај него се гледа дека е преморен. Другите горе доле ги ротира често. Меси не е изморен пошо трча 8км на утакмица, а другиве по 12 :ROFLMAO:
Сакам да го видам Арда на крило исто и Вермален на штопер. Мора да добива повеќе шанса, не ми се верува дека Матје е поквалитетен од него кој добива дупло повеќе минути.

Алвеш - Пиќе - Вермален - Адриано
Маскерано
Раќитич - Иниеста
Мунир - Меси - Арда
И да кикснеме со овој составнема да ми биде криво барем ќе одморат дечките за ЛШ.
 
Во четврток играме во 9 вечер. Пак имаат скоро 4 цели дена да одморат , мада и јас би ротирал барем еден од триото. За со Рајо ни треба побрз напад па би го оставил Нејмар , а Суарез нека биде на клупа. Или нека го изиграат прво со сите тројца , па после нека извади некој.
 
До крајот на првенството остануваат уште 12 кола, т.е. 36 бодови. Во превод: НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО.
Предноста што ја имаме во однос на Атлетико и Реал е добра, ама далеку сме од освоена титула.

Со Рајо в гости ќе биде тешко, наспроти сите очекувања дека ќе ги згазиме. Мислам дека овојпат Рајо ќе го смени пристапот, нема да игра толку отворено и со толку високо поставена одбрана, така да нема да ги наполниме со 4-5 гола.
Рајо сезонава дали во 3-4 натпревари само не дадоа гол(против Атлетико, Билбао, Малага...). Последен пораз им е на 6ти јануари, од тогаш наваму имаат 2 победи и 5 нерешени мислам.
По нивното враќање во Примера во 2011та, немаме проблем во дуелите со нив, а на гостувањата немаме примено гол (победи од 0-7, 0-5, 0-4 и 0-2), меѓутоа пак ќе повторам овојпат мислам дека ќе биде тешко гостување.
Добро за нас е тоа што освен Рафиња немаме друг повреден играч.

Барса е во страшна форма и се надевам дека вака ќе продолжиме и понатаму. Самиот факт што ова е прв пат после 2004та сите натпревари во месец февруари да ги победиме (иначе, тежок месец ни беше) зборува многу.
Следуваат најбитните 3 месеци, а јас само би посакал да бидат исто така добри како овие три месеци кои поминаа (декември, јануари и февруари = последните 20 натпревари имаме 18 победи и 2 нерешени, од кои едната во купот).
 
Значи печени се сега за пораз, време им е :icon_lol:
 
Рафиња читав за недела дена се враќал на терените.
 
Рафиња веќе тренира сам скоро месец дена. Имаше на фб клипови трчаше шпринт , и дриблаше во песок. Цврсто изгледаше и стабилно , и психички е спремен и изгледа доста добро.
 
Barcelona line-up (official): Bravo - SergiRoberto Pique Mascherano Mathieu - Rakitic Busquets Iniesta - Messi Suarez Neymar
 
Добар избор со Матје и Пике тандем. Манучо им е стартер , и е страшно висок и јак играч со глава. Потребни се двајца високи да се надскокуваат со него при центаршутеви во наш 16стерац.
 
Мислев ќе одмара некој од триото..Зошто Вермален не добива шанса? Како и да е одиме на победа!
 
Честито рекорд за Енрике, успеа да го доведе тимот до совршенство.

Кој е рекордот за најмногу поени во една сезона, дали има шанси да се случи тоа
 
Честито рекорд за Енрике, успеа да го доведе тимот до совршенство.

Кој е рекордот за најмногу поени во една сезона, дали има шанси да се случи тоа

Над 100 мислам дека беше , го стигнавме пред неколку години. Има уште 11 кола , ни треба победа у сите и пак нема да го стигнеме. :D

Barselona je šampionsku sezonu zaokružila na najbolji mogući način. Na Nou Kampu su ugostili Malagu i ispratili je sa 4:1, čime su došli do 100 bodova. Katalonci su bili vrlo raspoloženi pa su svoje navijače obradovali sa tri gola u prvih 16 minuta, a pogotke su postigli Vilja, Fabregas i Montoja :LOL:

http://sport.blic.rs/fudbal/evropsk...jala-do-100-sosijedad-u-ligi-sampiona/zfsbbrg
 
Честито рекорд за Енрике, успеа да го доведе тимот до совршенство.

Кој е рекордот за најмногу поени во една сезона, дали има шанси да се случи тоа
Искрено тимот е 5 класи над другите тимови и мое мислење е затоа се таму каде што се.
Од тоа што досега го имам видено од Барса т.е. немам видено ништо посебно од Енрике како стратегија или читање на играта на противникот или план Б, Ц итн итн. Едноставно момците се од друга планета, посебно МСН и си газат све пред себе, Енрике ми е како само да се каже дека има тренер :) Тоа е, му се поклопија коцките.
btw оваа година мислам дека Барса има реални шанси да одбране титула во ЛШ за прв пат во историјата, е доколку тоа не се случи од овој тим, дефинитивно никој никогаш нема да ја одбрани таа титула.
 
Два гола предност и играч повеќе, нека ги вади Суарез и Нејмар. Нема потреба од трошење. Ќе требаат свежи за со Еибар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom