Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Во недостаток на новости малку забава со киндерите на Барца.

Овој што е број 1 Араухо не е фудбалер на Барца се надевам дека ќе имаат интерес да го откупат од Бока мислам, многу е атрактивен!
 
Факт е дека годинава освен Меси во нападот никој друг не е стандарден, факт е дека моментално Тељо можеби е и втор најдобар напаѓач на Барса, ама исто така е факт дека Педро и Виља треба да е тандемот против Баерн, оти сепак има многу повеќе искуство во нив отколку во Санчез и Тељо.
А дека Педро прераснува во Miroslav Klose играч кој растура за репрезентација, а во клуб никаде го нема и тоа е јасно одамна веќе.
Интересно е што Педро не влегува во шанси кога игра за Барса.

Санчез промашува по 3-4 шанси сам пред голман на секој натпревар, Тељо знае да се уплетка како и сите млади играчи ама влегува во шанси, a Педро кога ќе влезе во шанса дава голови, ама тоа е еднаш во 10 натпревари.
 
Интересно е што Педро не влегува во шанси кога игра за Барса.

Санчез промашува по 3-4 шанси сам пред голман на секој натпревар, Тељо знае да се уплетка како и сите млади играчи ама влегува во шанси, a Педро кога ќе влезе во шанса дава голови, ама тоа е еднаш во 10 натпревари.

Проблемот е во позицијата што ја игра.Во Шпанскиот национален дрес често се уфрлува од крило во класичен шпиц(зато и толку голови стега) а во Барселона е невозможно покрај Меси кој ја има таа улога.Во Барселона е стандардно крило а во Шпанија ротира.
 
Проблемот е во позицијата што ја игра.Во Шпанскиот национален дрес често се уфрлува од крило во класичен шпиц(зато и толку голови стега) а во Барселона е невозможно покрај Меси кој ја има таа улога.Во Барселона е стандардно крило а во Шпанија ротира.

Пред две години имавме по 2-3 играчи со повеќе од 20 голови. Сега имаме само еден -- Меси. Педро играше во Барса како што игра сега во Шпанија и даваше голови. Ама после тоа тимовите сватија како да се бранат против Барса со три играчи што се опасни само од централни позиции и Гвардиола мораше да го стави Педро на крило и да ги „увезе“ Куенка и Тељо од Барса Б затоа што немаше класично крило во тимот.

А, на никого не му паѓа на памет да го реши проблемот највеќе ради политика.

Прво Лапорта го купи Виља пред да си оди за да му помогне на неговиот кандидат да победи ама за џабе. Можеше тие пари да се потрошат на играч што повеќе одговара на крилна позиција.

После тоа следната година цело лето се изгуби за да се донесат Фабрегас и Санчез. Кога да се купеше Агуеро со парите што се дадоа за нив двајца ќе се решеа многу повеќе проблеми. Вака го имаме Фабрегас кој што не ни е уопште потребен (не дека е лош ама не носи ништо различно во играта т.е. не сме послаби без него) и Санчез што испадна тотална утка.

Минатото лето Росел веќе очигледно беше решен дека следниот напаѓач на Барса е Нејмар (се збори дека приватниот бизнис на Росел ќе има многу ќар ако успее да го потпише Нејмар) па не ни проба да потпише крило, а за да зачува пари не купи ни централен бек.

Сега ако не успее да го убеди Нејмар да дојде ова лето ќе мора да купи друг напаѓач затоа што Виља сигурно си оди, а може да си оди и Санчез. Што значи дека Нејмар ќе крка голем бонус за да се предомисли.

Како и да е мерењето на кој му е поголем помеѓу Росел и Лапорта ја кошташе најдобрата генерација на Барса ЛШ и Ла Лига лани, а може да ја кошта ЛШ и оваа година зошто друг муабет ќе правевме да имавме добри централни бекови и барем уште еден опасен напаѓач. Им трошат години на најдобрите фудбалери со глупости.
 
Cadet A defender Julio Pleguezuelo (16) will almost certainly join Arsenal, while Cadet A midfielder Josimar (16) will join Chelsea. [sport]
 
547283_607596229280597_944718884_n.jpg


iykwim
 
mnogu cistka ke se prave na leto
--- надополнето: 18 април 2013 во 20:56 ---
mnogu cistka ke se prave na leto
 
Едвај го чекам денот кога Чави ќе биде тренер, едвај. Барем на тоа место од сегашнава генерација, Барса има неколку личности кои ќе бидат топ избор.
Инаку Росељ објавил дека ќе се кандидира за нов мандат. Искрено се надевам дека политиките и целото негово раководство ќе отидат во историјата и дека ќе биде запаметен како претседател кој уништи многу работи, а личниот интерес секогаш му беше пред клубскиот.
 
Xavi: "I hope Sergio and Gerard take leadership roles, with Jordi Alba, Thiago, Sergi Roberto,... They should be Barça’s next generation."

С.Роберто е играч кого го сакаат многу и играчите и тренерите. Летово се очекува да замине Џонатан Дос Сантос од кого се очекуваше повеќе од Роберто.
 
Чудни одлуки има клубов во однос на летово. Се споменува дека Тито наводно барал тимот да биде составен од 22 играчи. Најверојатно си оделе: Валдес, Виља, Санчез, Афелај, Кркич, Адриано, Куенка, Серхи Роберто. Договор со Абидал можно е да не се потпише, а филозофот Зубизарета тврдеше дека и една мин да заигра автомаски ќе му го продолжат договорот. Можно е да има статус на амбасадор на клубот или асистент на Тито.

За голман: Гуаита, Де Геа, Куртоа, Тер Стеген.
За одбрана: Хумелс, Компани, Маркињос и Давид Луис.
Носење на Нејмар по секоја цена (јас сум противник на неговото доаѓање), тука се споменуваат и приватните интереси на фирмата на Росељ која е вмешана во трансферот.
Лажна 9-ка: Руни, Гомез, Суарез и Левандовски

Трансфер буџетот е 50 милиони евра + парите од евентуална продажба на Санчез и Виља.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom