Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ах, влезе најлошиот талент од Ла Масија во последните години Серхи Роберто
Го пуштија да се навикне на Ла Росаледа. Таму завршуваат “талентите“ како него, Рочина и Родри.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Добар натпревар. Посебно се истакна денеска Тељо, добар прием, дриблинзи и финиш. Прераснува во играч кој знае кога е потребно да се истакне.
 
Прекрасна игра,доста интересна со многу потези,контри и сл. Тељо и Тиаго најдобри вечерва,браво! Санчез последниве неколку утакмици е доста добар,да се надеваме на уште подобро :) (мислам дека во последниве две има три асистенции и два гола);)
 
Да да, добар си беше Санчес денеска, асистираше повторно, добро се движеше, а ако му влезеше пречката, ќе го постигнеше голот на колото. Одлично го изведе тој удар.
Се надевам дека полека ја надминува психолошката бариера.
Тељо ме радува многу, во секој натпревар напредува, одлично брзо крило со одличен финиш ќе добие Барса во него.
 
Ах, влезе најлошиот талент од Ла Масија во последните години Серхи Роберто
Најлошите таленти од Ла Масија не ни стигнуваат до Барса Б ;)
 
Јас мислам дека Серхи Роберто е солиден играч, само работата е што ние сме навикнати на екстра таленти. Не може сите да бидат како Тиаго или Тељо.
Сепак Серхи Роберто нема иднина во првиот тим на Барса бидејќи конкуренцијата е жестока, ама мислам дека ќе игра во некоја екипа како Валенсија или Малага.
Следната сезона во првиот тим треба да се промовираат Деулофеу и Рафиња. Двајцата се екстра играчи и со правилен развој ќе може да се смета на нив во иднина.
 
Не го гледав мечов..но според горенапишаново Тељо и Тиаго постепено квалитативно одскокнуваат ..
Ако може некој постирајте хајлајтс од мечов...
 
Не го гледав мечов..но според горенапишаново Тељо и Тиаго постепено квалитативно одскокнуваат ..
Ако може некој постирајте хајлајтс од мечов...

 
Ако Санчез ја имаше барем 50 % завршницата на Тељо,ќе беше незаменливо крило за 5 години...
Браво за Тељо,напредна многу многу повеќе од Куенка...Ме изненади....
Иначе изненаден сум и од Бартра,многу сигурен делува...Би сакал тој да почне со Баерн (а мислам дека и го спремаат за тоа )
 
Најлошите таленти од Ла Масија не ни стигнуваат до Барса Б ;)

soccer-graphics-oleguer-371843.jpg


;)
 
Нозе ли се, патерици ли се :D
tumblr_m4uaxvEdDk1rwiah3o1_400.gif


Кај ми е топчето топчето.. Или како одеше тоа :icon_lol:
 
Секој тим си има играч шо обожаваш да го мразиш. Така и ние. Ноќна мора ми беше кога ќе го видев во стартните 11. Ако имам некој здравствени проблеми во иднина мислам дека ќе бидат заради нервните сломови шо ги доживував во тинејџерските години заради ова батето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom