Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се направи тактика за неутрализирање на Мане и Салах голем дел од работата е завршена, посебно Мане.
Нашата средина би требало да е доминантна во однос на онаа на Ливерпул.
 
Стварно не знам зошто нашиве не тргнат по Сон за напаѓач. СТРАВА е човекот бе, лева, десна, пас, мас... све има. Плус нас ни треба човек што може да игра на сите 3 позиции, знае да отвори, да рашири...
Тотенхем најверојатно го сакаат Гомез и ќе пратиле понуда од 34 милиони. Нека дадат нашиве уште 20-30 милиони и лапај го братот. Ем лапај си косооки гледачи :D
 
Стварно не знам зошто нашиве не тргнат по Сон за напаѓач. СТРАВА е човекот бе, лева, десна, пас, мас... све има. Плус нас ни треба човек што може да игра на сите 3 позиции, знае да отвори, да рашири...
Тотенхем најверојатно го сакаат Гомез и ќе пратиле понуда од 34 милиони. Нека дадат нашиве уште 20-30 милиони и лапај го братот. Ем лапај си косооки гледачи :D

Ќе можеш само да го СОНуваш Сон за 60 милиони евра :)
 
Една моја анализа за Ливерпул :D
Алисон е добар голман, брани луди удари, но е еден од најнесигурните со топка во нозе. Бразилското во него го тера да се обиде да издрибла, а и секоја утакмица прави грешка во исфрлање на топката, Суарез мора да врши притисок на него.

Бековите им се фантастични, Робертсон е во топ 3 леви бекови во светов, немам замерка за него ни офанзивно ни дефанзивно, ора по терен, ќе мора да се внимава на него. Арнолд им е исто одличен, со тоа што е послаб во одбрана.

Кај стоперите, за Ван Дајк не треба да се трошат зборови, клучен фактор за успехот на Ливерпул. Шансата треба да се бара кај Матип, од левата страна значи, кај што се Арнолд и Матип.

Клучниот фактор за дуелов ќе е средината, немаат стабилна тројка тука, Клоп пробува да ги комбинира 5 играчи, Хендерсон, Милнер, Вајналдум, Фабињо, Кеита. Според мене првите тројца ќе играат на првата утакмица, затоа што се поискусни пред се, а и подефанзивни за разлика од Фабињо и Кеита, кои што сеуште не се вклопени и се склони на грешки.
Триото напред им е изгор, не се знае од кого доаѓа поголема опасност, но би рекол дека најопасен и најтежок за чување ќе е Мане. Црново го има по цел терен, има сила две утакмици во ист ритам да ги истрча со ред. Два играчи ќе мора да има на него во секое време, од кои едниот ќе е Семедо.

Уште една слабост во нивниот состав е што немаат замени во напад, барем не за нивото на тимот.

И за крај Клопара, ебени гение е човекот, се она што е спротивно на Валверде, се вложува целиот во тимот, 12 играч е во тек на утакмицата.

Ливерпул е домашна екипа, слично како и ние. Сосем друг тим се на гости, ако сакаме да поминиме мора победа на Кампот. Енфилд е еден од најбучните стадиони, не е театар како кај нас, публиката активно учествува и е 13 играч на тимот. Клуб со историја којшто знае како се освојува титули. Тоа е основното отприлика за тимот. Најтешкиот можен противник е годинава, па ако сакаме да сме шампиони треба да го тепаме најтешкиот :D
 
Така е зборот, ама за околу 80 сигурно може да се преговара.

Па за 50м фунти, околу 60м евра го продадоа Вокер, кој е бек на година до истек на договор. Која е веројатноста после две години, Сон кој има уште 3 мислам до крај на договор да го шитнат за 80м?
Тотенхем не купува ама не ни продава играчи така лесно, барем не до сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom