Бев изненаден од почетокот на мечов, особено првите 10 минути, зашто очекував Барса да го контролира мечот веднаш, да не им дадат на Јунајтед да се растрчаат на почетокот. Почнаа и вашите фанови да негодуваат заради нашите шанси.
Меси е чудо, и славете го дур го имате. Знам дека муабетов е клише, ама човекот е пола екипа. Импресионира со смиреноста, се дур не дојде топката до него. Човеков од одење, поминува во целосен спринт. Го гледав можеби 80% од мечов како се движи без топка и буквално ги снима играчите. Матер му еба на Џонс со еден дриблинг, мислам дека 3-4 пати го предрибла од центар до 16 метри.
За Барса, ми делуваше дека играа онолку колку што им треба. 2 пати направија пресинг, 2 гола дадоа. Не знам дали е ова целосниот потенцијал на тимов, ама делува не прегазија со мало залагање.
Се надевам дека против пул нема да влезат со иста лежерна игра, зашто мислам дека воопшто нема да им одговара.
За крај, Суарез, човеков не е ни 20% од оној од ПЛ. Се воздржав првиот меч да не пишам, зашто не сакам да судам на играч по еден меч, ама батево како да е сосема друг играч станат. Бавен, му даваат топка на 16 метри, не се врти кон гол, туку враќа пас наназад. Повеќе се расправа со судии, чист аут за Јунајтед, овој му се дере на помошниов. Доби потоа и непотребен жолт за приговор. Му ги нема ни оние втрчувања класични зад одбранбените.
Грешка на Валверде е единствено што не го извади Меси на крај, би му ракоплескал за фудбалов што го прикажа, иако сум фан на Јунајтед и буквално ги понижи.