Го гледав само прво полувреме, беше право мртвило со две сумњиви ситуации во двата 16-ника, ми се чини дека имаше пенал за нас над Алексис. За второто и екстра-тајмот трипати застанував со колата по пат да видам резултати, и покрај се што се дешаваше сезонава срцето ми беше радосно кога го видов 2-1 FT за Арсенал, ФА купот си има значење, големо финале против голем и тежок противник, таа утакмица во мај може многу да значи за тимот и менталитетот.
Конечно малце да уживаме и да не трпиме сеири од секоја будала. Венгер ептен му ја зима мерката на Пеп, прочитав дека е едини менаџер што го победил во сите три тима што овој ги водел.