Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Викам ќе прочитам дека старион ќе си иде, коа глеам овие се карале тука кој е Крсте Петков Мисирков...

Пу јазк...
 
Има шпекулации за дечково, демек заинтерсирани сме биле да го купеме, секако како и уште 5/6клуба :D
:pos:
 
Не знам за вас ама мене ми се свиѓа промената во формацијата. Одамна сметам дека беше потребна промена во нашата формација затоа што ни беше премногу статична играта со милион досадни додавања надвор од 16-ник. Вака барем на динамика добиваме.
 
Каква смешна утакмица,каков смешен гол и каква смешна ситуација со аутот.На Санчез му текна после 5 секунди да падне,ужас од глума.Лестер требаше три црвени да попијат,Беналуан,Хут и Фукс.
Наредно коло Тотенхем,мислам дека ние ке им пресудиме за титулата.
 
За малце ќе му идеше на душа резултатов на Венгер кога излезе со 7 дефанзивци

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Незнам зошто ама некако имав цело време чуство дека ја контролиравме утакмицата. Прво пола пола ама второ освен крајот кога се сплеткаа цело време диктиравме темпо. Лестер ги научија истата тактика контра. Денес една контра не им успеа саглам.
 
3-4-2-1 се спремаме за Алегри од наредна година.:icon_lol:
 
Среќни 3 бода, добро издржаа на крај, формацијата си беше добра али Жиру и Ремзи да си играа од почеток ќе беше подобро. Со новава формација почнаа да даваат асални нафрлувања али не со Тео напред.
Нека се множат до крај победиве.
 
Среќни 3 бода, добро издржаа на крај, формацијата си беше добра али Жиру и Ремзи да си играа од почеток ќе беше подобро. Со новава формација почнаа да даваат асални нафрлувања али не со Тео напред.
Нека се множат до крај победиве.
Јас сум повеќе за Велбек напред, некогаш е Саного 2 и промашува топки, ама за бркање пресинг за сечење топки дечково е институција, а реално многу често токму тоа му треба на Арсенал. Иако дефинитивно треба еден константен напаѓач, ама дур не му текне на некој да го купи јас со Велбек би идел како шпиц. И брз е плус знае да истрча на подавање, нешто што Жиру шанси нема, а Волкот често паѓа со форма.
 
Килава победа. Иницијатива, посед, пасеви, корнери и без ниту една чиста шанса. Кружење околу шеснаесетникот 90 минути. Лестер имаа подобри шанси од нас, Мидлзбро исто минатото коло. Единствена придобивка од новиот систем е тоа што неможат да не фатат на пресинг пошто пола екипа сме дефанзивци. Напред сме јалови исто како и со 4-3-3. Пет меча немаме изгазено како што треба сезонава. Чудо ке биде ако завршиме со трофеј на крајот.
 
Второто не го глеав, ама затоа првото беше катастрофа.
Ме интересира за прво полувреме ако има некоја статистика на успешни додавања...
Ме изненади тоа што Алексис еве мислам веќе 2 утакмици врзува кај што игра многу лошо. Ај вчера може у второ бил подобар, ама у прво а добие он топка знаеш дека ќе проба да ја издрибла и одма ќе му ја земат...
 
Исто беше и со Сити, веројатно нешто Венгер испробува тактички да одмараат прво и да се браниме повеќе па после во второ да настапиме убаво кога имаат помалку сила противниците. Санчез не е за ваква игра баш со неговото дриблање само успорува, поарно само да улетува во шеснаесетник и да добива топки од контри. Жиру вчера иако не го сакам беше добра и ризична измена, одма отвори простор и залепи двајца дефанзивци на себе ама катастрофалните подавања и тоа што е бавен ко желка можеше да значи и убава контра на противниците.
Не се сложувам баш дека имаа Лестер подобри шанси, тоа што ние не искористивме киксови е друго. Лестер играат многу дефанзивен фудбал и тешко е да направиш акција кога имаш 15-20 луѓе на четвртина терен и затоа не може да играме послободно. Кош имаше убава шанса да даде гол со глава, Џака шутна од 16ник, Санчез излета пред гол неколку пати и шутираше, Белерин убаво нафрлаше од десно, Озил се уфрли неколку пати за разлика од Лестер кои чекаа контри и прекини за да уфрлат некоја топка до Фукс и Хут. Убаво одигравме и мило ми е што конечно ја сменивме таа досадна формација.
 
0-0 беше посакуван исход од дербито во Манчестер. Сега се е на нас. Доколку победиме се до крај, можеме да завршиме 4ти. Кикс кај Спарс, макар и нерешено значи фудбал без ЛШ за нас. Добро е што овај меч е сега, па доколку се изгуби подобро да звршиме надвор од местата што водат во ЛЕ. Барем ќе имаме свежи нозе, цела следна сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom