Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


де да видиме шо му кажал?(да пробам од новие смајли онака утума)
))) 


Eве еден за почеток.
Пирес, доволен ли е или треба уште?
![]()
Не сумњам дека 9 од 10 играчи, што играле за Арсенал до 2006/07 ќе го подржат. Тогаш сеуште функционираше неговата замисла за фудбалот. За жал се смени фудбалот, итоа за 180 степени, последниве 5 години пак, веќе е непрепознатлив со тоа од пред 10 години. Идеологијата на Венгер за тоа како треба да изгледа еден фудбалски клуб, за тоа како треба да се игра фудбалот е целосно на место. Верувам и тоа е една од двете причини заради кои сите ние сме станале фанови на Арсенал. Само прашање е сеа, дали сме спремни, како клуб пред се, да се смениме и адаптираме на моменталниов фудбал што се игра, макар и тоа значело отказ за Венгер, ама па затоа можност да добиеме повторно борба за титула секоја година....или пак цврсто стоиме зад идеологијата, која несомнено не носи се подалеку од врвот на фудбалот во Европа.
. Не ни го заприметив видеото на станицата до денес. Океј е, потег за осудување е тоа секако. Ама 30 дебили не треба да го отргнат вниманието од лошите игри и критиките кон Венгер.Однесувањето на видеово е недозволиво без разлика на незадоволството и резултатите.Јас го ставив и мене не ми пречи видеото. Што направија навивачите на снимката? В лице му го кажаа на Венгер (или барем вербално го изразија) она што го зборуваат на трибините. Зошто тој би бил заштитен од тоа? Зема 8 милиони фунти за да има дебела кожа. Во спортот е нормално да ти ракоплескаат кога играш добро, и да те исвиркуваат кога играш лошо. Се бара страственост од навивачите кога треба да пружат подршка - е, па, стравственоста има два краја.
Инаку, не се сложувам со групата од видеото во тоа што не сакам Венгер да си оди на сред сезона, иако пред почетокот на оваа сезона бев за негово заминување.


