Тешки будалетини се Лет 3. Уште кога прочитав дека победиле на Дора знаев дека е нешто крајно откачено уште пред да ја пуштам песната... Ги пратам одамна, си имам некоја моја листа на балкански невообичаени бендови кои на некој начин ми се guilty pleasure, знам да ги пуштам кога се' друго ми се има здосадено. Лет 3 искрено имаат доста крајно глупи песни, ама одвреме навреме знаат да направат нешто ептен кул, како Dijete u vremenu (текст од песна на Шабан Шаулиќ залепен за музика од Deep Purple), или обработка на операта Ero s' onoga svijeta. А имаат обработувано и македонски народни песни.
Не треба во никој случај да ги дисквалификуваат а и нема. Можеби во некој друг момент да, но сега ретко кој би се противел на вакво бришење под со Русија и Путин... Сепак мислам дека нема да пројдат во финале, не е точно дека се' што е невообичаено автоматски поминува добро на Евровизија. Рамбо Амадеус на пример имаше песна која беше и подобра и која носеше многу битна порака ама поголемиот дел од луѓето не ни обрнаа внимание на текстот и ја прогласуваа за најглупа песна... Премногу се поделени мислењата за Лет 3 и мислам дека тоа ќе ги елиминира.