Eurovision Song Contest (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ништо друго бар една година ќе паузираме.
Константно праќаме лоши песни и сме меѓу последните.
 
Интересна работа .... Песнава заврши лошо пласирана,но остана многу популарна .

На радио ја вртат постојано.


 
Интересна работа .... Песнава заврши лошо пласирана,но остана многу популарна .

На радио ја вртат постојано.


Ја вртат на радио? Песнава е првата евровизиска песна во 21 век која влегла на US Billboard Hot 100, иако највисоко се искачила само на 82 место. На UK Top 40 се искачи на 21 место со што стана највисоко рангирана евровизиска песна од странска држава во историјата на UK Top 40. Еве, читам дека уште во 23 држави влегла во официјалните топ листи на најслушани, што е повеќе од победничката песна Stefania на Kalush Orchestra. Во топ 10 била во Швајцарија, Норвешка, Холандија и Ирска, во топ 20 во Австрија, Шведска, Германија и Чешка. На Spotify беше бр1 на Viral листите во многу држави, меѓу кои дури и во некои од Јужна Америка. Најголем хит од ESC 2022 испадна.
 
Ако ништо друго бар една година ќе паузираме.
Константно праќаме лоши песни и сме меѓу последните.
Сме паузирале и друг пат кога беа други правилата. Ова мислам е прв пат да се откаже државата, јавниот сервис државната телевизија по нивна воља да се откаже овојпат поради причини дека било криза.
 
Џони Ротен (Џон Лидон), бившиот фронтмен на Секс Пистолс и панк легенда, учествуваше на националниот избор на Ирска ама заврши четврти и не успеа да оди на Евровизија.

Песната и мотивот зошто учествуваше сепак се доста тажни. Песната е посветена на неговата сопруга која има Алцхајмерова болест. И е тотално различна од музиката на Секс Пистолс.
 
Не само со Путин, туку и со Евровизија. ШЧ алудира на тоа - сакаат да кажат: тотално небитни сте, непостоечка буква од азбуката која служи за потсмев, пандан на нашата ЧКЉ. Браво за Хрватска. Let 3 ги сакам уште од Тази тази и Ријечке пичке, пред повеќе од 15 години. Навиваме за нив!
 
Ок поразлични се Let 3 само не знам сценски колку може да бидат одобрени од EBU.
 
Ок поразлични се Let 3 само не знам сценски колку може да бидат одобрени од EBU.
Зошто да не можат да бидат одобрени? Што прават на сцена што е поразлично од било какви правила? Let 3 на времето излегуваа на сцена сосема голи со куровите во кафези, или со огромни пластични курови закачени на нив, или со голи газови и ружи во газовите... Сега немаше ништо такво, што би им забраниле?
 
Зошто да не можат да бидат одобрени? Што прават на сцена што е поразлично од било какви правила? Let 3 на времето излегуваа на сцена сосема голи со куровите во кафези, или со огромни пластични курови закачени на нив, или со голи газови и ружи во газовите... Сега немаше ништо такво, што би им забраниле?
Имаше мислам еден со газот гол.

 
Тажно и оксиморонски до крај луѓе што веруваат дека Евровизија е нормален фестивал не политичка пропаганда да бараат психопати да ги избацат нивните представници '' psihopati " заради тоа што биле недолични а баш такви највеќе имаат на цена баш на таквиот фестивал.

 
Тешки будалетини се Лет 3. Уште кога прочитав дека победиле на Дора знаев дека е нешто крајно откачено уште пред да ја пуштам песната... Ги пратам одамна, си имам некоја моја листа на балкански невообичаени бендови кои на некој начин ми се guilty pleasure, знам да ги пуштам кога се' друго ми се има здосадено. Лет 3 искрено имаат доста крајно глупи песни, ама одвреме навреме знаат да направат нешто ептен кул, како Dijete u vremenu (текст од песна на Шабан Шаулиќ залепен за музика од Deep Purple), или обработка на операта Ero s' onoga svijeta. А имаат обработувано и македонски народни песни.

Не треба во никој случај да ги дисквалификуваат а и нема. Можеби во некој друг момент да, но сега ретко кој би се противел на вакво бришење под со Русија и Путин... Сепак мислам дека нема да пројдат во финале, не е точно дека се' што е невообичаено автоматски поминува добро на Евровизија. Рамбо Амадеус на пример имаше песна која беше и подобра и која носеше многу битна порака ама поголемиот дел од луѓето не ни обрнаа внимание на текстот и ја прогласуваа за најглупа песна... Премногу се поделени мислењата за Лет 3 и мислам дека тоа ќе ги елиминира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom