Eurovision Song Contest (официјална тема)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.115
Поени од реакции
9.950
Чудациве од Исланд и Сан Марино биле прво и второ по гласови од предвидувањата на новинарите.
Автоматски споено мислење:

Од кога кратенката за Латвија е LVA? :tapp:
Автоматски споено мислење:

"Fixed" peeshanow keereeleetsa :D
Дури сега приметив дека си ги сменил Србинките со Финска.
Ајде сада буди локо, лоооко. :icon_lol:

Кога ја пишав објавата Финска немаше пеено. Инаку да, Финска, Србија и Португалија беа интересни, другите слабо накај никакво.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.667
Поени од реакции
1.546
Сите четири наши соседи во финале, доста значи кога имаш голема дијаспора во Европа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.042
Поени од реакции
34.681
Од кој австриски град е ликов, Шангај, Хонг Конг, Токио или можда Џакарта? :D
Лани му починала ќерката. Затоа одлучил да направи поемотивна песна. Ланската му беше далеку подобра.
Автоматски споено мислење:

Албанецов од Швајцарија издоминира, топ 3 ќе биде сигурно.
Песната му е топ, вокал - најдобар вечерва, дури и во обложувалници константно е во топ 5. Ама кој му ги купи панталоните и кој го натера така да игра, да му го јади песот газот! Ко некој кловн на сцена беше.
Автоматски споено мислење:

Сите четири наши соседи во финале, доста значи кога имаш голема дијаспора во Европа.
Србија се издвојуваа во мртвилото вечерва, дигнаа малку галама, да беа во првото полуфинале не знам дали ќе влезеа.
Грција има ОК песничка, и многу кул настап. Луѓето што играа на сцена се облечени во зелени костими и затоа се невидливи, изгледа како панталоните само да играат. Баш е штосно и оригинално.
Бугарија имаа најдобар staging не само вечерва, туку воопшто. Инаку песната е да легнеш и да заспиеш моментално.
Албанија секогаш праќаат расни жени со моќни вокали, некогаш успева, некогаш не.
Затоа се пласираа сите 4. Инаку, да, имаат дијаспора, ама тоа може да влијае само кај 50% од гласовите, од телевотингот. Кај жирито нема баш врска дијаспората. Тамарчето наше како победи 2019?
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мене па српската ич не ми се свиѓа, многу ми е кичерајска некако... За Грција и Бугарија очекував дека ќе влезат, Албанија не бев сигурен ама еве им успеа.

Вечерва мои фаворити Финска и Португалија. Португалциве ми беа изненадување исто како Белгија првата вечер. Кога ги слушав песните на YT пред изборот не ми беа ништо посебно ама вака на сцена добро ми звучеа.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.667
Поени од реакции
1.546
Затоа се пласираа сите 4. Инаку, да, имаат дијаспора, ама тоа може да влијае само кај 50% од гласовите, од телевотингот. Кај жирито нема баш врска дијаспората. Тамарчето наше како победи 2019?
Моја грешка не знаев дека одлучува жири во полуфиналето, мислев дека е тоа само во финале каде се спојуваат гласовите од жири и телевоутинг.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.042
Поени од реакции
34.681
Мене па српската ич не ми се свиѓа, многу ми е кичерајска некако...
И мене не ми се допаѓа ич, тежок турбофолк е (или турбопоп, или како и да се нарекува цел тој кичерај во Србија), ама во целото мртвило во полуфиналето се издвојуваше заради енергијата што ја внесе. Затоа и се пласираа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.115
Поени од реакции
9.950
Викате дијаспора, не е само дијаспора во прашање.

Сан Марино колку луѓе се жити се и каква дијаспора имаат. Треба или да имаш интересен, разигран сценски настап или да имаш страшна песна и да си страшен вокал да ги одушевиш.

Баце Гарванчо нит имаше настап, тоа со рацете кревање не може настап да се смета, нити саглам песна имаше.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Финците имаат најдобра песна. Со полн звук, убаво склопени инструменти. Португалциве беа добри. Ништо чудно и Исланд да котира високо, поминува оригинален настап. Швајцарецот добар вокал, катастрофален стајлинг и песна што не можеш да ја запамтиш. Србиве атрактивни, малце претераа со трескање, песната гној. Другите под просек.
Инаку дали јас не приметив или воопшто немаше број за гласање од МК синокје?
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
479
Поени од реакции
1.512

Bidekji ne ucestvuvavme sinokja zatoa nemase broj. Samo ucesnicite glasat. A vo finale glasaat site sto imale ucestvo vo dvete 1/2
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Bidekji ne ucestvuvavme sinokja zatoa nemase broj. Samo ucesnicite glasat. A vo finale glasaat site sto imale ucestvo vo dvete 1/2
Ми нема некоја логика ама ок... Што ако имаат дијаспора кој и да е во МК? Треба да се погоди вечерта кога пее МК да можеш да гласаш?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.667
Поени од реакции
1.546
Ми нема некоја логика ама ок... Што ако имаат дијаспора кој и да е во МК? Треба да се погоди вечерта кога пее МК да можеш да гласаш?
Точно затоа е тоа правило да се издвојат земјите од Балканот на пример, Скандинавските и слично. Е сега како ќе ти се потрефи, ако си во иста вечер со земја со голема дијаспора, како Србија со Австрија и Албанија со Швицарска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom