ЕУРО 2020 - Нокаут фаза

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Навивам за Хрватска и Чешка, гласав за Италија и Белгија објективно... некако најсигурни ми изгледаат, посебно Италија во одбрана.
Не можат и двете во финале.
 
Сакам некој од Англија или Данска ама се мислам дека Германија ќе догура до финале.
 
Белгија - Германија финале е мој тип. Прво затоа што Белгија е во зенитот со оваа генерација и редно е да играат финале иако патот до таму ќе им биде претежок. Од другата страна...германија очекувам да се врати и како брз воз да стигне до финале. Колку и да сакам некој од холандија или англија да е финалист, сепак германците имаат преголемо искуство во вакви завршници. Можно изненадување...па би рекол Данска или Чешка. Данците ќе играат страшно мотивирани после одличната партија со Русија, башка што Ериксен им е секако во главите сигурно и им е мотив плус.
 
Последно уредено:
Украина ќе ја плесне Шведска. Кај нив резултатот во групата малку повеќе лаже. Да знаеше Мората нешто да погоди и Левандовски да не стегнеше статива од пола метро од гол немаше да бидат сигурни во втор круг.
Да беше баба ми машка.
И Украина немаше да се тука ако не ги гаѓавме рефлекторите на утакмицата со нив ама еве ги во нокаут фаза :)
 
Јас типував на Италија и Германија до финале. Иако од аспект на Интер, сакам да испаднат Италија, Хрватска и Белгија одма, за да одморат играчите. На светското во Русија кога Хрватите стигнаа до финале, Брозо и Перо не постоеја следните 6 месеци.
 
Јас типував на Италија и Германија до финале. Иако од аспект на Интер, сакам да испаднат Италија, Хрватска и Белгија одма, за да одморат играчите. На светското во Русија кога Хрватите стигнаа до финале, Брозо и Перо не постоеја следните 6 месеци.
Не сакаш да гледаш некој од играчите на Интер како гази на Европското и крева трофеј на крај ??
Лукаку е на добар пат мвп да биди :)
 
Да беше баба ми машка.
И Украина немаше да се тука ако не ги гаѓавме рефлекторите на утакмицата со нив ама еве ги во нокаут фаза :)
Повеќе среќа од Шведите немаа.Ќе видите понатаму, не велам дека не можат да ја победат Украина, но ако Украина даде прва гол оде воз у кукуруз.
 
Не сакаш да гледаш некој од играчите на Интер како гази на Европското и крева трофеј на крај ??
Лукаку е на добар пат мвп да биди :)
Лукаку може, тој има сила ушка да не носи цел форум. Ова другото да се прибере дома додека не припаднале :)
 
Англија е пренадујана ко секогаш и ќе отпадни или ова коло или следното. Во полуфинале нема да бидат.
 
Холандија доста ја потценувате некако. Мој тип е Италија-Холандија финале
 
Иако од аспект на Интер, сакам да испаднат Италија, Хрватска и Белгија одма, за да одморат играчите.
Зошто да одморат, ќе имаат некои важни натпревари набрзо?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom