Колку ли само интересни критики прочитав овде. Подобри критичари веројатно нема од вас. Жал ми е што огромен процент од вас немаат ни 10 саати играно skyrim а даваат толку строги критики.
Како огромен РПГ фан можам конкретно за Skyrim да издвојам дека треба да знаете да уживате за да добиете некакви позитивни впечатоци. Играва крие мал милион на мали ситници кои што даваат нешто со самот воочување.
Десетици пати прочитав дека играва немала никакви иновативности. Ако Skyrim нема никакви иновации незнам која друга.
Графиката е речиси совршена за игра со толкав свет. Не очекувајте дека ќе добите battlefield 3 графика.Покрај милион детали, и таа графика, играва и на медиум на GTX 680 ќе сецка.
Едноставно, глупаво е да се коментира од тој аспект. Доколку играва ја играте како што напишав, ќе уживате и на сцени од типит:
Едноставно секое место нешто крие, доколку знаете да го воочите и да уживате во тоа.
Звукот и гласовите се совршени, како и самите глумења на импересии и слично. Во споредба со Oblivion (што според мене е исто прекрасна игра), овде секое суштество има своја карактеристика. Различни особини, различен говор во различни градови.Во ниедна игра до сега не беше спомнато тоа дека луѓето можат да бидат и физички и психички толку поразлични едни од други, баш како и во реалниот свет, но направено до таква мера да тоа изгледа природно.
Мисиите (иако има и повторувања) сепак се нај разновидни. Од мисија како член на забава, до тајно исцелување на гревови, до постигнувањето за разговор со сите кралеви. Кажете ми друга игра со по креативни мисии? Доколку main quest ви е прелесен, на страна имате уште стотици работи за правење.
Колку ли само скриени пештери постојат, колку места, колку случајни минувачи - не броено.Едноставно секој милиметар крие нешто.
Значи Skyrim зеде награда како игра година. Ништо не е случајно.
Нормално, своите размери си носат и негативности, во форма на багови и слично.
Лично сметам дека покрај некој по пеколни ситуации, можеле да ја направат нешто потешка.
Доста се фалите дека со еден клик ги убивате сите. Точно, и јас го правев тоа. Ама кога? Првите мисии? Првите 20 саати? 30 саати? Во споредба со FallOut која ја свртив со колку саати игра, обемот на skyrim е далеку подобар. Сепак, сеуште не постои RPG игра која што можеш да ја играш илјадници часови, и секогаш да имаш предизвик. Тоа што вие пребрзо се стасале до крајот, е затоа што така сте сакале. Уште од првиот час имате што друго да правите освен да се развивате на main quest.
Значи, да не бидам грешно сфатен, не сакам да наметнувам мислења за нешто (како искусен форумџија, тоа е најглупавата работа што може да го направиш на еден форум), но ќе кажам само уште еднаш дека оваа игра треба да знаеш да ја уживаш, како и повеќето игри од овој тип. Има толку многу ситни детали, што единствено треба да се воочат.Не е ова Кантер, па ако го убијам сум среќен, па ако не ќе пцујам. Ова е многу повеќе од тоа.
Играва е одлична на свој начин.