Propagator напиша:
Која е поентата да се направиш ненормално силен кога и NPC-ата ќе бидат исто како тебе јаки цело време?
sveznajko напиша:
Фејл е левелирањето релативно на Player level . Кој ја играл Моровинд, знае колку е јако коа ќе залуташ на место за кое не си дораснат.
Екстра мотив да се ојачаш и да им се вратиш.
Printf напиша:
Непријателите пак ќе имаат скејлинг, но овој пат сличен ко со тој на Fallout 3.
Или не ме читате или не сте ја играле Fallout 3.
Значи во
Oblivion слободно уште од самиот старт на играта можеше да се истражуваат сите реони на мапата, сите непријатели беа исти левел ко и главниот лик. А и од старт сите главни градови можеа веднаш да се посетат со Fast Travel, според мене тоа беше најтапа момент што неможеш сам изненадно да ги откриеш.
Но, во
Fallout 3, неможеше од самиот старт кога ќе излезеш од Vault 101 директно да идеш во DC (Downtown), затоашто мутантите парче ќе те направеа. Или директно да отидеш во некој друг опасен регион, можеш да преживееш, али не долго. Истото беше и во
Fallout: New Vegas, на самиот старт неможеш одма кон север кон The Strip да тераш, затоашто некој Deathclaw или Giant Rad Scorpion со два удара ќе те решат.
Непријателите не левелираат заедно со тебе, одреден број непријатели си имаат зададен левел од старт и треба да бидеш на исти левел како и нив за да имаш шанса да ги убиеш. Но, откако ќе качиш погорен левел, тие непријатели што биле послаби сега ќе станат малку појаки, само за да не ги убиеш со еден удар како на пример во Morrowind, ти пак ќе бидеш појак од нив, ама не ептен Overpowered.
Се надевам ме разбравте, што сакам да кажам, значи во Skyrim, скејлингот ќе биде како на Fallout 3.
Според мене најлошите работи во Oblivion, не беа имањето на Fast Travel и немањето на Levitate. Fast Travel-от беше опционален никој не те тераше да го користиш, слободно можеше со коњ или пешки кај сакаш да си патуваш.
Него најлошите работи во Oblivion беа:
Прво, катастрофалниот скејлинг на непријателите, левелирањето губеше смислиа, за да го избегнам од тоа, престанав да спијам т.е левелирам, туку само скиловите ги развивав, си останав левел 9 до крајот на целата игра и ми беше супер.
Второ, исто поврзано со лошиот скејлинг но овој пат заради малата варијација на непријателите. На ниски левели глувци само те напаѓаат и бандити со типичен слаб армор по рандом пат, негде на средина левел само те напаѓаат волци и бандити со добар армор, додека на највисок левел само лавови и пази бандити со најскапиот армор во играта, што е апсолутно апсурдно. Кај е тука разноврсноста, зошто неможе на висок левел некој волк или некој глушец рандом да те нападне, него само лавови.
Трето, рандомизацијата на бајаги ствари беше очајна, сите Dungeon-и и пештери изгледаа исто, внатре преку портите на Oblivion, реалмот изгледаше секогаш исто, непријателите секогаш беа рандом. Со еден збор фалеше уникатност.
Но и со сите тие маани, сепак беше една од најдобрите и најкомплексните RPG-а некад што сум ги играл.
Според тоа што го прочитав од најавите на Bethesda ми изгледа дека ќе ги поправат сите овие маани, а најавени се многу ствари коишто изгледаат феноменално.
Свака ви част, ако ме читавте до овде.