Elder Scrolls V: Skyrim

  • Креатор на темата Креатор на темата printf
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е ви е досадно - пробајте да играте надвор од приказната малце, не правите мејн квестови или тие каде што помагате на луѓето, крадете, убивајте и слично. Пробав така со Wood Elf, assassin thief и доста интересна игра си направив така. :D
 
Ако е ви е досадно - пробајте да играте надвор од приказната малце, не правите мејн квестови или тие каде што помагате на луѓето, крадете, убивајте и слично. Пробав така со Wood Elf, assassin thief и доста интересна игра си направив така. :D

Пробано тоа брат, пак е досадно. Иако играта е пак доста добра, далеку е од претходните делови во вид на иновација и забава.

Толку бев hyped за играва, а од тогаш контемплорирам да ја продолжам и да ја завршам до крај.

Навикнат од механиката на енџинот на Bethesda што го има во Oblivion, Fallout 3/New Vegas, едноставно ми се здосади од тој систем и играјќи ја Skyrim не доживеав ниту еден момент каде што ќе застанам и ќе размислам “еј ова е навистина кул, нигде го немам видено во некоја друга игра“. Новелти ефектот го немаше воопшто.

Него крива е сегашнава генерација на конзоли, едноставно предолго трае и заради тоа Bethesda можеше дури два Elder Scrolls дела да извади во една генерација.

Ако по нешто е познат Elder Scrolls серијалот е по тоа што беше по тоа што на секоја конзолска генерација ги покажува новите иновации и способноста на самиот нов хардвер.

Под итно треба друг енџин од нула да направат за следниот дел на Elder Scrolls, каде што треба да има нов вид на левелирање (и во Skyrim беше срање левелирањето), значаен loot да има, квестовите да се далеку подолги и покомплексни, самата RPG механика да биде покомплексна, наместо обичен staimna, health, magicka систем.

Всушност не знам што стана со денешниве RPG игри, скоро сите гледаат да привлечат "Call of Duty" тип на играчи, додека забораваат на старите тврдокорни RPG nerd-ови како мене.

Пак се распишав, ама тоа е бидејќи Morrowind и Obilvion ми се едни од омилените RPG-a на сите времиња и криво ми е кога ќе видам дека апсолутно ништо ново не додале во Skyrim, туку само одземале огромен број на ствари кои што само го правеа побогата целиот серијал.
 
Го симнавте Dawnguard ? најмногу ми се свиѓа ради подобрениот вампиризам и секако crossbows :)
 
Имам прашање во врска со Updates. Гледам на TPB и Zamunda последен Update е 9 па се прашувам дали треба да ги инсталираш претходните од 1-8 Updates па после Update 9 или пак доколку е инсталираш директно Update 9 на свежо инсталирана TESV:Skyrim ќе работат сите претходни и 9-тата? Фала однапред :)

Edit: Успат го има DLC Dawnguard за PC?
 
Имам прашање во врска со Updates. Гледам на TPB и Zamunda последен Update е 9 па се прашувам дали треба да ги инсталираш претходните од 1-8 Updates па после Update 9 или пак доколку е инсталираш директно Update 9 на свежо инсталирана TESV:Skyrim ќе работат сите претходни и 9-тата? Фала однапред :)

Edit: Успат го има DLC Dawnguard за PC?

Само последното требаш.

Јок бе абер нема за Dawnguard поминаа 30 дена од екслузивитетот на Microsoft ниту ја најавија ниту планираат да ја пуштаат во скоро време за PC и PS3.
 
Колку ли само интересни критики прочитав овде. Подобри критичари веројатно нема од вас. Жал ми е што огромен процент од вас немаат ни 10 саати играно skyrim а даваат толку строги критики.

Како огромен РПГ фан можам конкретно за Skyrim да издвојам дека треба да знаете да уживате за да добиете некакви позитивни впечатоци. Играва крие мал милион на мали ситници кои што даваат нешто со самот воочување.

Десетици пати прочитав дека играва немала никакви иновативности. Ако Skyrim нема никакви иновации незнам која друга.

Графиката е речиси совршена за игра со толкав свет. Не очекувајте дека ќе добите battlefield 3 графика.Покрај милион детали, и таа графика, играва и на медиум на GTX 680 ќе сецка.

Едноставно, глупаво е да се коментира од тој аспект. Доколку играва ја играте како што напишав, ќе уживате и на сцени од типит:

shadowgreen-cavern_528_poster.jpg


2072104-2011_11_29_00003.jpg





Едноставно секое место нешто крие, доколку знаете да го воочите и да уживате во тоа.

Звукот и гласовите се совршени, како и самите глумења на импересии и слично. Во споредба со Oblivion (што според мене е исто прекрасна игра), овде секое суштество има своја карактеристика. Различни особини, различен говор во различни градови.Во ниедна игра до сега не беше спомнато тоа дека луѓето можат да бидат и физички и психички толку поразлични едни од други, баш како и во реалниот свет, но направено до таква мера да тоа изгледа природно.

Мисиите (иако има и повторувања) сепак се нај разновидни. Од мисија како член на забава, до тајно исцелување на гревови, до постигнувањето за разговор со сите кралеви. Кажете ми друга игра со по креативни мисии? Доколку main quest ви е прелесен, на страна имате уште стотици работи за правење.

Колку ли само скриени пештери постојат, колку места, колку случајни минувачи - не броено.Едноставно секој милиметар крие нешто.

Значи Skyrim зеде награда како игра година. Ништо не е случајно.

Нормално, своите размери си носат и негативности, во форма на багови и слично.

Лично сметам дека покрај некој по пеколни ситуации, можеле да ја направат нешто потешка.

Доста се фалите дека со еден клик ги убивате сите. Точно, и јас го правев тоа. Ама кога? Првите мисии? Првите 20 саати? 30 саати? Во споредба со FallOut која ја свртив со колку саати игра, обемот на skyrim е далеку подобар. Сепак, сеуште не постои RPG игра која што можеш да ја играш илјадници часови, и секогаш да имаш предизвик. Тоа што вие пребрзо се стасале до крајот, е затоа што така сте сакале. Уште од првиот час имате што друго да правите освен да се развивате на main quest.

Значи, да не бидам грешно сфатен, не сакам да наметнувам мислења за нешто (како искусен форумџија, тоа е најглупавата работа што може да го направиш на еден форум), но ќе кажам само уште еднаш дека оваа игра треба да знаеш да ја уживаш, како и повеќето игри од овој тип. Има толку многу ситни детали, што единствено треба да се воочат.Не е ова Кантер, па ако го убијам сум среќен, па ако не ќе пцујам. Ова е многу повеќе од тоа.

Играва е одлична на свој начин.
 
Колку ли само интересни критики прочитав овде. Подобри критичари веројатно нема од вас. Жал ми е што огромен процент од вас немаат ни 10 саати играно skyrim а даваат толку строги критики
Играва е одлична на свој начин.

Не е критика колку што е субјективно мислење, исто такво какво што ти го приложи.

Ме интересира дали Skyrim ти е прв дел на TES што некогаш си го играл/свртел? Имам приметено novelty ефектот што се среќава во првиот дел што го играш во некоја франшиза, т.е запознавање со светот/атмосферата/механиката додава посебен драж кој никогаш нема да биде надминат од истиот IP.

Точно е тоа дека треба да знаеш да ја уживаш, но ако пред тоа ги имаш играно Oblivion и Morrowind над 300 саати, некако тешко е да се ужива во играта. Skyrim го има потполно истиот шаблон само што голем број на елементи се одземени и се пократки.

Единствена моја критика беше таа, застареноста на енџинот, пократките guild и main квестови и кратењето на голем број претходни елементи. Тренд кој е многу застапен во денешно време, па да му се сневиди во RPG игрите треба да додаваш нови елементи и да ја правиш покомплексна со секој нареден дел.

Иначе Skyrim ја имам играно 140 саата, така не зборам на празно.

Како и да е едвај чекам нова генерација на конзоли па да видиме дали од scratch ќе прават Bethesda нов енџин за Fallout и TES. И се разбира чекам нови високо квалитетни RPG IP-a, на крајот на секоја генерација само гледаме нови продолженија место тотално нови игри.
 
Пред се`, да кажам дека имам.

Прво ја играв The Elder Scrolls II: Daggerfall , уште пред многу години што ако земеме од кое време излезе играва, и не беше лоша.. Morrowind, e една од најдобрите RPG на сите времиња. Конечно се осести вкусот на квалитетно RPG, што колку толку ти дава слобода на игра во тоа време.

Заедно со обливион што за жал ги пробав за прв пат не многу одамна (некаде почеток 2011, по погрешен редослед, прво обливион па тројката, но после пак се вратив на обливион), иако за двете слушав многу време, па пред 5-6 дена ја инсталирав пак. Жал ми е што работам по 14 часа на ден (инаку моментално сум во Америка), па неам време да ги изуживам работите што ги пропуштив последните 2 пати..

Skyirm има многу корекции во однос на Oblivion. Едноставно иако има сличности (нормално нов деп е... не е нова игра), сепак приказната е многу по различна, по средена, повеќе си свесен кај си што си (споредувам за првиот пат кога ја пробав oblivion - некои од впечатоците ги имам спомнато овде, каде што за прв пат барав информации за играва), и првиот пат на skyrim. Skyrim иако нудеше повеќе различни начини на игра, сепак се осеќав многу по сигурен за тоа кај сум и што треба да правам следно, од колку на oblivion.

Во секој случај, двете си имаат свои позитивности и негативности, во смисла на техничките проблеми на обливион како левелирањето, графиката, и баговите кои за жал се присутни и во петката.

И да, ако направат нов енџин, тоа ќе биде нешто пре совршено.

Единствено знам дека следниот дел (или игра), ќе има повторно совршена приказна и детали(ко сите предходни), па, и јас со нетрпение го чекам тој ден.
 
И да, ако направат нов енџин, тоа ќе биде нешто пре совршено.

Единствено знам дека следниот дел (или игра), ќе има повторно совршена приказна и детали(ко сите предходни), па, и јас со нетрпение го чекам тој ден.

Дефинитивно, пред некоја недела тука прочитав дека почнале со огласи за next-gen девелопери, баш ме интересира дали ќе биде за TES или за Fallout, единствено загрижувачки факт е тоа што може пак ќе се одлучат за ре-модификација на сегашниот енџин што би било тапа.

Иако приказната во нивните игри никад не била нивната најака страна, како што рече тоа се деталите, разноврсноста и големината на светот со богатиот lore, уникатниот сетинг, во Morrowind - High-Fantasy, во Oblivion - Medieval и во Skyrim - Nordic.

Се шушка дека следниот дел на TES ќе биде во вид на Steampunk сетинг.
 
Се шушка дека следниот дел на TES ќе биде во вид на Steampunk сетинг.

Е каде би било тоа? Hammerfell? Зашто Redguards ми се најмногу steampunkish. Или пак ќе се врати играта сеа на цела мапа на Tamriel па демек по некое време ги искористиле придобивките од технологијата на Dwemers?

Сепак тоа што ја направија Dishonored може да значи дека им се свиѓа тој steampunk стил или пак да значи дека нема да прават веќе steampunk зашто веќе го искористија за 1 игра...
 
Е каде би било тоа? Hammerfell? Зашто Redguards ми се најмногу steampunkish. Или пак ќе се врати играта сеа на цела мапа на Tamriel па демек по некое време ги искористиле придобивките од технологијата на Dwemers?

Абе нема шанса на цел Tamriel, али замисли колку добро би било во 2 или 3 провинции да биде следниот дел, да има уникатен loot, левелирањето да биде целосно изменето и непријателите да не левелираат со тебе, покомплексен spell и enchant крафтинг, со поголем избор на оружја, со нов енџин, на 3D да биде, двојно повеќе и поголеми квестови со нови гилдови и постоечките fighter, mage, dark brotherhood, thief.

Го претерав малце со wishful thinking. :D

Ја не би имал ништо против и на повторна ремодификација на GameBryo енџинот со наредниот дел, ама под услов на секои 2 и пол години да искача нов дел.

Мене баш би ми се свиѓало steampunk сетинг, medieval-renaissance стилот баш ми правеше ќејф во Oblivion баш се чуствував ко да се наоѓам во централното космополитанско подрачје на цел Tamriel. Додека во Skyrim ragged-nord стилот иако беше 200 години покасно од Oblivion се осеќав ко назад да отишла цела империја, сакаа малце да сменат со повеќе мали градчиња отколку неколку големи градови со централен огромен.

Убава промена би било да биде во некои 2 помали провинции со различни стилови и архитектура, баш така за да испадне површината 1.5 пати поголема од Skyrim и Oblivion.
 
Уф уф.. постот прави лиги да ти потечат :)

Камо да е така.. Покрај цел тој буџет, и не е некоја незамислива работа да се оформи тоа. Сепак, сите се плашат да не скршнат од традицијата.

Но, доколку тоа навистина успее, тоа ќе донесе нивна популарност и наша забава како со ниедна друга игра до сега.(не дека до сега не се популарни, или ние не ги уживаме нивните игри .. но сепак.. Тоа би било врвот! ).
 
Подолго време го пратам Gixg17 на youtube , Lets Play -Skyrim , дечкото знае како да ужива во оваа игра, нема испуштено да прочита ниту една книга на која што ќе налета :cuc: , е ова е Хард Кор Nerd.
 
Дечки можит некој да ми кажит како да инсталирам Dawnguard DLC? Го имам спуштено од Zamunda, аплицирав апдејт али нзм како да го инсталирам уште...

Фала однапред :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom